1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машки кои се шминкаат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Isobel, 2 јуни 2018.

?

Дали имате нешто против мажи кои се шминкаат?

  1. Да

    68 глас(а)
    33,2%
  2. Не

    137 глас(а)
    66,8%
  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Не го ни прочитав мислењето, не сакам никаква комуникација со тебе. Убав ден.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.394
    Допаѓања:
    59.956
    Пол:
    Женски
    :rain::rain::rain::rain::rain:
    [​IMG]
     
    На 1209, tirkenbal, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  3. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Суза за сестра. ;(
     
    На Oxymoron и KateKane им се допаѓа ова.
  4. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Деца со предрасуди не се раѓаат, тоа ти можеш да им го вметнеш во нивната глава како "ненормално".
    Така да нема пореба ништо да им се објаснуваш ако ги воспиташ да прифаќаат различности. :)
     
    На Sejfullai, theowndemon, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Што ќе му одговорам на "тато, зошто чичкото има шминка како тетките?" ?
    М? Дечињата прашуваат за сѐ, стадиум, љубопитност, развивање. Нормално, ќе го лажам, чичкото ставил шминка за да биде смешен, мафни му на чичкото и слично. Сѐ додека еден ден сѐ не се измести и не отиде пи ѓаволите. Поради нас, сега, тука, во овие времиња и со овие "толерантни" напредни сфаќања.
    Мнозинството гледам на резултатите горе, нема ништо против машки со шминки. Тоа е тоа. Гласови таму, ставови тука. Нема потреба од контра-ставови.
     
    На Shalitra и EvAngelos им се допаѓа ова.
  6. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Не ти е Стево со карминот виновен за твојата неспособност како родител.
    Верувам дека тоа нема да биди најтешкото прашање што дете ќе ти го постави, доколку не знаеш што да одговориш на тоа, подобро немој да имаш деца воопшто.
     
    На 1209, tirkenbal, piksooki и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Ти ќе ми кажеш а јас ќе те послушам.
     
    На Shalitra, EvAngelos и RoseRain им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @Keanu_R.Wick

    Па нели ти беше дојден на форумов за да учиш нови начини на гледање на нештата од девојките/жените тука?

    Па повели научи нешто, отвори ги погледите. :)
     
    Последна измена: 20 септември 2019
    На 1209, tirkenbal, Sejfullai и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Да, така пишав :) ама...
    Ама зошто бе машки со шминки, зошто :D
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Затоа што така некој се чувствува свој, се чувствува удобно, едноставно си се допаѓа како изгледа со шминка.

    Побитното прашање кое треба да си го поставиш себеси е зошто Ти имаш проблем со тоа како некој изгледа т.е. какви избори прави во животот за себе?
    Ако си го одговориш искрено ова прашање можеби во иднина и ти ќе имаш можност да се прифатиш себеси со сите свои избори наместо да се ограничуваш на „којзнае што мисли комшијата за мене“. :)
     
    На tirkenbal, Sejfullai, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Според мене не постојат машки што се шминкаат. Постојат само лица од машки пол што се шминкаат.
     
  12. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Не, не можеме да се разбереме и ме фаќа смеа :D се мислам каква споредба да извадам...
    Еве вака, порано, тие со долги коси беа "сатанисти", тие со тетоважи беа "мафијаши и дилери" а овие со шминки (верувам дека ги нема, освен елџи популацијата) што се?
    Метросексуалци не се. Нивна работа што се, еве сам да си удрам камшик на грбот. Ама тоа е несоодветно и, картата "нивно тело нивни избор и слобода" едноставно не може да пројде низ толку мал простор во кој го собира само нормалното, неопходното и потребното. Успеав да се објаснам? :)
     
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Одлично се објасни.
    Тој мал простор е границата во која се сместени твоите осуди. Единствен кој може да го промени тоа си самиот ти. Буквално ги имаш сместено мислите во една „кутија“ и не размислуваш подалеку од тоа.
    Мислам дека како скроен е изразов за твојов проблем: Think outside the box.
    За почеток додај светлина во осудувачкиот свет, ослободи простор. Потоа додај нешто ново, анализирај го, критикувај го, вреднувај го, уважувај го, но не се ограничувај.

    И само едно прашање, зошто е потребно да бидат нешто?
    Ако сакаш да ги дефинираш еве на пример може да бидат Свои и доследни на себе или не ти одговара оваа типизација?
     
    На 1209, Lella, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Што е нормално, неопходно и потребно?
     
    На Sejfullai, theowndemon, MamaYette и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.580
    Пол:
    Женски
    Мудрост левел „могу да ме повреде, ал не и да ме повреде“ :drunk: :rofl:
     
    На 1209, sparklie, tirkenbal и 12 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.936
    Пол:
    Женски
    Кијану,новинарите,водителите,политичарите,актерите и пејачите се нашминкани.Сакаат-нејќат пред камери мораат(им ставаат маскара,пудра и сјај,а понекогаш и сенка) инаку нема да изгледаат привлечно и уредно.Камерите и онака додаваат килограми,па уште како доловуваат акни и брчки...А,споменатите се претежно оженети мажи со деца.
    Значи,и хетеросексуални мажи носат шминка,а метросексуалци има и меѓу хетеросексуалците оти метросексуалност е среден,скоцкан изглед кој не е директно поврзан со сексуалната определба,туку само уште една одлика.
    Слободно биди си против,ама не лепи етикети врз основа на надворешен изглед.
     
    Последна измена: 21 септември 2019
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Прво, постојат многу повеќе мажи кои се шминкаат одошто ти самиот си свесен.
    Голем број од уметници не излегуваат на сцена без пудра, хајлајтер и ред други работи на лицето.
    Таа совршеност од лице на глумец/музичар по интервју и сл. не е од природна убавина кај секој.
    Голем број на мажи - модели се секогаш нашминкани и стокмени. На билбордот од твојот омилен парфем, моделот што го гледаш исто е со тон пудра на него и нормално што не покрило пудрата доволно ќе покрие чичко фотошоп.

    Второ, муабети од типот "какви времиња дојдоа мажи да се шминкаат" не држи вода воопшто. Да не почнам да набројувам познати имиња како: David Bowie, Mickael Jackson, Robert Smith, Prince, Freddie Mercury ... и да не продолжувам, имаш цела 80s и 90s генерација. Можеби ќе си пронајдете некој ваш идол па ќе ви пропадне машкоста. :muscle: :worried:

    Што е следно прашање? Дали прифаќаме мажи кои се депилираат?
     
    На cresa-jagoda, Sejfullai, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Не сум забележал, неколку години не ги гледам на тв политичарите. Не ме чуди.
    За уметниците знам, пред настап користат минимална доза шминка, тоа е два века наназад. Но најмногу дискутираме за обичните, секојдневните припадници на машкиот пол, за нив и можноста да се шминкаат па да ги гледаме келнерите, продавачите, таксистите, поштарите, туристите,.... нашминкани. И тоа квалитетна, впечатлива шминка :) ( :puke: )
     
  19. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Нормално - соодветен и прифатен стил на облекување;
    Неопходно - доволна количина облека на временските услови или ситуации;
    Потребно - да има линија "до тука", да нема вишок, како што е вишок шминка на лице од припадник на машкиот пол, антена на главата, опашка на појасот итн.
     
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.936
    Пол:
    Женски
    Нивен избор е.
    И мене не ми се допаѓа тон шминка кај некои,но не викам дека се вакви или онакви.
    Не се суди книга по кориците.