Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машки кои се шминкаат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Isobel, 2 јуни 2018.

?

Дали имате нешто против мажи кои се шминкаат?

  1. Да

    68 глас(а)
    33,2%
  2. Не

    137 глас(а)
    66,8%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Искрен да бидам, мило ми е што сум роден у доба кога е општествено прифатливо машки да не се шминкаат. Не за друго, него верувам дека би ми било преголемо замарање да трошам саат време пред секое искачање за да се улепшам и да изгледам онака како што општеството си замислило дека треба да изгледам. :makeup: :D

    На темава, ја лично не сакам ни претерано нашминкани девојки. Меѓутоа, сфаќам дека на многу мажи баш таквите девојки им се привлечни (кој не верува, нека провери на инстаграм :D). Па така, претпоставувам дека истото важи и у обратната насока. Конечно, отворете ги темите за исчупани/издепилирани момци, па и таму ќе наидете на противречности - некои од вас не можат да смислат мажи со несредена „флора“, други па не сакаат издепилирани и измазнети типчиња. And that's all fine.

    Секој си има сопствени критериуми за она што е убаво и привлечно и никој не е и не треба да биде привлечен за сите подеднакво. Сосема е доволно да најдете една личност која ќе ве сака онакви какви што сте и тоа е тоа. Да, дури и ако сте машко што се шминка. :)
     
    На Avery, Luminary, kim.k и 18 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ако нашминканите машки речиси секогаш одат во корелација со феминизирани движења и тенки гласчиња, тогаш зошто се приговарате кога велиме дека шминкањето е женска работа? Само затоа што звучи „стереотипно“ тоа што нарекуваме одредена работа „женска“ и дека не доликува за машко?
    Може ли да го замислите на пример Џорџ клуни со кармин, лакирани нокти и хајлајтер? Не можете, ама затоа можете Боки 13ка и Азис. Епа не е случајно зошто е така.

    Разбирам дека живееме во општество со многу стереотипи и предрасуди и разбирам дека особено нашите родители живееле во култура каде што готвењето миењето тањири, перењето и чистењето се сметале за женска работа, а гаражата била машка работа и седењето на фотеља со даљинското у рака исто така. И сето ова е погрешно и не го оправдувам пред се затоа што жената се сметала како слугинка дома, а обврските дома биле небалансирано натоварени на жената. Сфаќам дека уште се случува тоа и треба да се бориме против тоа. Жената мора да има рамноправен статус во општеството.

    Но сепак не ми се допаѓа и другиот екстрем како реакција на горната неправедна положба на жената. Као ај сега у знак на протест ќе ги бришеме очигледните разлики меѓу мажите и жените и ќе правиме некои флудини мажи од женски пол и жени од машки пол и со тоа ќе им ја одземаме женственоста на жените и маженственоста на мажите. Не е ни тоа добро. Мажите си се мажи и жените жени и постојат очигледни и објективни разлики меѓу двата пола. И мажите и жените ќе бидат најсреќни кога мажите ќе бидат мажи, а жените жени. Борбата
     
    На theunforgiven и Ambitious им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    really?
    Маженствен си?
    :D
    И мажите и жените би биле најсреќни кога не би имало потреба да се грижат дека некој ќе ги осудува заради тоа како изгледаат.
     
    На Joi, Lolo5, kikkki и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    САПУН. Големо не и шамари да.
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Поентата е во тоа што тие машки што се шминкаат, тие НАЈМНОГУ се грижат и замараат за тоа како луѓето ги гледаат и перцепираат. Тие се тие кои поминуваат најмногу време пред огледало за да видат како другите ќе ги гледаат нив штом ќе излезат од дома. Тие се тие кои се осеќаат несигурни во себе, збунети за својот идентитет, патат од комплекс да привлечат внимание со нивниот исклучителен изглед кој се одвојува од нормалата за да бидат забележани барем по нешто. Затоа и таквите машки често драстично менуваат изглед во обид да се пронајдат себе си, да бидат уникатни, забележани, лајкувани... со други зборови прифатени и сакани.
    И најчесто кога ќе созреат (емотивно и социјално) си доаѓаат при себе и заличуваат на нормални луѓе, а на минатото гледаат како на „младост лудост“.
     
    На Harper, oblace1, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Истото важи и за женските кои се шминкаат, нели? Нема логика да важи за едните, а да не важи за другите :D
    Патем, не ми одговори дали си маженствен :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Има логика, бидеќи машките и женските се различни. Повеќето женски се шминкаат, така што онаа која што се шминка, нема за цел да се преистакне над нормалата со цел да биде приметена и забележана „по нешто“.
    На пример, познавам една девојка која фураше некој панк стил, со фризура четка на главата, со апла исклучителен стил на облекување и шминкање. Уште на километар се приметуваше по нејзиниот исклучителен изглед. Зад нејзините маски и она патеше по прифатеност, љубов и вистински идентитет. За жал многу машки ја злоупотребија искористувајќи ги нејзините потреби како мамка.

    Залудно се обидуваш да го смениш фокусот на дискусијава кон лични препукавања. Не паѓам на ниво на ад хоминем провокации. Општо е познато дека ад хоминем користат оние кои немаат аргументи или сите аргументи им биле побиени, па во хистерија претаат со рацете по личноста расфрлајќи се со ад хоминем - навреди, пцовки, клевети, обид за деградација или дискредитација на личноста и сл. Ова секогаш важело и ќе важи од политички дискусии и академски дебати, па се до улични расправии во Шутка.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи оние женски што не се шминкаат се разочарани со животот и не им е ни до средување?
     
    На Lolo5, kikkki, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не. Напротив, мене лично тие ми се поубави со нивната природна убавина, плус и ми зрачат со поголема самодоверба за нивниот изглед.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи сепак, девојките што се шминкаат немаат самодоверба?
     
    На Lolo5, Rebecca_R и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не. Реков дека „мене ми зрачат со самодоверба“. Самодовербата (во изгледот) се одразува на различни начини и е покомплексна категорија. Ниту шминкањето, ниту нешминкањето се доказ дека некоја има висока самодоверба во својот изглед.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дај одлучи се. Има или нема?
     
    На Lolo5, kikkki, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.589
    Пол:
    Женски
    Двојни стандарди. Кај и да вртиш, пак испаѓа дека дискриминираш некого :yawn:
    Да хејташ и се смееш на машки што се шминкаат е исто како да го правиш тоа кон жени што не носат грам шминка, фустани/сукњи/штикли.
    Да омаловажуваш мажи професионалци во моден свет е исто како да омаловажуваш жени што од мали си играле со колички, размонтирале делови и сега си нашле струка во електротехника, информатички технологии на пример, или пак играат некој спорт кој се смета за типично машки.
    А колку е едноставно – да си женствена и елегантна жена е океј, да си силен и физички спремен маж е океј, да си жена без интерес за мода и трошка шминка е океј, да си маж со женствени тенденции и интерес за шминка е океј. Али ваш проблем, комплицирајте си :sun:
     
    На HardSex, Salome, Lolo5 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Јас не сум неодлучен, туку ти мешаш баби и жаби. Во првиот цитат ме цитираш каде што зборувам за машки кои се шминкаат, во вториот за девојка (значи сосема спротивен пол) која фура егзибионистички и истакнувачки стил со цел да се истакне во околината за да биде прифатена, вреднувана и сакана, а во третиот цитат за жени кои едноставно не се шминкаат затоа што не сакаат да се шминкаат и сакаат да се прикажуваат онакви какви што се.

    Не можеш да споредуваш машко што се шминка, со женска што не се шминка, или пак со женска што направила четка фризура. Тоа се три сосема различни теми за дискусија.

    [​IMG]

    Значи, не знам како да ти кажам, ама ова не е шминкање.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи имаме:
    1. Мажи што се шминкаат затоа што немаат самодоверба
    2. Мажи што не се шминкаат и имаат самодоверба
    3. Жени што не се шминкаат и имаат екстра супер самодоверба
    4. Жени што се шминкаат и имаат самодоверба
    5. Жени што се шминкаат и немаат самодоверба

    Во сите овие 5 категории јас гледам како на луѓе за кои не ми е битно што прават во животот.
    Исто како што гледам и на 150те рода за кои си се фатил со Истанбулската конвенција која ја носиш во секоја тема. Сите тие за мене се луѓе за кои не ми е битно што прават во животот.
    Поделбите сами си ги правиме.
    Ако имаш време да размислуваш за туѓите животи, значи нешто му фали на твојот.
    Great minds discuss ideas; average minds discuss events; small minds discuss people. 8)
     
    На HardSex, Lolo5, honest girl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не. Еве девојкa што e без шминка и изгледа ок, женствено, нормално:

    [​IMG]

    А еве човек од машки пол што става шминка и мене не ми изгледа ок:

    [​IMG]

    Али секој со својата перцепција.
     
  17. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    И имаат менструација да се надоврзам на темава,уште малку ќе почнат да забременуваат:emo:8-|:rofl:
    Јас сум труден:rofl:дека се потрудил:makeup::*(mooning)
     
    На sjdgo, EvAngelos и kikkki им се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ха ха ха
    Дај бе лабајте,вакви такви онакви..
    Само кај нас уште постои ваков менталитет и етикетирање по не знам ти што...
     
    На Lolo5, Ketchup и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Не може да ми пречи ако некое машко се шминка, не ми прави ниту штета ниту пак корист, негова работа.

    А дека смешно, неприродно, е. И стојам зад тоа. Затоа што не е нормално и не можи никој да ме убеди во спротивното. А сите вие што се чукате во гради колку сте либерални и со слободен дух, па како прифаќате се и сешто и поддржувате, нека почнат слободно вашите татковци и дедовци да се шминкаат и да чупаат веѓи ѓоа пијавици, баш ме интересира дали ќе ви е сеедно. А со дечковците слободно делете го хајлајтерот и карминот, па и лакот за нокти ако одите некаде облечени во тон. Да живее еднаквоста!
     
    На Harper, Ivan4e04, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Најголема глупост е тоа што пар девојки тука со доза на манипулација и себе залажување се обидуваат да претстават дека голем дел од машката популација на популарниот Запад се шминка или изгледа како овие буљаши на слика. Сум видел стотици и стотици Скандинавци, Американци, Италијани, Французи, Британци, па никој од нив не беше нашминкан или изгледаше како Боки 13 или Сергеј Варошлија или Ношпал.
     
    На theunforgiven, elimkd, Rama и 5 други им се допаѓа ова.