Џони Деп и кога не е пред камери носи малку шминка. Да го повторам прашањето,дали би прекрил огромна модрица на образ со пудра на твоја другарка ако немаш медицински средства и помагала при рака,а треба да говориш пред 100 души?
Тоа го знам ама ми беше страв од ДЃавол да го пишам машко не смее да пише вакви зборови значи следни се мажите за шминкање, мхмм.
Би си нацртал мало смајли со уста и очиња, вакво >_< со пудрата ќе најдам начин да биде интересно. Секогаш, во сѐ.
Како тоа може од некој да ти се згадува родот, а не си против нив? Да, страшно е некому да му се гадиш само зашто ко маж користиш шминка и да те покажува со прст ко кловн. И да, и тоа како имаат врска глумците и користењето шминка кај мажите низ историјата. Тоа покажува колку е бесмислено, зависно од наметнатите општествени норми и лицемерно замарањето и гадењето од тоа дека мажи се шминкале. Не е натпревар, дискусија е на форум. Некому му се настапува со аргументи, а не само да се кикоти и да се уфрла со глупи доскочици.
На кој му е глупо машко со шминка, треба да му е исто глупо и женско со шминка. Кај пиши дека за жени е ок, а за мажи не? Кој како сака, нека си прави... Сенкир вас ве тераат да правите како нив. Ептен е без веза, да се осудуваат вакви банални работи. Ко баби на порта сте некои.
Па,да.Сакаме да ти кажеме дека носењето шминка е прастара пракса.Ако не било чудно на лицето на Рамзес,не треба да биде чудно ни на лицето на Доналд Трамп,Груевски,Заев,Џони Деп и обични граѓани.
Оф... Тие и коси фарбаат, и сјај в очи за да им се допаднат на фановите бе душо, тешки милиони имаат луѓево што ги наброја. Пица-доставувач, таксист, келнер, мене и електричар никогаш нема да видиш со шминка
Значи може да не ти се допаѓа нешто, да ти се гади од самата помисла и од нештото што се прави, а да немаш време да си против самата личност, да мразиш или да потенцираш кон некого поради тоа што го поддржува истото. Иначе ја во мое опкружување, па и пошироко немам видено маж што користи шминка исто како што користат и женските, во секојдневни прилики. Кога ќе го видам, што би направила? Ќе му се опулам и никому ништо, мене тој не би ме прашал дали го оправдувам неговото пројавување такво. Башка и не реков дека ми се згадува родот од такви, ми се згадува од курветини ама не сакав да бидам дрска и да употребувам такви поенти. Инаку правев паралела како може да ти се смени мислењето за родот, колку и да не генерализираш и слично. Глумците низ историјата сами не се шминкале, туку сигурно имало тим, како и денес што работи со нив и ги средува, камена пудра, коректор и слично не е некој биг дил. Ама кармин никој не носи за излегување, ни пак носеле. Нема тука норми и правила, не може едноставно сѐ да биде за машки и женски, треба да се тргне една црта кон некои работи. Ова му дојде исто како човекот не е преодреден за да е моногамно суштество, ама нормите така го направиле. Значи карминот не е само за женски, така општеството со своите стеги го наметнало тоа... На човекот културата и баш нормите во една заедница му наметнале да биде полигамен, пример во муслиманската религија, а шминката во племињата и останатите заедници. Бесмислено е што сте океј со сѐ. За да бидете океј и аргументи ќе ископате, иначе фала што ми го класифицира моето убацување, врска нема со тоа што го напиша.
Глумец што се шминка (тим што го шминка) = група мајстори кои работат на интересна фасада; Поединец што се шминка (сам си се шминка, за онака, за до дуќан) = дивоградба на другата страна покрај Вардар. Како да ви кажам...
Еве пример,мои соученици од средно кога им се јавуваше модрица или гребаница или им се распукуваа усните,бараа од нас женските да им позајмиме пудра и сјај. Плус... Моиве од фамилија често порачуваат пици,па ни доаѓаат и момци со сјајни лица.
Мора сѐ да ви е пишано за да биде така? Многу непишани правила постојат, па стоиме до нив. Како сте сите на форумов со сѐ океј, кај да ве најдам во опкружување вакви конформисти или тие само на форум дремат?
Не се зборува за "имам модрица, дај да ставам пудра". Збориме за користење, купување шминка онака како што ние ја користиме. Како рутина, како нешто што нѝ е битно за истакнување на црти на лицето и сл.