Еве ти и нешто од среден век ако сакаш, мажи со перики и шминка која ја користеле за нешто сосема поинаку од она „да бидат пострашни во битки“, туку за покажување социјален статус. https://18centurybodies.wordpress.com/2013/06/05/male-make-up-in-eighteenth-century-england/ Инаку, мислења само со смајли и „да, добро, така е“ се забранети според правилата. Намали со спамот. Не беше за тебе тоа со убацувањето, али не е битно. Другпат не употребувај ич такви поенти ко со „курветини“, можеш ти и подобро и подобар впечаток оставаш на форумов. Другово ти е тешка каша-попара. Низ историјата не се шминкале само глумци, тоа дали некој друг те шминка или сам не прави никаква разлика околу придонесот на шминката кон „машкоста“ и „нормалноста“, а шминката е многу поплитка тема од моногамија/полигамија наметната од религија (и опресивна кон жената) за да нè загрижува слободата и да ни се потребни граници околу неа. И да, ни не се пишува со надреден знак. Поздрав
Да уловат некој политичар приватно со црвен кармин, јавното мислење и медиумите под контрола на противниците ќе го уништат, сметај ја неговата кариера за завршена. Во денешно време е така и ќе биде уште неодреден период.
Политичарот става по нешто што не се приметува и не во сите прилики. Да го видат со црвен кармин, ќе го прогласат за травестит и манијак. Тоа е реалноста.
Спомнати се и други лица. Но,ако членот Кијану може да го гледа Џони Деп со тон шминка пред камери и да не му смета тоа,нема зошто да му смета и келнерот Станко со сенка,ајлајнер и пудра.Шминката на Станко нема да му ја загади супата или да го натера членот Кијану да стави шминка.
Како си ти компетентна да збориш за спамирање, кога моето НЍ(да, прочитај го поголево вака еве) не е тема на муабет, сама без некоја потреба си влагаш во оф топици. Ќе употребувам поенти што сакам да ги искористам, некој ако се навреди или се препознае воопшто не ми е гајле. Имам право да си го искажам мислењето ама баш како што сакам, дали ќе биде бришено, едитирано - пак не ми е грижа. Тоа што не ви одговара е каша-попара. За мене е вашето каша-попара и нема смисла. Терате некои филмови и феминизмот го отеравте во погрешна насока. Во свет со малограѓанштина сите сте исти, горе-долу невидени конзервативци, ама на форум сте најгласни. Ако на форум сте вакви, тогаш зошто постојат уште застарени мислења? И не прифаќаме лесно многу работи, м? Баш ме интересира како ќе биде еден ден детето ваше да сака да си игра со шминки и да се шминка на мала возраст(ако е момче). Дали ќе му ги криете шминките или ќе бидете и тогаш либерални, па нема да ви пречи? Ама отом потом, а?
Леле бе лелеее тоа последното ти е најјако. Од тие мажи со шминки и перики денес има кончити и не ти знам какви.
Колку што ти имаш право да си го искажеш мислењето, толку има право и друг да ти го побие. Освен темите за муабет, во другите има судир на аргументи, бранење на ставови - и тоа е нормално. Феминизмот можеби во некои сфери оди во погрешна насока, но муабетот на темава и штитењето на мажи кои не подлегнуваат на родовите норми ни најмалку не е дел од тоа и одраз на истото. Не, нема да ми пречи ако моето дете сака да си игра со шминки и не би му ги криела, гарантирам. Кој сака нека верува, кој не - воопшто не ме тангира. Сторијава ја имам постирано пред некоја година и пак ќе ја ставам тука. Е вака би постапила и за мене ова е пример за прекрасен родител https://www.theguardian.com/technol...pink-nail-polish-sparks-outpouring-of-support
Не беше Специ,туку ти и Кијану го почнавте оф топикот во СДК. Еве,во други теми веќе сум кажала,јас кога бев дете повеќе си играв со пушки,пиштоли и ножеви отколку со барбики.Машко не станав. Така и за машко дете.Тоа што си игра со шминки не значи дека утре ќе стане жена. Тоа е личен избор.Современото општество не форсира шминкање,туку нуди избор.
Побиј ме, ама што ми влечеш мислења од претходни теми во кои не си ни била вклучена? Како 24часовен демнач и запишуваш сѐ кој рекол и што направил. Може да се побиваме до утре, ама која е поентата, кога јас, а верувам и ти - ќе си останеш на своето. "Штитењето" на мажите и жестоко спротиставување на мажи кои не подлегнале на никакви норми. Нема тука подлегнување на никакви норми, едноставно прост пример. Машко што се шминка ви е океј, а женско што не се депилира и оди цела влакнеста не ви е океј. Епа ете не подлегнува жената на родовите норми, нема ни да се бричи ни да се депилира. Одма ќе зборите како била несредена и влакнеста. Нема поента муабетов да се збори, постои шминка и таа е за жени, не за мажи. Мажите што се шминкаат, а искрено немам видено да шета некој по улица со шминка затоа што се спротиставува на родот зошто е машко, не ми се убава слика. Може што сакаат да прават, ама дека ми е океј, само ќе си лажам овде по темиве.
Не сакам да ги коментирам ставовите на членот, негови се, ги одбрал и гледате дека не може да му се влијае. Не е Кијану од Фемина виновен што предрасудите спрема шминкани мажи се нашироко застапени, небаре правило. Да не беа, и Доналд Трамп ќе го гледаше разубавен како Анџелина Џоли на мојов аватар.
Што е поентата да донесеш мислење од друга тема за да го "побиеш" членот? Во тоа лежи многу потрошено време на форумот и голема доза на мизерија.
Ама кога ќе престанете со заклучоци за луѓе што не ги познавате? Не, на никој начин не ми пречи ниту жена да оди ниту без шминка, па ни недепилирана. Единствено нешто што може да ми пречи е отсуство на основна хигиена непријатно и за другите во околина, кога очигледно личноста има услови за да ја оддржува. Подеднакво ова и за мажи и за жени. За правописот на шега чепнав бидејќи и тука сега така го имаше пишано, и гледам допирна точка дека настапуваш со инает кон цитирања, поправки и аргументи, што ич не е добро, ниту прикладно за на форум
Сум шетала недепилирана и во фамилија имам недепилирани блиски и роднини.Тоа не ми смета ни кај странци.Нивен избор е.Не ми смета.Не ми смета ни нашминкан маж.
Не те прашав дали ти пречи жена да оди без шминка, а кога ќе размислам - не те ни(овде не ми треба надреден знак) прашав дали ти пречи жена да оди недепилирана. Туку дали е потклекнување на родова норма ако не одиме по кратки пантолони, а нозете нѝ (изволте) се цели со влакна? Е, тоа те прашав. За хигиена не дискутирам, не ми мешај теми. За правописот не чепкај во теми на кои не им е место. Не си ти таа што треба да одлучува дали некој пост е прикладен за на форум или пред да ги пишувам постовите, прво да се консултирам со тебе за да ми кажеш дали ги исполнува мојот пост критериумите за да биде објавен? Ако се прашувам ја, некои личности не се прикладни за на форум. Ама не се прашувам. Ако некој треба да ме банира, предупреди, избрише мислења, се модераторите секако. Не ти.
Не ми пречи, само не одобрувам, ни пак ми е убаво. Ако видам некого - нема да му се степам. Ни пак сум видела маж што шета таков, значи сепак постојат некои граници, јас не ги измислив.
Јас сум видела.Спомнав претходно,не ми се допаѓа премногу шминка кај некој,но не ми ни пречи. Не е битен физичкиот изглед,туку внатрешниот.Сепак,ако некој подобро се чувствува нашминкан,нека си тера.Ова да го кажевте ти и Кијану ќе беше прифатливо.