нејкам маж ми да се шминка не би сакала ни син да имам кој ќе носи кармин на уста.За останатите на улица кој како си милува.Ама да речам дека со мерак со мм би си мењавала римел и кармин не нема. ок ми е да се чупаат малце,ок ми е лабело па и пудра по потреба (кај шо се има проблематично лице).Не ми е ок сенка и кармин кај маж и тоа ти е.
Добра забелешка. На оние што не прошетале низ западот и развиените земји шминкањево на машките им се презентира ко нешто модерно, ко 21ви век, а неподржувањето на „женските од машки пол“ го презентираат ко заостаната ствар, старомоден балкански менталитет, дека у светот не е така, демек таму секој втор е Боки 13ка. А уствари и таму тие се ретки и „неразбрани“ од општеството. Лани ова време се шетав по Тајмс Сквер у Њујорк. Милионски град, се разбира ќе видиш се и сешто. Ама мнозинството мажи си се мажи, а жени си се жени. Се разбира имаше и флуиди, али еден у двеста. Нормално полесно се забележуваат ради нивниот „види ме ја сум уникатен" изглед, али пак се реткост.
@EvAngelos @Mamli епа ај договорете се вие поборниците за „нормално“ дали се ретки ваквите луѓе или сѐ повеќе ги има на секој чекор. Јас ова второво единствено од загрижените каде идел светот го читам, не е точно дека некој од нас кажа такво нешто. Да, не ги има на секој чекор, и тоа е доказ дека нема тука ништо опасно, не се шири како зараза со интернетот, конвенции и сл
@Someonespecial зависи што подразбираш под реткост. Ако на пример нешто било 1 у 1000, а сега е 1 у 100, тоа има пораст од 10 пати, а сепак се уште е реткост. Генерално зборам ова. За флуидиве не знам која е статистиката, а дека има пораст, според мое увиедување има. Ако имаш живи баба или дедо, прашај ги што мислат за нашминканиве машки и прашај го дали порано имало такви. Тоа ти е добар фидбек за тоа дали има пораст.
Пар згодни цури најдов за темава, или скриени хомосексуалци.. Да да шега е, да да сфаќам дека прејдовме за хомосексуалци и хомофобија, а не Лела што напомена 100 пати дека е за машки кои се шминкаат. ако сум оф топик бришете цела тема
Немам видено мажи кои се шминкаат, a ако сретнам не би имала посебна реакција, ниту би се зачудила ниту би се смеела, зошто нели секој има право да прави што сака и мене тоа не ме засега. Но, не, не ми се допаѓа и ми е крајно неприродно, па колку сака нека бидам "старомодна".
Не сум видела машко со шминка досега. За еден тип во градов кружеа муабети како користел пудра не знам што, но никогаш не сум забележала. Ако навистина користи, тоа супер го прави, морам да признаам. Какво мзно лице има, женско да му позавиди. Геј бил, не знам ваков, не знам онаков, вака се облекувал. Чудесии дури и да е геј. Ни прв ни последен. Ако навистина користи шминка, тоа супер го прави, морам да признаам. Какво мазно и чисто лице со изедначен тен има, женско да му позавиди. Пудра и слични работи за да се прикрие нешто ми е океј, а со сенки, хајлајтери, кармини и слично не сум сретнала некого. Не е по мој вкус, но не ми смета. Сум се изнагледала еден куп туторијали од машки што се занимаваат со шминкање (на пример James Charles, Patrick Starr и многу други) и искрено, секоја им чест. Подобри се од многу женски во шминкањето.
Брилијантна идеја. Од утре, секој од нас, да се изнамава шамари на секој/а кој/а нема да му се допадне. Замисли колку ќе биде прекрасна глетката по улици! Плус, замисли дека и ти некому не се допаѓаш, па и тебе некој ќе ти се изнамава шамари. ЗнаЧи! ПреУбо! Од каде заклучоков? Со колку мажи што користат фул мејкап се познаваш лично?
И еден бивш ставаше понекогаш пудра на акни, и онака ми беше сеедно, чудо големо. Со сенки, римели, чуда, не сум сретнала некој. Со креон да, на некои им се вклопува во имиџот. Што се однесува до чупање, чупање на unibrow e задолжително, ич не ми се допаѓа кога некој шета како гремлин. Може и онака троа потсуредени веѓи, ама не екстремно.
Кој што сака нека прави, ама дека е нормално не е, драг квинс не не не не не...Не можам да замислам да делам шминка со дечко, другар, татко, комшија...Абе замисли комшијата ти тражи римел на заем, како комшивките што си бараат јајца, шекер и сл во ситуации . Не би одобрила нити дала подршка на некој близок. Не ми е убаво, нити нормално, а ни пријатно за очи. Не би искоментирала на рандом особа никогаш, кој што сака нека прави, ама утре такви примери околу моето дете не сакам. Корекција со пудра коректор поради проблематична кожа ми е сосема во ред.
Моето мото во животот гласи- Кој што сака нека прави, се дури е среќен/ среќна со себе и не прави зло на други. Така и по ова прашање, само морам да признаам не сум размислувала претходно на темава. Пратам и машки шминкери на YouTube, само секогаш нормално ми било зошто тоа им е професија. Лично мажите погоре ставени не ме привлекуваат, освен Џејсон Момоа се разбира.
Подржувам мажи кои се шминкаат и жени кои се шминкаат, исто колку што подржувам мажи кои не се шминкаат и жени кои не се шминкаат, без оглед на тоа дали шминката е само пудра и коректор или пак вклучува и кармин и сенки. Многу понормално ми изгледа сите да сме со различни стилови отколку сите да изгледаме исто според наметнати стандарди. Ако некого не го привлекуваат нашминкани луѓе, нека бара партнер што не се шминка, сепак нормално е и секој да го привлекуваат различни особини. Еве конкретно мене ми се допаѓаат нашминкани мажи, и ајде сега ќе ги тепам тие што не ги привлекуваат нашминкани. Секако дека не смеам тоа да го правам само затоа што се различни од мене. Така и тие што не се шминкаат не смеат да ги малтретираат тие што се шминкаат.
Не треба да заборавиме дека се луѓе. Нивно тело,нивно право на избор,или нивна сексуална ориентација. Генералната перцепција за машки кои се шминкаат е дека се геј,иако тоа не е секогаш случај.Прашањето повеќе се однесува околу прифаќањето на одредена сексуална ориентација,отколку за естетските аспекти на шминкањето.Нивото на омраза е запрепастувачко...
Искрено, кога ќе видам слика од нашминкано машко ми доаѓа некое чудно, гадно чувство. Сепак, тоа што јас лично се чувствувам неудобно не значи дека имам право да ги напаѓам и да се обидувам да им ја скратам слободата. Верувам дека тие треба да можат да си се изразат себеси, а јас моите мисли ќе си ги чувам за себе.
Пред да ставиш точка, кај буквата Ш подигни ја таа цртичката од доле на средина и закриви ги малку двете вертикални и види што убаво ќе дојде Ш -> Ж