Сакав да направам една анкета или мислење дали ви е прифатливо како ние женските и машки да се фарбаат ?? Мое мислење е ДА дека е прифатливо сакам вашето да го слушнам ..
Jas mislam deka e prifatlivo ama ne nekoja gadna boja sekoj ima pravo da se menuva i neznaci deka site mora da sme prirodni Zatoa postojat promenite
Хмммм искрно ме нервираат мушки со бели влакна , подржувам да се фарбаат така и помладо изгледаат Но имаше еден 60 годишен дојден од Острелија и напред немаше коса , а останатиот дел со џиш црвена се фарбаше . Тоа малце ми беше забегано
Вака фарбани ми се допаѓаат, но ова е светлосни години од нас. А мажи 40+ кои сакаат да си ги сокријат белите влакна не ми се допаѓаат.
Не ми се допаѓаат мажи фарбани, вештачко изгледа. Млади со по некое бело влакно баш секси изгледа, не им треба тоа на мажите затоа што стареат како вино, за разлика од нас жените
Зависи што подразбира фарбање. Возрасни мажи со брчки и фарбана коса - не! Ма да и било какбо фарбање ми е ...прилично дискутабилно рурално да не речам сељачко. Бели влакна даваат шарм.
Ако се фарбаат за да ги сокријат влакната да, ако не е за тоа тогаш не.Не сакам канаринци во главата да се.
Се слагам со сè. Не и од мене. Особено кога ќе видам средовечен маж, се исфарбал кафеав, а на сонце добива црвен сјај ми се блуе.
Мажишта во постари години се фарбаат, не пак млади дечки или деца од 9-10 шатирани кога ќе видам Еден 60+ кога го видов фарбан и депилиран на граден кош гордо прикажан на фб ми идеше да го исплукам. Кошмари добив Не бива , едноставно. Дечкиве помлди ај за мода би се фарбале , но не верувам дека и во иднина ќе им е интересно истото.
Јас сум женско, па не се фарбам. Сум паѓала во искушение, ама жени мака мачат да добијат боја како мојата природна, ќе си правам од готово вересија. Увидов дека и фризерки треба да убедувам да ме исфарбаат, па, подобро не. Што се однесува до машко, најдобро е да нема воопшто потреба од фарба. Ако е млад и зелен, може и буквално зелен да биде. Понатаму, што знам, зависи. Ако на некој не му се допаѓа фактот дека белее... Во принцип, немам против, кој што сака нека прави со својот изглед. Мене може само да ми се допаѓа или да не ми се допаѓа резултатот, тука задржувам право на мислење.
Апсолутно за. Не постои правило, секој нека одлучи за себе, ама дефинитивно подржувам фарбани мажи без оглед на години..во иста мера колку и нефарбани. Всушност, одлучноста е една од карактеристиките која ме пали кај момците. Нели он точно знае што сака, без оглед дали е во прашање физички изглед или нешто друго, косата е мање више битна. Нека има став, па ако сака и проѕирен нека се фарба.
На мажите им е и полесно да се исфарбаат , а ако им здосади бојата на косата , едноставно да ја скратат косата . На нас ни е потешко околу тоа , па еве ко мене кога ќе ми израсне коренпт , размислувам дали да се фарбам пак или да шетам со две бои на мене , додека не ми падне целосно фарбата . Прифаќам плаво , тегет , црно , темно/светло кафено ... само да не е ваков
Зошто да не? Ка што мене никој не ми забрани сите тие фарби, бои да ги шлакнам на коса низ годините, која сум пак јас да забранам? Можи да не ми се допаѓа конкретната боја која можеби нема да одговара со лицето, ама во глобала зошто да не проба? Единствен маж кој знам да се фарба ми беше класниот, имаше темна коса, ама не црна и фарбаше само делови каде има црни влакна со црна фарба. И се познаваше разлика и не изгледаше вкусно. Друго од фарбани мажи кои познавам се млади, тинејџери, деца. И баш им прилегаше.
Јас не би ја фарбал косата се додека немам потреба за тоа, можеби доколку во иднина на мојата глава надвладеат белите влакна би ко сторил тоа. Но според моменталната состојба во иднина не верувам дека ќе имам што да фарбам или бојадисувам. Во иднина знам дека ќе ја загубам косата бидејќи истото се случи кај татко ми, а гените се една чудна и интересна работа. Сега имам одлична коса барем според мене имам поголема коса барем кога станува збор за машките фризури. Мојата коса е слична како на поранешниот фудбалер на Арсенал чехот Томаш Росицки. Си ја обожавам својата коса, а што се однесува до тоа дали треба или не треба тоа е лично право на секој од нас. Инаку имам колега кој има бела коса и не се бојдисува или фарба бидејќи е задоволен со нејзината моментална состојба.
Не, не изгледа убаво. Посебно маж со брчки и прошарана брада а фарбана коса ми е Шармантни и привлечни се мажите кои гордо ги носат белите влакна.