Машки кои се шминкаат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Isobel, 2 јуни 2018.

?

Дали имате нешто против мажи кои се шминкаат?

  1. Да

    58 глас(а)
    34,1%
  2. Не

    112 глас(а)
    65,9%
  1. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    Скоро секој од нас е запознаен со овој момент. Само што во последно време се шири со поголем интензитет. Кој е вашиот став за ова? Поддржувате или не?
     
  2. Stories

    Stories Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Ако се стрејт големо не, не поддржувам ни кубени веѓи ко пијајци,а секој втор е таков(facepalm).
    А ако не се стрејт таму не навлегувам,кој како љуби.
     
    На Keanu_R.Wick, EvAngelos, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.774
    Пол:
    Женски
    Машки кои се шминкаат... катастрофа:puke:
     
    На Keanu_R.Wick, Mr.Lover, melnicanecot и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Супер. Make that face glow. :sun:
     
    На Maša8, piksooki, Sejfullai и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    Порано се знаеше кои се шминкаат шо се вика на рака се броеја, ама сега 80% од видеа и туторијали за шминка се од машки, па дури и деца од 12 годишна возраст се снимаат и шминкаат. Дали би му дозволиле на вашиот син уште од рана возраст да се шминка и да си игра со барбики и да носи штиклички?
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    16.721
    Aпсолутно едно големо да
    за мажи кои се шминкаат.
    За жени кои се шминкаат.
    За мажи кои не се шминкаат.
    За жени кои не се шминкаат.

    Зошто токму различноста е онаа која го синхронизира општеството во палетен спектрум.
     
    На tessie, Sejfullai, MermaidKiky и 24 други им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.113
    Како не засега тоа што некои мажи се шминкаат нас останатите? Секој нека си прави онака како што се чуствува убаво. Ако е забрането за машките да се шминкаат значи по дифолт сите женски мора да се шминкаат? Или сега треба да се осудуваат жените што не се шминкаат исто како што се осудуваат мажите што се шминкаат, така му доаѓа. Ако некој не му се свиѓа нашминкано машко не мора да го гледа, да се дружи со него, да го има за партнер. Нема што да му се забранува на дете тоа само избира да ќе си игра со шминки и барбики или со камиончиња и пиштолчиња, мислам дека е крајно време да престанат да се форсираат синовите да си играат со пушки, пиштоли и камиони, а ќерките со барбики, кукли, сетови за готвење и шминка, деца се во различни фази си играат со различни играчки. Ќе ми забрануваш додека е мало да си игра синчето со шминки, ама ако тоа стварно е негов избор а не фаза ќе го прави истото и на 15 , забрануањето само ќе створи празнина меѓу детето и родителот.
     
    На SV1911, Salome, JollyGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    14.830
    Допаѓања:
    140.537
    Нивно право.
    Јас сум женско и не се шминкам. Морам ли да се шминкам?
    Како што и посочи @violetblue
     
    На A_star, hermosa, КикиМаус и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    Никој не спомна дека женско мора да се шминка, нити ги нападнав тие машки што се шминкаат. Само, како ова не беше застапено порано? Како порано немаме видено машко дете со кармин у рака? Мое мислење е дека сето ова почна какп тренд под влијание на социјалните мрежи. Сепак, секој нека прави како што им одговара.
     
    На Asterion, koritsaki и Milita18 им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.182
    Допаѓања:
    47.471
    За среќа немам време да размислувам за небитни работи :yawn:
    Дали би го сакала дечко ми ако се шминка? Апсолутно.
     
    На Sejfullai, theowndemon, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    16.721
    Погледни перформанси од осумдесеттите. Прашај вујковци, стриковци, тетки што растеле во доба на револуционерната поп култура, па тие нека ти кажат колку момците не се шминкале, и колку е тоа ново настанат тренд.

    Не се брукајте со темиве. :)





     
    На FreeMind, SV1911, delreymarie и 15 други им се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.113
    Не беше застапено порано оти ќе ги убиеа од ќотек на улица, или истото ќе го направеа родителите.
     
    На SV1911, Joi, x.Daisy.x и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    Да де затоа погоре реков дека СЕ ЗНАЕЛО кои се шминкаат, сеа се шминка секое второ машко дете. И не се брукам со темава, глеаш не сите размислуваат ко тебе ;)
     
  14. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    А сакаш да кажеш дека денес на сите родители им е сеедно?
     
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    16.721
    Која е разликата дали само 10% или 90% од момците ќе се шминкаат, ако не си шовинист!? :D На производите за козметика, (вклучувајќи ги и шминките), никаде не пишува дека мажи не смеат да ги користат.
     
    На Lianna Anna, Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    16.282
    Пол:
    Женски
    Па по дифолт, со оглед на погорниве коментари, и моиве родители погрешиле при изборот на играчки во моето детство, бидејќи штом не требало на машки да им се даваат барбики, тогаш ни моиве родители не требало да ми ги дозволуваат сите оние колички и војничиња, бидејќи нели, девојче сум, како така? (facepalm)

    Сум за девојчиња да си играат со колички.
    Сум за момчиња да си играат со кукли.
    Сум за девојчиња да носат плаво.
    Сум за момчиња да носат розово.
    Сум за девојки да имаат избор дали ќе или нема да се шминкаат.
    Сум за момци да имаат избор дали ќе или нема да се шминкаат.

    Единствено што сум против е да му се даваат на мало дете шминки (зборувам за оваа козметика која ние ја користиме), и тоа од единствена причина што е претешка за нежната детска кожа.

    И уште поважно, сум за тоа секој да има избор, и никој никому да не му се меша во одлуките!
    Благодарам многу, пријатен ден.
     
    На SV1911, delreymarie, crimson и 24 други им се допаѓа ова.
  17. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    Врз основа на што ме нарекуваш шовинист? Дали читаш дека нигде не реков дека таквата појава ја мразам или ја сметам за катастрофална? И тие линкови што си ги ставила немаат врска со тоа шо го зборам. Не зборам ја за ликови ко Ozzy Osbourne, Marilyn Manson итн.. зборам за луѓе ко фамозниот Jeffree Star, James Charles, Patrick Starr и ред други кои почнаа да излегуваат последниве година две.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.182
    Допаѓања:
    47.471
    Кога сме кај тоа, татко ми секоја недела ми купувал по еден пиштол и по една количка. Ееее, цело детство полицајка бев :D
    Ништо не ми фали, напротив, знам да бидам дама ипол 8)
    Ме учеше и дека не треба да претпоставам дека некој е посилен од мене затоа што е машко.
    Тато готвеше кога бевме мали затоа што работеа различни смени со мама. Ние сакавме тато да готви, тато готвеше поубаво од мама :D

    Manny MUA :inlove:
    Може не си жовенист, може им љубомориш што се шминкаат поубаво од тебе :rofl:
     
    На RainbowButterfly, SV1911, delreymarie и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    16.721
    Во интрото воопшто немаш дадено дополнителни информации околу тоа во која насока треба да се движи темата. Скрос е генерализирачка, немаш пишано на каква шминка се мисли, и што е најважно од сѐ зошто ти пречи таквиот начин на експресија. Следно - јас не те нареков шовинист, туку те прашав која е потребата да наментуваш прашања од ваков тип ако се сметаш за апстрахирана од идејата за шовинизам. И за крај - Jeffree Star, Patric Starr и James Charles како и Боки 13 се етикетирани како кросдресери. Таквиот начин на животен стил често пати нема допирна точка со нечија сексуална ориентација.
     
    Последна измена: 2 јуни 2018
    На Broken♡, theowndemon, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    Е ова со љубоморава врвот ти беше..колку да кажеш нешо :rofl: , џабе не сфаќате што ми беше поентата.