Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машки кои се шминкаат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Isobel, 2 јуни 2018.

?

Дали имате нешто против мажи кои се шминкаат?

  1. Да

    68 глас(а)
    33,2%
  2. Не

    137 глас(а)
    66,8%
  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па машките подобро се шминкаат од мене јас кога го следам Џејмс како се шминка се направам како во хорор филм :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Извини мојот мозок е поразличен во форма на срце е заразлика од некој маж. Немој те молам кога прочитам различни мозоки машки или женски мозок морници ме полазат
     
  3. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Тоа е исто ама не и исто, како јас да шетам гол: не ги соблекувам другите туку сам си се соблекувам и си се шетам гол. Мислам...
     
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Е да де. Шетај си гол ако ти се шета така, што ти е гајле. А и нам ни е гајле, твоја работа :D
     
  5. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Да се вратиме на *несоодветното е соодветно само и само поради слобода на избор* темата.
    Не добив одговор зошто машко би се шминкало, освен дека така сакал. Во ред, сум сретнал случајни лица по град и ништо. Најчесто голем дел од нив покасно пуштаат долга, пеглана и офарбана коса. Некои од нив земаат и хормонска терапија за од момци да станат моми :) и некој мал дел од нив за крај, си менуваат пол. И тоа е за нив во ред.
    За нас, не е во ред. Машки кои се шминкаат, не е соодветно, иако е прифатено од средината каде живееме. Никаде не пишува за пропис на стилови но и, никаде не се видело машко лице на кутија од шминки, бои за коса и останати козметички препарати.
    Слично ќе ви одговорат и останатите машки од форумот.
     
    На tigree.. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    [​IMG]
    Да, се видело.

    [​IMG]
    Ова ли ти е аргументот? Софија роботот пореално изгледа од девојката на сликава.
     
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Очекувано, бидејќи размислив пред да пишам на тоа дека ќе се најдат илјадници, без разлика на нивната сексуална ориентација.
    И според тебе, тоа машко, "машко" ли е? Да, родено и пораснато како машко. Што друго е машко на него?
    И освен што им се сака, зошто шминка? Просто филозофско прашање - зошто машко треба, сака или мора редовно да се шминка?
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Затоа што така сака, не знам што има да се филозофира. Секој има право да изгледа како што сака и како што му е убаво. Или не треба да се шминкаат мажи затоа што некој друг не сака да се шминкаат? :)
    Велиш не било соодветно. Кој одредува што е соодветно? И ако на тој што се шминка му е соодветно да е нашминкан, зошто тебе не ти е?
    Кој го одредува правилото за шминкањето?
     
    На theowndemon, VoodooGirl и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Никој. Не би го нарекол нити актери, нити хомосексуалци, нити кловнови или што и да е. Едноставно не е природно. Не е потребно. Како луѓето со извадена внатрешност од ушна школка, како луѓето со 99% тетовирано лице, како со нокти од два метри, како коса од пет метри, како...
     
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Зошто машко мора да е "машко" или обратно? Нели секој има право и слобода да се однесува како сака и нас другите ич да не нѐ боли онаа ствар
     
    На theowndemon, VoodooGirl и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Апсолутно. Може и рогови да стави, како викинзите. Ќе стане фејмоус. Секоја тема има членови со "за" и "против" став. Јас го објаснив мојот "против" став и налетав на "против" против мојот став. Чиста математика и непотребна паника. Нека има, во прилог ми е да има. Утре ќе ги шетаме децата кажувајќи им дека чичкото е тетка.
     
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    И тие со тетовирано лице, и тие со нокти два метри, и тие со коси од пет метри така си се бендисуваат.
    Не сме сите исти и не ни се допаѓаат исти работи.
     
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Yeah.
     
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Не збориме за екстремни примери, океј е да се има различно мислење. Муабетот ми е дека сме робови на општествено детерминирани работи, што би рекол ти погоре машко да биде машко по секоја цена инаку ќе го гледаат ко црна овца
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.507
    Пол:
    Женски
    Кој си бе ти тебе некој да ти се објаснува како се носи и како сака да изгледа? Тебе да не треба да те праша како и со што си ги третира своето лице и тело?

    Ајт гледајте си ја вашата работа, што курот ве боли за туѓи животи?
     
    На 1209, tirkenbal, Sejfullai и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Добро но тоа не значи дека мора да има кратка коса, да одслужи војска и да не се депилира од мишки.
    Ама, шминкање?
     
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Зборовите кур те боли пичка те боли се дно дна.
    Имај основно однесување и игнорирај ако не ти се свиѓа туѓо мислење.
     
    На Shalitra и sjdgo им се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Нема потреба ништо да им кажуваш на децата, бидејќи не ги ни интересира.
    Јас работам со деца и ниту едно дете не ме прашало зошто имам долга коса. Не ги мешајте во вашите осудувачки каприци.
     
    На tirkenbal, Sejfullai, marija305 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Супер. Направи промена еден ден, појди со кармин, сенка околу очи, малку пудра, и пиши нѝ како поминал денот.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.507
    Пол:
    Женски
    А вие со осудиве не сте дно дна? Не е дно дна да коментирате вака? Или коа ќе ви се с'сне некој и кога ќе осетите атак врз вас не било убаво.

    И ти имај основна почит и игнорирај ако не ти се допаѓа некој како изгледа.

    Како што ти си пишал неколку мислења кај што ги деградираш, така можам и јас тебе. It goes both ways.
     
    На Sejfullai, Oxymoron, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.