Иако понекогаш можеби е добро да се слушне и другата страна, во изминатиов период се појавија посликовити мислења во категоријата „Секс“ (најголем дел од нив ги избришавме), како и „остроумни“ коментари, прашања и непристојни предлози од страна на машки членови. Размислуваме да отвориме посебна поткатегорија во „Секс“ каде што ќе се комуницира на релација мажи-жени (машките членови да не смеат да коментираат во другите теми) или дури и целосно да го забраниме пристапот на машките членови до категоријата „Секс“. Би сакале да знаеме каков е вашиот став по ова прашање. Ви пречи ли зачестеното пишување на мислења од страна на машки членови во категоријата „Секс“?
Јас би се изјаснила на темава. Ме нервираат последниве мислења. Не знаат како да се искажат, сакаат да се истакнат и претеруваат. Не би ми пречело нормално да се изразат и да прашаат за совет или да си искажат мислење. Ама ова е претеризам. Мислам дека немало нормално машко на форумов што пишало во темата секс и задржало некоја пристојност. Или даваат некои, како што кажавте, остроумни коментари, или мислат дека се фалат, да не импресионираат па преувеличуваат. Мислам дека е добра опцијата за посебна подкатегорија, па на кој му одговара нека чита. А не да ги расипуваат сите теми.
И те како членови од калибарот на бој, суперишка, еротичниот и овој сега купидон ги расипуваат темите, аууу немате поим колку сакам да ги задавам кога ги читам. ПРисуствотот на машките членови не ми смета, ич, ама ова нивново е претеризам, снобизам, сеЉанштилук на нивоу Прво и основно, премногу се вулгарни, имаме на форумов (ај барем тоа нека им биде срам) помали девојчиња кои стврано заслужуваат почит, и не треба да ги читаат овие глупости. Не дека тие не ги читаат и дека не знаат што како (некои се дури и поискусни од мене) ама постар и помал има разлика и граница, нели? Второ што ми смета е што пишуваат само на СЕКС, на ниту една друга категорија ги нема, значи, премногу се провидни што им е целта. И трето што можеби не е за тука, ама ај. Има машки членови кои немаат баш ниту едно мислење на темите, а се зачлениле и редовно ги има на чет Ама баш редовно. И понекогаш се премногу отворени и прашуваат се и сешто. Ова сепак е форум, не мирц Смешни се нивните коментари и постови, ама искрено најрадо би читала совети, мислења, макар и на темите во Секс, ама толку сликовити и концизни описи, не фала. Па дури и понуди, директни, индиректни... И може да се направи посебна подкатегорија за нив, ако веќе нема друго решение! Се извинувам за подолгиов пост, мој став, кој се најде навреден нека се замисли зошто е тоа така!
присуството на машки членови не ми смета али се додека тој член се движи во границите на дозволеното и не претерува со вулгарности. мислам баш и како што кажаа има тука од 15-55 години, и не е вкусно секој да чита се. така да фала до администраторите што на време бришат п.с не дека е лошо да слушнеме машко мислење али тоа да е реално не фалбаџиски, а и плус мислам дека е женски форум нели ??
Јас уште одамна во една тема се изјаснив дека машки членови на женски форум не бива, ама бев погрешно сфатена и повеќето не се сложија со мене. На крајот испадна дека бој имал два профили, еротичниот од битола почна да се фали со големината на неговиот како што тој го нарекуваше „патлак“, а купидон раскажуваше за тоа како добро орално ја задоволувал девојка му. Кога некоја девојка ќе се пожалеше за нешто имаше лоши реакции од машките членови во стилот: Аман пак кукате за ова, досадни сте вака така... Ако ме прашувате мене, јас не би дозволила воопшто да има машки членови на женски форум, затоа што сите што досега се зачлениле на крајот испаѓале вулгарни.
Не ми пречи да има машки членови на форумот, никој тука воопшто не ми пречи се додека ги почитува правилата и мислењето на останатите членови на форумот. Без вулгарности, навреди и пцости. Ама како што беше кажано погоре, некои се зачленија само за да се фалат, да не навредуваат и што ли уште не. Секој таков член заслужува бан, било да е машко или женско. А што му фалеше на Марли? Тој е машко, имаше форумска култура и сакав да го читам... штета што веќе не доаѓа тука.
Мое мислење е дека ова е женски форум и нема место за машки! Сепак досега не сретнав ни еден тип кој кажал нешто паметно! Кога читав некои постови од тој Еротичниот ми се згади! Ми се чини дека на таквите не му е местото во овој форум!
Моментално во категорија Секс се појави исфрустриран маж. Ве молам превземете мерки, затоа што се вадам од такт и не можам да издржам а да не му вратам
Девојки ај не ги ставајте сите машки во исти кош! Немојте да мислите дека нема и девојки кои треба да се отстранат од форумов...Него во категоријата „Секс“ 99% од прашањата се од жени, за жени...и многу многу нема што како машко да додадам. Интересно е што некои членки на форумот се залагаат за „полово чист“ форум - само жени. Најголема грешка што може да ја направите е таа. Најголем дел од проблемите што јас ги прочитав на форумот се поради недостиг на комуникација и разбирање помеѓу половите, а тоа не се поправа со ограничување на комуникацијата.....Напротив, треба да стимулирате пристапување на машки членови...
tocno deka ne treba da se stavaat site maski clenovi na forumot vo ist kos zasto necii komentari i mislenja kako na primer na marley i zoki poki go nadopolnuvaat forumot...Megutoa koga ke se pojavi takov clen kAKO SCORPION81 treba vednas da se reagira i banira zaso so samo dve mislenja veke pocna so navredi i provokacii.dovolno e da proverite vo temata-masturbira i poubavo mu e-i ke vi bide jasno za sto zboruvam.edino sto mozebi ne trebase da dozvolam da me isprovocira negoviot tekst i da se spustam na negovo nivo,megutoa nemozev da se vozdrzam a koga ednas sum napisala nesakam da brisam.
На 95% од машките членови на форумот сите мислења им се во категоријата секс. Имам чувтво дека дека многу од нив се исфрустрирани манијаци, чија мотивација за членство на овој форум е од некои си нивни задњи побуди. Многу такви и беа банирани. Чудно се однесуваат маживе кога ќе се најдат меѓу многу жени. Дури и во виртуелниов свет. Но, форумот е од отворен тип, кој сака може да се зачлени и кој сака може да го чита. А да се забрани членство или пак пристап до темите во категоријата "Секс" на машките членови, ни тоа мислам дека не е решение ?! Ретки се тие, има неколку нормални машки корисници, кои знаат активно да учествуваат во дискусија на различни теми на форумов. Секоја чест за нив. А баш би било убаво да има повеќе "нормални" машки членови. На некои теми убаво е да слушнеме и нивно мислење.
Pa dobro nemozeme da gi diskriminirame maskite Sto vikate da im dademe predlog ete neka napravat eden forum za maski ili pak eden zaednicki forum pa da se vidat mislenja i od dvete strani Neli podobar sovet za zenski moze da dade zensko a za maski masko. Ne bi trebalo da imame diskriminacija neli se borime za isti prava razmislete za ovoj predlog moze i ne e loso
Ова е женски сајт и јас не гледам потреба да има и присуство на машки тука.Ние баш оти не сакаме да ги споделуваме проблемите со нив и сакаме само Girl Power сме овде.Еве ко што имаше и предлог пре мене,нека се направи сајт само за мажии нека шетаат низ форум таму.Прво почна со 2-3 членови,а сега колку се?И како ќе биде во иднина?Навистина ли сакате вашите најскриени тајни или проблеми да ги читаат мажи од не само калибарот на Еротичниот,туку на секој маж кој нашол занимација со нив?Моето мислење не е ниту малку дискриминирачко зошто станува збор за женски сајт! LaLy
^ Јас не се согласувам со тебе. Ако беше сајтов наменет ИСКЛУЧИВО за жени, немаше да има опција за машки пол при зачленувањето. И не е фер да се ставаат момци од калибар на Марли во ист кош со Еротик, Бојот и други некои типови.