'Маж што се шминка, не е маж.' 'Шминките се само за жени.' 'Жена без шминка, не е жена.' 'Маж кој се шминка е геј.' Што е заедничко за ваквите изјави? Предрасуди!
Не, не сум ги видел, фала Богу не ме интересирале А ме радува тоа што и меѓу моите пријатели немам видено да им купуваат такви работи на синовите.
ЕвА, ај не биди без веза. Те радува? Seriously? Што тебе ти прави разлика, дали некое дете си игра со нешто или не?
Јас на внук ми му купив кукла-бебе, пред да се роди сестра му. Истово многу му помогна во надминување на љубомораната фаза и помошта и грижата која сега ја пружа за сестра му. Нема ништо спорно тука. Играчките не се делат на машки и женски. Поделбата ние ја правиме.
А што има врски дали мене лично ми прави разлика? Себично е да се радуваш само за свои бенефити и придобивки. Треба да се радуваме и кога пријателите ни се ок, здрави, нормални.
Демек, се радувам за свои бенефиции ако немам проблем со машко дете кое си игра со кукла? И демек, дете кое си игра со кукла не е здраво и нормално?
@EvAngelos, срам ми е дури што му покажувам основни гугл/википедија факти на човек што се смета за интелектуалец, ама еве, да читнеш и нешто надвор од твојата пропаганда што те радува 1961. Факин 1961
Ја вака би го формулирал тоа: Машко дете кое си игра со барбика, ја шминка, и прави фризури, со знаење на родителите, има проблематични родители. Тоа не значи дека синчето ќе им стане Боки 13ка или Азис, ама сепак според мене тоа се проблематични родители. А ако според вас се ок, нека се ок, затоа и не има различни - исто како различните бои на виножитото нели
Нека трепка Си го покажа вистинското патријархално лице Абе друже, види што ти пишав погоре. И за твоја информација, Кен е создаден како партнер на Барби... Ако не треба да има машки кукли, дали тоа значи дека не треба да се Кен и Барби, како што се Адам и Ева а не Адам и Стив... туку Барби и Лили на пример? #хехе #самсебеубио
И што да читнам? Зарем некој треба да се разбира у модели на барбики за да биде интелектуалец? Или само колку да се треснело нешто ад хоминем, пошто на друг начин ти и не знаеш да комуницираш на форумов. Иначе куклата што ја посочи - Ken doll - се смета за геј икона: https://money.howstuffworks.com/barbie-earring-magic-ken-gay-icon-1993.htm
Море! Не ми викај дека сум 'проблематична'. Тоа не е различен став, осуда е. Немам машко дете, имам женско, ама и' давав да си игра со што сака, ја шишав кратко кога беше малечка и ја облекував и во сини алишта. Да беше машко, исто ќе беше. И да повторам: Не сум проблематична, ти си.
Некој што на секој чекор збори за наметнување пропаганди на мали деца тврди дека треба да им се забрануваат одреден вид играчки. Може ли иронијата да биде поголема?
Има нешто што се вика сommon knowledge златен, или општа култура на нашки И ти не знаеш да комуницираш на друг начин освен со офтопик пропаганда и спам, па никому ништо. Темава ако добро те служи видот е Машки кои се шминкаат, а не машки кукли кои постојат пред куп децении и немаат ниту нетипичен изглед за својот пол. Според мене нема да има попроблематичен родител од brain washer како тебе, ама тоа е. Терај
@EvAngelos, признај дека на она од @Someonespecial - ken doll, додаде gay и она што го постира ти го даде меѓу првите резултати. Не знам како не сфаќате дека гугл секогаш ви го нуди она што сакате да го најдете.
хаха, значи секој што не се согласува со виножитниве - тој/таа нема право на свое мислење и неговите мислења се уствари осуда, а обратното кога они се служат дури и со навреди и етикетирања, тоа не е осуда, тоа е уствари толеранција, либералност, „прогресивно“ размислување @Lella, мали деца не влагаат у продавници да купуваат барбики. Родителите се тие што на машкото дете би му купиле барбики да ги шминка и да им прави фризури.
Не те осудив, ти ме осуди. Ти знаеш како изгледа купување играчки на дете? 'Сакааам овааааааааааааааааа!!!!'
И што ако машки деца играат со кукли? Ќе станат геј? Среќа на членот погоре не му давале да игра со кукли, туку само да коли и го облекувале во сино па излегол прав маШ.
Не те осудив, ти не ни имаш машко дете. Па детето може да рече и за солната киселина така. И шо, ќе му дадеш да пие? Или ќе му речеш дека тоа не е за пиење? Епа исто и за барбиките, ќе му кажам дека барбики, шминки, римели, лакови за нокти, тие работи се за девојчиња и чао пријатно.