Грешка си,исти аватари сум имал тука и на инста,ама со фб никогаш,зашто на фб имам слика од себе,а тука аватар од мене не сум имал никогаш.
И само нешто ќе напоменам... Ако добиете ЛП со недолична содржина - пријавете ја. Не се жалете по форум дека не се реагира, ако не сте ја пријавиле. Важи апсолутно за сите. Модераторите и админите не читаат ЛП за да знаат кој што ви пишува, ако пријавите некоја ЛП тогаш само админите можат да ја видат како пријава и да санкционираат. Не може одма да банираме некого само затоа што друг МИСЛИ дека некој е манијак или не знам каков таму.. Живееме во демократија, секој има право да пише што сака. Дури и машко во било која тема во секс. Што ако некое машко пише дека сака анален? Може и девојките со кои се гледа се исто така љубителки на анален, тоа не го прави манијак. Тоа е исто како да одам јас во темата и да пишам дека обожавам анален..па што? Ако некој веќе се осмели да ве вознемирува по порака, е тек тогаш е манијак и треба да кликнете пријави...не да му враќате на пораките па после леле овој е досаден и манијак. Додека само си пишува по теми е само обичен член како сите нас. Пријавите кои што ги доставувате сериозно се разгледуваат. Дури и пријавените мислења. Барем од моја страна, а верувам и од целиот тим. Каде што модерирам (особено во секс) давам голема слобода на говор, се додека се држите на темата и не навредувате. Ако некој покаже сомнително однесување (во манијачка смисла) по целосно прегледување на претходните мислења донесувам (е) одкука за санкционирање (бришење мислења, банирање од тема па и од форум) И така ви викам..за манијаците..
Шансите, на форумов, од членови машки кои се анонимуси или членови шо пишат само во Секс се дека, не, неќат да шират другарство. Секс сакат. Мислам зато поќе и поќе членови сандаче затвораме. И со право. Пошто пред да затворам сандаче на неколку месеци ми пишеше еден ист со фут фетиш и еден шо сакаше Клеопатра да му бидам. Секогаш до нов профил оти сите го пријавуваме дека отупваше по пораки. И нормално дека сите машки не се исти, само поќето шо идат на форум и спаѓаат во описот од погоре сакаат само една работа и тука се јер има многу жени. И за машки шо се стварно другари, поздрав @Ketchup од Витаминка, @Billy Idol БиЉана и @Scott Weiland Скоту зборај ми нетуку играј. Јавно ругање ми иди како пакет со пријателството. Пис. Едит. БиЉана побра јавно да признам дека го неќев и ролав очи кога му читав мислењата. Еве. Јавно е. Признавам.
Да,се согласувам дека членовите кои вознемируваат со недолична содржина треба да бидат базирани.Но не секое машко има потреба за тоа.Можеби некој сака само да се запознае.Јас никогаш не ми ни паднало на памет да вознемируваам некој член.Но не е секогаш дека секое машко има некакви намери.Јас еве веќе некое време сум на форумов но немам никој и не би одбил некој да ми пише лп но секако со нормални намери за пријателство и запознавање.
Едно е да пишеш на некоја, здраво како си..бла бла.. Ако сака да ти прави муабет, ќе ти пише. Ако и пишеш пак а таа не ти одговорила е веќе си нападен.. ако пишеш и трет пат е богами влегуваш во категорија манијаци. Ако си разврзете нормален муабет не верувам дека некоја ќе те пријави дека си манијак.. НО .. Има членови со по 5-10-15 мислења, скоро сите сомнителни .. и истиот тој член ќе и пише на некоја - еј здраво, што мислиш 16цм малку се? Мислам хелоу, сериозно ..да, ми стигнале и мене вакви пораки и не, не сум кукала по форум туку сум кликнала на пријави и членот испарил..како дошол така заминал. Тоа ги советувам сите да го прават. Затоа што ние од тимот не сме видовити. Fun fact..за кого како фан де.. Дечкото со кого живеам долго време го запознав баш тука.. И јас му пишав прва пред скоро 4 години..не тој на мене. Од овие 873 пораки, барем 750 беа ПРЕД воопшто да го запознаам лично.. околу 9 месеци муабет. Ако си нормален и правиш нормален муабет, никоја нема да те нарече манијак. И да..не се чуди што последната порака е 31окт 2018нема потреба веќе да типкаме по форум
Само една исправка дека и ова не е дозволено. Еве ги правилата: 10. Специјално за машките членови Фемина не е место за да си барате партнерка. Постојат други сајтови за таа намена. Не пишувајте лични пораки со содржина од типот „Здр, како си?“, „Дај ми скајп“, „Ајде да се запознаеме“ или пораки со сексуална конотација. Веднаш ќе бидете банирани! Не пишувајте „остроумни“ мислења во секцијата „Љубов и секс“ затоа што веднаш ќе бидат избришани, а вие ќе бидете банирани (нема да опоменуваме). Сè што е напишано во претходните три правила важи и за четот. И пораките како здраво, што правиш се вклучени во вознемирување, доколку некоја членка пријави ќе биде членот баниран и поради такви пораки. За жал не можеме однапред да знаеме какви се намерите на зачленетите додека не испратат некоја ваква порака. Затоа пријавете само, веднаш ги банираме кога го прават ова.
Па мене страв ми е да пишам инаку.Би сакал можеби да се здружам со некој познати членови на форумот како тебе како @Ketchup како @Dream-Girl но не сакам па да бидам осудуван де Мене никогаш ни на крај памет не ми ни паднало такво нешто во врска со секс.Јас немам ни воопшто коментирано во тие теми за секс.Најмногу ме има во темата за образование,насмевка,слободно време итн.Сакав да пишам на некој затоа што ги гледам како членовиве се дружат меѓусебно,но нема чим се такви правилата,јас стварно немам лоши намери.Мислам дека треба прво да се сослушаат на некои намерите па да се реагира.И мене од некоја си ми имаше стигнато вулгарна порака од некоја си членка со 2-3 мислења.Е тоа е веќе вулгарност.
Да, НО ниедна нема да пријави нормален муабет. Освен за инат.. Сигурно никој нема да почне порака со.. Здраво, Го прочитав твојот коментар за кометите и ѕвездите, млечниот пат и соѕвездијата ... Се согласувам со твоите мислења, а што мислиш ти за сателитите што ги лансираше Elon? Ги читав интервјуата по интернет, мислиш ли дека астрономите имаат право да се лутат? Мислам најсериозно... секој муабет почнува со здраво, како си? Чисто од учтивост.. Па после додадено нешто во пораката, интересни ти се мислењата за ХХХХ работи ..бла бла.. и си продолжува муабет ако сакаат ако не никому ништо.. Затоа е тоа бла бла во мојот коментар погоре..освен здраво да кажат нешто, не да досаѓаат. Која будала би барала одма скајп или фб.. мислам тоа си е потпишување на смртна казна на форумов. Нападност до максимум, нема толеранција за тоа. Но, да како што кажа и ти, на кого му смета и тоа, ако го пријави си се смета за легитимна пријава по која се постапува.. Само муабетот ми беше дека не секој што ќе пише учтива ЛП на било кого е манијак, а дали ќе го пријават или не, нивно право е.
Извини вака, нѐ заборави и нас мајките, ние шо пишуваме за го*ненцата на децата, за рецепти, за мисионерска со мажите, итн. И нас никој не нѐ бара и ни се плашат
Нема врска, јас ти се плашам ради професијата, многу строго те замислувам плус со наочари Не е се толку лесно НарцисоУ
Штета, јас се надевав дека ќе најдам жена овде! Шала на страна, дали стваро ова се дешава ова на форумов?
Ова е нагласено за машките членови. Дали тоа значи дека ако истово го прави женски член, сепак ќе се толерира? Имам видено коментари и од женски членови кои бараат тука партнер/ка за врска или секс. Неретко бараат женска особа.
Само 'здраво' ако ми пише некој може да го пријавам и ќе го банирате? И тоа 'остроумни мислења' е подложно на интерпретација на оној кој може да го стисне копчето 'бан'. Поспецифично би било: Сексуално вознемирување/говор на омраза/навреда кон личност или група
А што да кажам јас што повеќе девојки ми пишуваат од машки? Оставениот бил манијак? Океј во кој свет живеам а гледам нешто го нема....
Не важи. Пу, пу, срамота, зар женско би пишало овака на машко? Нема шанси. А додуша и машките никогаш нема да пријават.
Прва му пишав овде на Фемина. Неколку пати до сега се имаме видено. Многу убав и паметен дечко. Излеа не смеело така.
Тие шо пишувате прашања поврзани за секс у порака а не ве ни знам од кај сте шо сте немате муда да даете фб или инста таму да пишувате..
Јас мислам деκа форумов е за сите и за женсκи и за машκи. А, она бришењето на неκои мислења, не значи деκа паκ нема да пишаат.