Тоа што тие мислат дека е ,,без шминка" е уствари фул фејс. Под шминка тие подразбираат ваљда нешто ко Џејмс Чарлс флешбек мери момент.
Под шминка, па... Црнила околу очи, кармин, пудра на цело лице, сенки, светлини, и како ли не се викаат
Внук ми има суви усни,му се лупат и става лабело,а и тура креми на лицето кога му се појавуваат акни и бубулици,а и татко му,мојот брат,исто постапува.Никому не му замеруваат за физичкиот изглед. Битно е она што е внатре во човекот,а не на неговото лице.
Не, инаку, мене не ми е нормално маж да се шминка и затоа што сум женско помалку ќе ме бесите на клада или? Влажните марамчиња, претераниот перфекционизам, лабело немаат врска со шминка, не лупетајте. Не ми е убаво кога ќе видам маж што става туторијали на инста, мислам која е поентата? Не ги личи, немам ништо против ЛГБТ заедницата ниту пак шминката ја поврзувам со тоа. Транс лицата веќе се лица што си го смениле полот, така што за нив не важи ова. Тие веќе се женски.
Сите се машки, сите се со шминка. Различни историски периоди, различни раси, различни континенти - сите имаат шминка на своето лице, и замислете, пак се машки Толку ли е тешко да се излезе од тоа балонче во кое мислите дека машките со шминка се нешто ново, чудно, неприфатливо, изроди...
Едвај чекам да видам слични шминки на лицињата на нашите сограждани. Последниот на Ријана ми личи Војсководци, лидери, "главни" фаци, тие носеле шминки. Обичниот народ, не би рекол. Немој сега и навивачи да ставите, со бои од омилените клубови на лицата
ПОЕНТАТА на мојот пост беше дека машките се шминкале исто ко и женските у периодот во кој живееле. И било скроз океј и немало увреѓени индивидуи на кои им пречи тоа што човек со пенис меѓу нозе одлучил за става одредени бои на своето лице бидејќи така му се допаѓа плус било социјално прифатливо. Така да, у овој смисол само назад идеме.
Мислам дека на форумот сум еден од неколкуте кои и многу добро знаат за стиловите на воините на пример па, еве вака: персиски сатрапи, египетски чувари, индијански воини, селџучки воини, монголски дивјаци, африкански племенски заедници, итн, вклучувајќи ги и новите џихадистички дивјаци, сите ставале шминка на цело лице, почнувајќи од долниот дел на трепките кај очите. Најчесто за да бидат пострашни. Ете го, кал Дрого од дотраки племето, тоа се шминки кои ги имале многу лидери тогаш, и толку. Денес не само што таква шминка е страшна, туку е и вон нормала. Ај сега да почнеме да се шминкаме сите, карминче, пудри, сенки, светлини, креони,... Како би изгледало?
Ali toa sto nekoj saka da se sminka po avtomatizam ne znaci deka i ti i tie sto ne sakaat moraat da se sminkaat. Zasto ides od krajnost u krajnost "ili site ili nieden"?
Не би рекла дека оваа дилема целосно се потпира само врз основа на променливите општествени правила во текот на историјата, туку сметам дека покрај нив, стои и валидна биолошка основа која се надополнува и истовремено објаснува зошто моментално живееме во период каде шминката за машките се смета за "невообичаена" или има "хомосексуален" карактер. Имено, повеќето мажи се привлечени од физичките квалитети под влијание на половиот хормон естроген. Тие се одвратуваат, барем кога станува збор за сексуална привлечност, од физичките квалитети под влијание на тестостеронот. Грубоста, која вообичаено е машка карактеристика, воопшто е физичка карактеристика под влијание на тестостерон. Меѓутоа мекоста/ нежноста има голема тенденција да бидат карактеристични влијанија на жените. И покрај тоа што и мажите и жените ги имаат двата полови хормони во нивните системи, жените преферираат да покажауваат поголемо влијание на естрогенот затоа што тоа ги манифестира женските атрибути, додека мажите претпочитаат да изгледаат погруби затоа што тоа го покажува нивното влијание врз тестостеронот. Начинот на кој жените денес ја употебуваат козметиката и шминката е за да ја направат кожата помазна и без несовршености, очите да им изгледаат поголеми, отворени и попривлечни, полни усни со кармин и сјај...или со други зборови, да ги истакната оние карактеристики на лицето кои се под влијание на естрогенот. Но како што историјата ни покажува дека и мажите во одредени ери подеднакво употребувале козметика и шминка како и жените, и со самото тоа не секогаш ги истакнувале машките карактеристики под влијание на хормонот тестостерон, главната причина за ова е поради различната култура и практиката која се развила за да се задоволат тогашните стандарди за привлечност кои константно еволуирале. Целта за луѓето да изгледаат привлечни, без разлика во која ера живееле или ќе живеат, е всушност биохемиски процес кој е познат како "љубов" со цел човековиот вид да се разможнува за да не изумре. Инаку, поради стигмата против мажите кои користат шминка во текот на овој период, може да се формира врската помеѓу суетата и женските асоцијации на хомосексуалноста. Женственоста на таквите, можеби, ги опколила името на црквите од Средниот век, што резултирало во потсмев на мажите кои користеле шминка.
@Keanu_R.Wick Да кажеш дека ради машките кои се шминкаат се срамиш од сопствениот пол, е исто како јас да кажам дека се срамам што сум женско пошто ете постојат жени кои не се шминкаат. Нема логика едноставно.