Jas znam koja e..jas dadov samo primer kako nie zhenite mozhi da izgledame po 10 god..inache imam chitano odamna za zhenava
Баш пред некој ден гледав слики на инстаграм и коментиравме на темава. Јас сум многу либерална личност, не ме интересира кој што прави и како си го живее животот, подржувам секакви ставови, секакви определби...Трендов или како и да го кажам не ми се допаѓа, сепак. Не оспорувам дека се талентирани, стварно се, барем тие што ги гледав на инстаграм. Во глобала не сакам маж што повеќе ќе се средува од мене, депилирање, шминкање, чупање(ептен оформени веѓи, не зборам за средување), еден куп козметика, така да мене никогаш не би ме привлекол некој кој користи вака драматична шминка и ги практикува овие работи, ама на крај крајот не е ни битно, не мора пак мене да ми се свиѓа. Не сакам многу феминизирани мажи, а ги гледам кај нас во град повеќето мажи се такви, на козметичар кога одам повеќето се мажи за депилација и чупање, а пак наспроти не сакам ни од оние кои се билдаат, измазнуваат целите и сликаат по теретани, селфиња по 3-4 на ден, иако по дифолт овие треба да се мачо. Некој ќе ме сфати и погрешно веројатно, ама сакам да кажам дека мене лично не ми се допаѓаат ама не е ни битно што мене не ми се допаѓа, се додека ним и се допаѓа океј е, нека си носи кој како сака, и јас може некому не му се допаѓам па не ме засега толку.
Не реков дека не смеат. Не ги ни категоризирав како вакви или онакви, освен што реков дека на тој начин изгледаат како барбики - а така и навистина изгледаат. Што е тука предрасуда ??? Мора да има некои нормативи, драга моја, за да опстане добротијата во светов . Не може да се изместуваат некои нормативи. Уствари, може. Затоа и светот пропаѓа во хаос предизвикан од лошотија, чудни нешта, извитоперени... И не, немој да ми се нафрлиш дека ова го пишувам во однос на сексуална определба. Можат да си бидат што сакаат. Но, маж во штикли и со шминка не е маж, разбираш? Освен ако станува збор за полова неодреденост и/или тенденција да се трансформира во жена затоа што така се чувствува. Тоа не можам да го дискутирам, тешка тема е. Јас ги споменав мажите кои се мажи сами по себе. Нега на лице, кожа, средување на веѓи (минимално, за да не изгледаат запустено/задивено), средена фризура - океј. Но, пудра, сјај, сенка или што ти ја знам... Мене не ми е соодветно за маж. И не го доживувам тоа за предрасуда. НАДОПОЛНУВАЊЕ: Набрзина препрочитав коментари и ми падна во очи тоа дека Западот така учи. И ќе се согласам, тотално! Мислам дека треба малку повеќе така да се замислиме сите ние (кои сме родени пред 2000) и ќе дојдеме до заклучокот. Кога јас бев тинејџер, не се сеќавам на ниту едно машко кое одеше на фризер или козметичар за да му ги прават вегите како пијавици под рамен агол. Ниту пак гледав да некој воопшто се замара со тоа. Ниту одеа во тесни хеланки со напучени усни и замижани очи како да имаат запек 24/7, прости Боже... А ниту пак женските беа нешто посебно оптеретени со тоа каков highliner или што ти ја знам да користат... Се' беше некако поедноставно. Овде станува збор за глобално затупување на населението. Односно, се' што е нормално и/или има генетска предиспозиција да живее нормален живот, мора да се промени од корен и да мисли дека тоа не е така, дека мора да живее по светски ИН стандарди. И не, тоа не е само случај со шминкањето и средувањето, напротив. Тука е вклучена и музиката, видео-записите на песните од Западните музичари... Самите пораки кои тие ни ги праќаат низ медиумите се за да не мрднат од место и изненормализираат =) . Тука најголем удел имаат социјалните мрежи. Пред FB, IG, SC и слично, не се живееше вака, во хаос. Сега се' е изместено. По училиштата, исто така. Со новите демек модерни принципи децата учат, а всушност не учат, само затупавуваат, какви што отсекогаш и биле американските деца, на пример. Па луѓе мои, колку само прилози сум гледал кај што не знаат младите од таму да кажат 5 наслови на книги, композитори. . . Они знаат само snap, инстаграм, live story... Страшно! Книгите, луѓе, популарните/најчитани книги погледнете ги кои се и какви се и се' ќе ви стане јасно. Какви лимонади! Какви глупости чита младината! И добро, нека читаат, но... Никој не знае да именува барем ЕДЕН класик, не знаат ништо за добар роман, квалитетен стил на пишување, уникатна приказна... Дефинициите за квалитет се изместени. Е, сега, ако мислите дека тоа е нормално, тогаш, вие сте од поновата генерација и едноставно не можете да направите споредба дека не сте во право. Да, нештата се менуваат, по некое размислување се' мора да оди напред, да се модернизира. Но... Ова е многу дискутабилна тема, искрено...
Ние едни начитани што сме. Прашај за нешто подалеку од балканов и ќе видиш дека не сме ништо поарни. Видеата на Џими Кимел каде што луѓето не знаат ништо, се и наменети за тоа. Сигурно во такво видео нема да стават некој што знаe, ќе нема поента. Секаде има такви луѓе, премногу генерализирате, преувеличувате и комплицирате.
Не беше конкретно за тебе мојот коментар, но ако се пронајде, супер! Морате да научите дека право на изразување нема благе везе со 'мода'; и тоа дали некој чита класици или белетристика, нема благе везе со тоа дали се шминка или не. Да не ги редам сите работи (кои не се предрасуди според тебе), кои си ги изнаредил во постот. Родена сум 1978 година (колку да ти ја побијам теоријата).
Ако гледам од аспект на тоа дека ако мене не ме привлекуваат машки кои се шминкаат и тоа тие не треба да го практикуваат, тогаш дебели и ниски машки не би требало да постојат. Но тие постојат и како што во мојот живот немаат никакво влијание не ми сметаат ниту машки кои се шминкаат. Ме иритира тоа што попрво се прифатени наркоманите отколку овие работи. Машки деца што си играат со барбики не ме загрижуваат воопшто, не е тоа знак дека ќе станат геј ( и да станат, ќе ми биде повеќе мило отколку да одат по улици и да малтретираат геј личности или било кои други, да пцуат и свиркаат по жени, да пијаат и шмркаат. ) И јас уште од три годинки сум врескала да ми купат пушки и пиштоли, не сум сакала да видам "женски" играчки сум си играла мафии и сум спиела со пиштоли. Па фала богу сериски убиец не станав.
Сите глумци, водители, пејачи и сите оние кои се занимаваат со јавна работа и пред камера ги шминкаат. Т.е. само пудра им ставаат и немам ништо против. Немам против ни некое машко кога става неприметно пудра со цел да покрие недостатоци на лицето. Јас не сум имал потреба, да имав проблеми со лицето би ставал, ама овие што сте ги постирале со фул шминка, кармин, римелче и смоуки ајс ми е ту мач.
Ту мач ви е бидејќи така ве извајало општеството. Па кога читам овде, вака вака и вака било океј да ставаат шминка машки, и чупање било океј до одреден степен, депилирање и сето тоа... Добро, дали сте сериозни? Кои сте вие да кажувате до колкав степен треба некој да се шминка? @theunforgiven е очигледно дека е од типот луѓе што мислат дека неговата генерација се последните ,,нормални", начитани, образовани луѓе, а сè што се раѓа потоа е пропаст и пол. Сериозно човеку, дали мислиш дека човештвото што постои 6000 години, најде да се расипува баш тогаш кога ти си роден? Ова е типичен пример на неотворање на хоризонтите, го гледаш само тоа што ти е пред нос и вадиш заклучоци од него. Па најјако ми е кога на вакви теми ќе се спомнат морални вредности. Ајде едно потсетување, ако нешто не влијае на некаков начин на туѓа благосостојба, не е ниту морално ниту неморално. Колку ли е тешко ова да се свари? Ај еден ден може ќе излезете од филмот Америка е крива за сè.
Еве виножитниве што дргуо измислија - машки барбики https://www.amazon.com/slp/male-barbie-dolls/9pwc7ycqy8posug Така што сега можете да му купите машка барбика на вашето синче, да си ја гали, да си ја шминка, да и прави фризури, да си играат со некое друго дете - чии што родители исто му купиле машка барбика итн.
Ти барем нели се сметаш за woke, мислиш дека со каква играчка ќе си играат машките деца е проблематика вредна за дискутирање во универзумов? @SummerGirl Да погодам... Ова не е маШ и никогаш не би те привлекувал? Океј, го расчистивме тоа. Ќе си продолжиме ли сега со животите?
Сите овие лица се геј така да нивното шминкање е оправдано. Стрејт маж да се шминка јас не сум видела. Или како што кажаа погоре само пудра за покривање недостатоци или пудра на јавни лица. Креон користат рок пеачи, слушатели или металци ама сепак тоа не е комплетна шминка како на сликите.