Аууу анкетава, 17-18 за не Грејт, грејт... А бе, едно е лично да не ни се допаѓа како им стои на конкретни личности, а друго е ствар на (не)прифатливост и тоа само кај мажи, кај сите нив Така што да, било да се работи за постари луѓе или помлади што експериментираат – прифатливо е за мене.
Не сум против одлуката за ничие бојадисување на косата. За мене нема разлика полот, туку начинот како е средена косата. И ова е едно од прашањето кое нема универзален одговор во смисла што треба или што не треба да се направи, освен личната одлука иницирана од дејството (не) сака. Убава коса отсекогаш ми предизвикувала внимание и знам гласно да се изјаснам. Но чувството за естетика е индивидуално како што е и потребата од промени, па макар тие да се поексцентрични. Тоа не е привилегија само за жените настрана од стереотипната глетка во средината. Појавата на нешто ново и невообичаено иницира различни коментира за (не) прифатливоста како продукт на ограничени сфаќа и погледи.
Нееее... Најпривлечно кај маж ми е седа коса. Мислам со стил да си ја носат. Во живот немав гледано постари мажи +40 како што гледав во Италија, сите седи со зрела убавина како овие доле. И овој почнал да белее,
Чичко ми се фарба ама не личи на Боки. Не личи ни на Џорџ Клуни секако, ама доста помладо изгледа и убаво му стои. Немам конкретен став на темава, кому како му одговара.
Се сеќавам, кога бев мала, рани 2000-ти, популарна беше жолта коса кај дечки кои имаа околу 20 години. Еминем им беше шемата тогаш. Мислам дека и Дејвид Бекам се фарбаше поплав отколку што е природно... Во тоа време, и по некој светло зеленикав можеше да се види на улица. Интересно ми беше , ама бев дете. Одамна не сум видела во живо некој бојадисан дреч жолто или зелено, па не знам како би перцепирала доколку се врати таа мода.
Јaс се фaрбaм. Бев сив, зелен, плaв, смеѓ... сегa сум некoјa нијaнсa пoсветлa oд мoјaтa кoсa. Честo си менувaм фризури, бидејќи ми е дoсaднo дa се гледaм целo време ист вo oгледaлo. Нa друг кaкo му изгледaм oд стрaнa не ми е битнo. Ми имaaт кaжaнo: пaпaгaл, педер, мрднaт, некoи живoтинки зa кoи првпaт oд нив ги слушнaв и сличнo. Акo мислев зa секoј штo мисли зa мене, немaше oд дoмa дa излезaм.
Ти Кечуле да си се пазиш и вртиш околу себе во автобуси и на јавни места, да не те сликне некој паметњакович како пример дека треба војска да се врати Едит: ова во другото мислење што си пишал како ти реагирале некои, сериозно ли? Моронска работа...
Има разлика од човек до човек. Некој знае многу убаво да се носи себе со седите влакна, а некој со 3 бои на него. Исто како што некој не знае да се носи со бои, односно седите влакна го прават визуелно повозрасен. Згоден човек е згоден без разлика на боја на коса. Убавината, не ја дефинира исклучиво бојата на коса туку повеќе различни фактори. Па така, кој како милува.
Од фарбани машки со светло плава коса, го издвојувам Zayn Malik. Маче е. Не ми пречи воопшто ако машко е фарбано, но сепак нека го прават тоа кај професионалец. Така се поголеми шансите да изгледа подобро.
Кеч срце тебе не ти се ни приметува на сликана дека си фарбан. Јас зборам за дречавине... никогаш не би ми се допаднале па колку и да ме прават овде со психички проблем зошто ете немам исто мислење со одредени ликови.
Да. Прифатливо ми е, бидејќи е негова коса па што сака ќе прави со неа. Жените како што можат да се фарбаат така можат и мажите и нема ништо лошо во тоа. Нели бевме за еднаквост меѓу половите. No double standards please.
Ако ние жените се бричиме, зошто мажите да не се фарбаат Не гледам ништо лошо...начин да се разубават, да сменат нешто на себе..
Ахем... Конкретно на темава- кој како си сака, така нека си прави Дали некој ќе покрива седи влакна или ќе се фарба во сите бои на виножитото, ич не ми прави разлика. Колку што јас сакам некој да ми кажува како да се носам (ич!) , толку имам право на некој друг јас да му се мешам.