Ако не сакате мажи што се шминкаат, имам лоши вести за вашите омилени актери. Мислите мајка природа ги створила такви? Во однос на екстравагантна шминка, во мејкап светот на врвот веќе е изедначен бројот на мажи и жени, и полот веќе не доаѓа во прашање кога се работи за шминка. Тоа е толку масовно прифатено и буквално на никој не му пречи, што малку ме депримира кога ја видов овде темава и сфатив дека ова уште претставува табу. Штета. Еве неколку познати мејкап гуруа кои се мажи и кои се одлични во својата работа: Спојлер
@Nigredo Odor во право си за интрото, не потенцирав на кои точно мислам. @Lella за сценска шминка не станува збор, моја грешка што не наведов.
Јас повеќе машки профили за шминка следам на инстаграѓ негп женски, машките се покреативни и од секогаш биле подобри мејкап артисти од жените. Е сега за некои тоа не е прифатливо ама во светов има многу полоши работи од машки што се шминкаат.
^ За талентот не станува збор тука, греота е да се каже дека не знаат. И да, има полоши работи од тоа машко да се шминка, всушност не го ни деклалирав јас никаде како ЛОША ствар. Ама факт е дека ваква застапеност немало порано.
Да ве поздравам со мојата омилена мејкап артистка, која е брилијатна во својата работа, a воедно e и мој идол.
Како што не е во ред да се осудуваат мажи што се шминкаат, така не во ред и да се оди во друга крајност. Креативноста е индивидуална работа и не е одредена од полот. Ова е слично како муабетот со готвачите. Не, мажите не се подобри готвачи од жените, не може пола свет да е подобар во нешто од другата половина.
Отвораш многу прашања, што не се поврзани на насловот на темата и нејзиниот првичен опис. Не се криви луѓево и да не разбрале. Ама океј, интересна дискусија. Воопшто не мислам дека е тренд настанат од социјалните мрежи, туку последица од општата либерализација на општеството во 21виот век и спорото, ама сигурно изринување на стереотипните улоги на половите во социјалната структура. За што сум апсолутно за. Ако син ми сака да се шминка а ќерка ми да си игра со камиони, океј. Има многу поважни работи за кои еден родител би требало да се грижи, на пример пренесување на прави вредности на детето. Порано скоро да немало ни жени во технологијата и науките, немало жени професори на факултет, немало мажи што земаат породилно отсуство, немало мажи што се домаќини а жените да работат. На прашањето зошто немало, е истиот одговор како и на твоето прашање зошто мажите не се шминкале. И фала богу што е така. Ако е небитно што е машко, мислењево не треба да стои во тема машки кои се шминкаат, туку во тема воспитување на деца или уште пофино, отвори си тема деца кои се шминкаат. Одлучи се која дискусија сакаш да се развие.
^ Видеово беше колку за пример за машки деца шо се шминкаат, тоа со фразата беше како додаток и колку да ви укажам дека доста голем број од овие деца се шминкаат под влијание на интернетот, во едно интервју и самиот го кажува тоа. И дали од секогаш го имаше овој став? Дека си океј со син ти да се шминка или сега у поново време си океј со тоа дека е модерно и да речеме "прифатливо"?
Има удел интернетот, како што има удел и во сознавањето на светот и себесознавањето на поединецот. Ама да не зборуваме за деца овде, за тоа може и во друга тема, а овде да се сконцентрираме на возрасни личности. За да биде 'чиста' и компактна темава де... не дека мора да ме послушате.
Контрадикторна си. Самата напиша не е битно што е машко, ама го стави како пример за машки деца што се шминкаат? Аха, makes sense. Oтвори тема за машки што се шминкаат. Сега почнуваш дискусија за деца (не битно дали машки/женски, твои зборови) на кои им влијаат социјалните мрежи? Не знам, јас мислев не е тоа темата.
Прво ќе тргнев да пишам не, но ми текна на Johnny Depp и Zyan Malik. Потоа ми текна на Andrej Pejic кој порано го следев на социјалните мрежи и ми беше еден од омилените модели. Тогаш беше маж, сега колку што знам веќе го има сменето полот. Минимална, скоро па неприметна шминка ми е во ред (ова за машките со кои сме опкружени, настрана познатите личности) но понападна шминка (како на видеото погоре) ми изгледа веќе не баш убаво и привлечно. Напротив, катастрофално. Сепак, мажите и жените би требало да се разликуваат а не постојано да се аплаудира и поддржува секое изедначување меѓу половите. Треба да се знае границата. Почнаа да се депилираат како жените, да се шминкаат како жените, што е следно, да почнат да носат сукњи? Какви мажи се тоа? Мој тип дефинитивно не. Наречете ме како сакате, пошто знам веднаш скокате кога некој ќе изнесе став дека треба да има јасна граница и разлика што е маж а што жена (а после велите некој друг убедувал и наметнувал). Едноставно некои работи не им се привлечни на сите. За мене не е нормално машко да се однесува како женско, сакам нешто спротивно на мене.
Не ми е јасна темава искрено и која е поентата нејзина ама еве ќе речам немам ништо против. До пред 2 3 години му ставав пудра на лицето на брат ми,за вечерни излегувања, по негова иницијатива. Имаше детето мн акни и не се чувствуваше удобно во своја кожа. Зошто жените да ја имаат таа можност да корегираат се што не им се допаѓа на лицето, а мажите не. Или пак да истакнат некој дел.
Секој си има свое мислење , избор што би правел што не , мене искрено не ми се допаѓа кога ќе видам некое машко што е нашминкано. Се знае како треба да изгледа машко , како женско. Најсмешно ми е погоре што видов една слика , кај се нашминкал па уште и брадиче пуштил
Шкотска нарочито била прав хорор у минатото, лол... Не мешајте деца, како што рече Магс тешка шминка не е за детска кожа, наспроти она даденото видео ги имаме еве Toddlers and tiaras и исто неприфатливо е и за машки и за женски мали деца. Ваљда сте свесни за понежна корективна шминка колку мажи исто ја користат пред камери, па зошто да не и тинејџери со пубертетски естетски проблеми со кожата? За сѐ што е повеќе – нивен поразличен животен и моден стил, не гледам зошто да ми пречи. Ама тука уште има колку сакаш предрасуди и за мажи што професионално се бават со мода и козметика (фризери, шминкери, стилисти), па што да се рече повеќе
Смешно е можеби за тебе, ама Мени може да ни држи часови по шминка на повеќето од нас. Еве патем слика од Harry Styles, веројатно сте слушнале некоја негова песна во последно време. Да, носи фустан. Запалете го на клада. Се знае како изгледа машко, а како женско.