Не мислам дека и утре ќе видам нашминкано машко. Ни пак сметам дека шминка е за машко. Го поддржав машкиов член со комплицирано име и направив паралела - како е кога ќе се згрозиш од родот. Ми се има неколку пати случено, ама конкретно не за оваа тема. Јасно и гласно кажав од кого ми се згрозило... и така.
Не ви се допаѓа шминка на машко само зошто се навикнати да гледате шминка на женски. И поради тоа пишувате страници и страници со контрања. Као дајте озбилно, не ни изгледаат ниту одвратно, ниту вулгарно. Им стои шминка на некои машки, на некои можеби не. Како и кај женските. Еве примери некои, дали стварно мислите дека е толку прелошо? Не знам дали јас сум ненормална или “толку ми е отворен умот што мозокот ми истекол” , ама не би имала проблем да имам брат/син/професор whatever што одлучил да изгледа вака:
Дали тоа што јас ко мал сум си играл со барбики, шминки и други "женски" работи, те прави нешто повеќе од мене во животот? Продолжи да се гордееш со тоа што не си, многу голема промена правиш на светот за разлика од нас либералите што дремеме на форум и немаме живот.
Кого лажете дека гајтан веѓи на машко ви се убави нешта? Прво, до вчера ги хејтавте сите со прецртани и црни - катран веѓи. Второ, тврдам дека НИЕДНО машко, по своја ВОЛЈА не сака да излгеда така ако е машко. Трето, не мешајте хигиена и пот со влакништа и шминка.
Го зедов за пример, затоа што имам слушано од фамилија во мој град, луѓе што на машко момченце му ги тргале шминките. Од кои причини не знам. Ние истото во Македонија секаде го правиме, патиме од што ќе речат луѓето и многу либерално се претставуваме на форумов како за држава со големи граници. Мали деца не знаат уште многу за родови разлики, а ние како луѓе што се плашат од малограѓанштина - првото нешто што ќе го направиме кога ќе видиме таква слика, ќе му ги земеме тие работи. Јас не би. Ама сметам дека и пола од овие на форумов, би го направиле тоа. Јасно е дека цел свет е со застарени сфаќања, и пола од родителите наши се со конзервативни сфаќања/ Како е можно тие да одгледале вакви деца? Или јас само олку отворен народ на фемина сум сретнала, еве не знам.
Шминката е декоративна алатка, за разубавување и корекција на недостатоци и истакнување на она што може да се истакне, а не магично средство што може да му ја збрише цела машкост на еден маж кој ќе ја користи.Толку сериозно сте ја сфатиле, демек ако маж се нашминка женско ќе стане.Во тој случај треба да се осудуваат и жените кои воопшто не се шминкаат, зошто па тие да имаат избор? Шминката не е само пренагласување со контури, сенки и кармини, изглед на drag queen, шминката може да биде и суптилна а сепак да направи разлика, така што не гледам ништо страшно да ја користи било кој маж, било да сака да направи корекција или да нагласи одредени црти.Не значи дека автоматски ќе добие женствен изглед, шминката може да се искористи во многу различни намени, зошто па мажите да бидат осудувани ако одлучат да ја искористат за разубавување?
И членовите на LGBT или LGBTQ се создадени од Бог. Ако Бог не сакал такви луѓе,немало ни да ги пушти на планетава. Ние конзервативците кои веруваме во Бог не треба да се гадиме од тие луѓе,ниту пак од хетеросексуални мажи кои се шминкаат затоа што сите луѓе се Божји чеда.
Друго е да играш со барбики, друго е да почнеш да облакаш фустани и да се шминкаш. Во странство е океј, во Македонија одма не чини.
Токму така. Го фатиле Џастин Трудо дека дури три пати се шминкал и тоа јако, толку јако што бил црнец на маскенбал. Тоа во цивилизирана Канада не е прифатливо. Го распнаа чоекот. А јас уште не можам да сфатам зошто. Чудесен, чудесен свет. Бтв не беше лицето З.З. едно стопати шминкан на карневалските маски дури беше градоначалник?Или строго за кармин се праи муабет?
Да, строго за кармин се праи муабет. Дотичниот се облече и како жена, но тоа беше маскенбал. Ај одговори сега оти на работа во влада не се појавува таков.
Не го спомнувај на празно името Божјо. Друга работа... Бафомет, сатаната, не ти изгледа малку како травестит?
Го *распнаа* пошто т.н. blackface е далеку од обична јака шминка и маска, туку историски е симбол и одраз на расизам (боење на кожата од страна на белци за карикатурно претставување на црни ликови во театрите) и оттаму сензитивна тема за црнците. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Blackface
Од желба за внимание и од љубов кон шминката. Ако им ја скршам шминката ќе паднат во факин депресија.
Не, ти го спомна, викаш Бог ги создал такви да бидат бла бла бла... Бафомет = травестит со рогови и копита. Е тој е приказот од стари раскажувања за тоа што ќе нѐ снајде денес.
Љубов кон шминка е нешто од кое се пати? Дијагноза е? Не ги знаеш лично за да можеш да кажеш дека патат за внимание. А и да патат за внимание, не е толку страшно. И ти патиш за внимание и ради тоа си дојден на форумов за внимание од женски што ме го добиваш во реалниот свет претпоставувам па продавајќи приказни како си фин и мил пробуваш али ептен се издаваш низ некои теми.