Не знам да извадам исечоци за жал инаку ќе се позаинтересирав за одговорот. Наместо тоа, еве вака: тоа кутивче ми е универзум, прифаќам, ама не поднесувам, не поддржувам. Како цигари: не пуштам, прифаќам пушачи во близина, но не ги поднесувам цигарите (како шминката), не ги поддржувам што пушат (се шминкаат). Ќе ми се потрошат споредбите, ух.
Добро, Мајкл Џексон и бојата на кожата ја смени. Новите мамбл "рапери" заби вадеа, Менсон ребра вадел за да можел да си го..... Тоа се такозвани фаци, популарни. Продиџи, Кит Флинт лесна му земја и вечна слава, нонстоп излегуваше нашминкан, заедно со Максим и тој другиот... Тоа се јавни лица, поинаку ги гледаме. На кафе не ги гледаме нашминкани. Дури и девојките, во јавност се без шминка срц. И на сето тоа, пишав пред малце, да гледаме машки со шминки? Само ќе ги до подиват хулиганите и ќе се создаде уште поголема бариера помеѓу ментални склопови и ништо добро од тоа. Никој нема да им забрани шминкање ама никој нема да ги остави без да бидат мета на ругање. Не булинг туку ругање, сатири, вицови, исмевање. Што значи пак ќе дојде на она моето - немаат потреба од шминки. Неприродно е. Вештачко е. Некомпатибилно е.
Ако кога ќе видиш машко нашминкано се смееш, го гледаш чудно, си бараш поими во мисли за да го дефинираш, тогаш НЕ, не ги прифаќаш. Значи ти во глобала не поднесуваш шминка? Ниту кај девојки? Или пак тој пример се вклопува во твојот нормален свет? Ако не поднесуваш кај сите и си некој поборник за природен изглед на сите луѓе еве ти пружам рака и ти викам „Кијану, секоја чест што ги сакаш луѓето со својот природен изглед“. Само, случајно да не' не е така?
Коментаров ти вришти од оправданост на булинг, а секој булинг започнува со "сам/а си го барал/а". Алал да ти е на паметов.
Не, не е убаво да ми пикаш нешто што не сум го пишал! Спомнувам превентиви и можни појави, а не она што ти сакаш или не сакаш да се спомне! Има тука голема разлика. Десет различни мислења ми фрли не, јас сум видел "машко" со шминка, низ град. И ништо. Не зјапам. Сите сме виделе сѐ, голем дел од нас немаат евтини навики да зјапаат. Зјапањето е на исто ниво како шминката на машка фаца.
Aj леле како го ззафркна сеа со ова, ми иде да ти пишам 5ка на рачето Убави тие, ги поддржувале машките што се шминкаат,па пола од вас да начекате сјај за уста моливче и пудра кај вашиот дечко/сопруг први ќе му раскинете и кај што ќе стигнете ќе го кажувате,а ваму битно изигравате светици,ние не осудуваме,тоа е нормално,и лабави приказни.Ај веслајте,проѕирни сте.
Болдираното доволно ми кажува за тоа колку ни се на различни дестинации мозочните вијуги и колку многу се разминуваме. Одјава од мене. Сон ми е потребен за да си останам на мојата дестинација. Едит: @Shalitra Штом со Кијану веќе сте на иста дестинација ете дружете се.
Тоа се тие „аргументи“ на конзервативци - семе синапово фразички, загриженост како ќе им се објасни на деца, предвидувања околу тоа што би направиле лично луѓе кои не ги познавате и немаат допирна точка со вашиот мајндсет, а мислите дека подобро ги знаете и одошто самите себеси се знаат. Не да е провидно, ко првоодделенски буквар сте вие прочитани, драга.
Дај жити се не ми глуми енглез,вие виножитките супер сте,се си подржувате,немате никаков став,за вас се е нормално дури и ненормалното.Немате изградено своја лична морална платформа ниту некаква парадигма за нормални вредности,не размислувате со своја глава,нешто пробувате да бидете лабави, као секој си има право на живот,ама кој живот е тоа да не се напраи дистинкција меѓу машко и женско.
Смешка на векот. Што знам, јас пак мислам дека баш вие „нормалните“ не размислувате со своја глава, туку само слепо следите некои вредности што некој ви ги пренел. Оти кога ќе седнеш и ќе подразмислиш, малку боја на образите или на очниот капак стварно не ја менува вредноста на еден човек.
Пусто уживање за инат, брех Малку боја на очите, малку танга, малку ова малку она, еден одговор освен "право на избор" не видов за шминкање на машки. Си станува наутро, си се средува и фрц - право на шминкање. Си излегува од дома со топ црно околу очи, малку карминче, пудра обавезно и она како викаш, малку боја на образите и тоа е модерното, современото денес. Како да сака некој да издвои глупави од машкиот род бе Си го болдирала нејзиното "не размислувате со своја глава", ај ти размисли со своја: Зошто од време не се шминкале, до ден денес? Зошто???
cim stvarno mislis deka moze nekoj boja na koza da smeni sekoj nareden obid na komunikacija so tebe e suvisen.
Свашта изначитав, онака од досада не дека ме занима, некој бара граница од машко и женско, друг кажува морални вредноси, чекајте ако така како тоа женските пијат алхохол и се пијанчат рано до зори?!? мислам не ми е гајле исто како што не ми е гајле што и некој машки се шминкаат. А да и од каде тоа дека шминка е дефиниција на тон пудра, кило креон, пола кило ботокс, некој грам руменило и што знам што друго да збркаме??? Значи чипувани сте од раѓање. Накратко немам ништо против тоа ако некое машко се “шминка“, нормално ако се стреми кон феминизам веројатно така е одлучил, исто како што некоја девојка одлучила да ја избриче главата и да применива машки манири, машко - женска поделба потекнува од времето на комунизмот, сега ако мало повеќе сте прошетале, виделе, читнале ќе видите дека светот функционира онака како што сака и сувишни ви се коментарите што осудувате, сепак ова е мое мислење .
Многу е познато дека жените години наназад биле искористувани за мажите да си го наполнат џебот. Да не мислиш дека првата компанија за производство на модернава шминка од женско е отворена? По моето истражување, Макс Фактор ја прославил и донел модернава шминка во Америка, сега ти види. И многу полесно ќе продадеш нешто aко го карактеризираш "за женски", или "за машки".
Шминката не припаѓа само на жената. Шминката е нешто шо можи кој било да го користи за разни причини: криење на маани, истакнување на добри црти, уметност. Зошто машки кои се шминкаат се најчесто хомосексуалци ДЕНЕС е зошто така не научиле. Ај видете ги овие мажиња од погоре, не можат да си свртат глава околу фактот дека некои машки се шминкаат. Е зато овие "нормалните" не се шминкаат. Така ги учеле од дома: "чичкото се прај смешен зато се шминка, СМЕЈ МУ СЕ". Е од вакви родители пропаѓа човештвото. И ради вакви родители многу работи се расипани и не во ред. Дете ќе праша и зошто тетката се шминка, ама то друга приказна било. Па после ќе се дума дома зошто. Па ко ќе порасни ќе прифати и ќе вели "Така треба оти ова е нормално". И ќе го прашат ама зошто. И ќе речи "Се друго е ненормално", а уствари тој ѓубре чоек. Жената за в кујна? Општествено поставена. Машките не смеат да се шминкаат? Општествено поставена. Женското со многу партнери е курва, машкото со многу партнери е фраер? Општествено поставена. Едно дете е толку отворено кон светот. Да не постоевме ние возрасните да им полниме глава со предрасуди, ќе имавме луѓе кои имаат многу поинаков светоглед. Машко кое се шминка е педер е уствари една голема предрасуда. Зошто? Шо прај шминката толку лошо? Па дур ќе велат нема мажи шо се шминкаат, туку само лица од машки пол. Сфаќам дека ова е дел од вашиот идентитет. Навистина, вакви конфликти се најтешки за разрешување. Шо од вас се бара е да не фрлате камен по другиот. И со то шо ќе го учите детето да се смее на некој ради нешто, пак фрлате камен. Не знам дали знајте - психичко малтретирање. Постои, реален проблем е. Дел сте од тој проблем. Го храните, поддржувате.
Тоа за "мажите ги користеле жените" на друга тема, со други луѓе и во друго време разговарај го, со мене не, тука и сега не, никогаш не. Не сум јас макс фактор или некој сличен на него. Светов знаеме каков бил и каков е. Прашањето кое што си ми го одделила е за машките: зошто МАШКИТЕ не се шминкале од време, па до ден денес? Без обиди за манипулации, се знаеме кои сме што сме за два дена, не па за време откако постои форумот.
Затоа што капитализација и феминизација на индустрија одат рака под рака. Така е и со шминката, така е и со веганството на пример. Зошто многу повеќе вегани се жени од мажи?