Ама,да речеме дека треба да одржиш говор пред 100 души. Модрицата е голема,а немаш медицински средства и помагала при рака,но твоја пријателка има пудра.Дали би ја замолил да ти ја даде да ставиш малку за да ја прикриеш модрицата или така без срам ќе говориш?
Немам намера да те убедувам, не дека ќе те предомислам, туку само погледни го линков и ќе се запрепастиш колку од машките светски познати личности, меѓу кои и спортисти, кои за вас мажите се на пиедестал што се тиче машкост, користат шминка, дури и многу повеќе од пудра, па ете сепак секоја година завршуваат на листа на најпосакувани мажи. https://www.therichest.com/lifestyles/15-male-celebs-we-didnt-know-wore-makeup/
Бибер ми го покажуваш? Бљак.... Од нив, Траволта и Деп ми беа едни од омилените. Сигурен сум дека по шопинг и светот не шетаат со шминки
Кои се на листа? Не знам што е работата, но бавно ми го отвора линкот. Претпоставувам К. Роналдо е прв
Ако жена може да продаде цел филм, ќе продаде и шминка, нели? Си гледал ли филм од првата половина на 20ти век, за бар малку да имаш претстава што зборувам?
Колку што сфатив, темава подразбира редовна употреба, мажи кои како и жените имаат навика да се шминкаат пред излегување од дома или кои можеби дома се исто така нашминкани. Слики од пресови, црвен тепих, фотосесии е излишно да се коментираат, логичен избор е шминка ако нејќат нареден ден да се видат на насловна маслосани или како духови, но гледате дека и на ТВ машката шминка се разликува од женската по тоа што е во 99% случаи суптилна или неприметна, така што, тоа не се адекватни примери за пласирање еднакви стандарди.
еј дај бе оладете малку со те едно исто,океј сфативме дека вие жените тука сте хард кор либерални небаре сте растени и воспитувани у САД. Шо тогаш се палите по билдери и батки у костуми? Ај идете таму барајте си некој со нацрвени усти и образи светлуцави од Huda хајлајтер.Остајте ни ги тие маженствените фраери на нас ненормалните шо не прифаќаме машки што се шминкаат,а не тука да ни се мешате у бизнис.Бич плиз
А што има тебе да те привлекуваат одреден тип на жени,глеј си таму твојот живот.Како имате време да се замарате за нешто дали ме привлекува дали ме нервира..... Или не ви се доволни вашите проблеми па си наоѓате издувен вентил
Про - либерални жени не смеат да сакаат мажествени мажи? Мора по дифолт да сакаат нашминкани? Каква врска има либералноста со изборот, ,,предрасудата" и преференцијата за привлечност?
Ако нешто ти се допаѓа и го поддржуваш,логично е тоа да го сакаш и да те привлекува. Ако мене ми се допаѓа кока кола,сигурно у кафич нема да порачам швепс.
Грешка. Не пишаа дека им се допаѓаат, пишаа дека ги прифаќаат. Не им пречи постоењето на такви лица. Постои разлика. Тие немаат предрасуди, ти имаш.
Инаку не гледам ништо страшно во тоа што рекол дека му се згадил родот. И мене ми се згадува родот од некои што ги знам под епитет што не сакам сега да го именувам. И океј е, не значи дека сум против нив, само не ми се допаѓаат и толку. Мора од сѐ натпревар да се направи, па за да докажете колку сте во право и слики од племиња и глумци по театри ставате. Едно со друго нема никаква смисла, ама па вие си знаете.