Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машки кои се шминкаат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Isobel, 2 јуни 2018.

?

Дали имате нешто против мажи кои се шминкаат?

  1. Да

    68 глас(а)
    33,2%
  2. Не

    137 глас(а)
    66,8%
  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    @Keanu_R.Wick очекуемо фотка у Вашата шминка низ слики. Твоја лична.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.148
    Допаѓања:
    124.976
    Пол:
    Женски
    Да не си Хитлер или Мусолини? :rofl:
    Не јас.Јас велам дека сите суштества на оваа планета се Божји креации.
    Бог не вели да ги заколиме поинаквите од нас.
     
  3. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Не претпоставувај многу, ако ме запознаеш некогаш ќе ти биде чудно колку не си била во право.
    Погледни ги сироти, мора да се шминкаат. Ни самите не знаат зошто :)
    Сигурно и танѓи носат.

    Не вели.
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2019
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.148
    Допаѓања:
    124.976
    Пол:
    Женски
    Не делуваш на лош човек,само на недоволно информиран.
     
    На Oxymoron, theowndemon и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски

    Дека шминката не е создадена за мажи. Да сакаа мажите шминки да речеме, ќе имаа пасија како мене и немаа да се раѓаат со други пасии покарактеристични за родот.
    За мене шминката е женствена работа, а и штиклите и што знам што друго. Не верувам дека хетеро маж сака од чиста мира да се шминка или да изгледа како женско.
    Цело време алудирам на тоа како нештата се раздвоени по родови поради половите карактеристики.
    Е, сега за транс заедницата... тоа е веќе малце поделикатна тема.
    Не е нешто што го гледам секојдневно, многу мал дел од популацијата се членови на ова. 50% од мене вели дека немам проблем и дека кога ќе видам такво машко ми е нормално, 50% конзервативното ми вели: „па да, океј е, ама дали вака треба да изгледа едно машко? Невермајнд“ И не се замарам, оди како сакаш, јас и да мислам и да не мислам, не дека некој ако решил да биде таков, ќе му пречи моето мислење или ќе го поколеба.
    За нив ми е океј шминкањето, бидејќи нивниот став околу менувањето пол сосема го потврдува тоа. И хомо мажите исто.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Како тоа шминката е полова карактеристика?
    Жените се раѓаат со шминка?
    Или може им расте шминка во пубертет, заедно со цицките?
    Тоа дека жените треба да се шминкаат, а мажите не, не е никаква полова карактеристика, туку како што веќе кажав, општествена норма.
     
    На smooch, RoseRain, Oxymoron и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    178.977
    Ама дали тој карикатурално глумел црнец или едноставно бил маскиран? Стварно незнам, не сум информирана. Бтв во доба на Шекспир, сите глумци биле мажи па логично глумеле и женски ликови, ама не знам дали постои соодветна паралела, дека е денес неприфатливо маж да се преправи во жена.
    Како и да е, со оваа сензитивноста на се и сешто, на дел од светот им се намалуваат слободите и се принудени на автоцензура. Што за мене како поборник на слобода, не е ок.
    Секој би требало да биде слободен да се однесува како што му одговара, нормално дури не загрозува нечија друга слобода, па нека е тоа шминкање или маскирање во пепелашка. За жал, дечкото портпарол кому му ископаа слика од маскенбал со јамболија, инстантно ја заврши кариерата.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    OПШТЕСТВЕНА НОРМА која произлегла од процесот на еволуција и половите разлики. Не го смислив ја, ниту пак ќе одам против него.
    Не се раѓаат со шминки, ама и те како растат и созреваат со различни интереси од нас женските. Не преферираат шминки, освен како што кажав, останатите ликови што не сакам да ги етикетирам.
    И не го смислив ова ја, речи дека е општествена норма. Ама не е општествена норма од вчера, ни во времето на бабите мои, ни во нивните предци не се шминкале машки. Така да...
    Ете да речеме се шминкале, ама по дифолт не значи дека сите машки искажуваат таква желба.
    Да, норма ти е, наметнато ти е ама ако во 10 машки, 2 одлучат дека сакаат да се шминкаат тоа не ја побива нормата.
    Многу сакате да испревртувате работи и да негирате сѐ. Ама не оди така во животот...
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Не знам за нив, јас признав дека не сум информиран за сѐ.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Еволуција?
    Имаш ти претстава што е еволуција воопшто или ти се виде интересен зборот?
    Ако се работеше се еволуција, ќе почнеа нашминкани жени да се раѓаат.
    Најобична норма поставена од општеството и подложна на промени, исто како таа дека жените мора да носат фустани, а мажите пантолони.
    Баба ти не смеела да облече пантолони зашто ќе и се смееле и ќе ја сметале за маж, исто ко ти што им се смееш на мажите со шминка.
     
    На sj *O*, RoseRain, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Па така де, норма.
    Ќе ме оставите без спиење...

    Следно е, многупати споменатото, машко со танги? Оти нели и тие не се наменети строго за жени. Ех... Е*ан е патот до елџибито.
     
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Не бре, еволуција се и тангите.
    Ете иди на гинекологија, женски бебиња се раѓаат со шминка, танга и барбика во рака, а машки со боксерици и пушки.
     
    На sj *O*, Harper, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Како што течел процесот на еволуција, не само што било забрането да имаш нагони што се неприродни и спротивно на она како е замислен да функционира светот, туку било и најстрого казнувано. Не дека немало истоимени привлекувања, едноставно не смеело. Е, кога престанале со масовното гонење на развратниците и неморалните, па дури и болните како што биле нарекувани почна слободата, која постои, ама и денес е фикција.
    Прво, ако некој пред мене ја завршил работата и решил дека жената треба да носи сукња и дека таа не е за машко, која сум ЈА сто години после тоа да оправам норми кои, ќе речам не по некоја случајност постојат.
    И друго, не се смеам на машки што се шминкаат. Им се чудам, ама не ме засегаат и не го заслужуваат моето внимание. :)
    Никаде не спомнав дека се смеам, убаво ми наметнувате глаголи, супер.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Во еволуцијата девојчето алудира на тоа дека е одделено машкото и женското, фустанот и фармерките, шминката и брадичката, штиклите и кондурите итн. Што тресете?
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Во минатото машките носеле штикли. :)
    Ако гледаме од еволутивен аспект, машките треба да носат фустан/здолниште поради удобноста која ќе им ја нуди на половиот орган.
    Али да, општествени норми, не толку многу еволуција во случајов.
     
    На sj *O*, Oxymoron, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека со еволуцијата многу од работиве требаше да се сменат, нели општоприфатени норми подлежат на промени? Епа не можеш да го промениш нешто што опстојува со ВЕКОВИ, и се провлекува во човечкиот корен.
    Едноставно слободата е многу битна работа во животот. Ќе бидеш што сакаш, ама на тоа како ќе те гледаат другите не можеш да влијаеш.

    Баш поради удобноста и физиолошките потреби, мажите не треба да носат сукња. Нив им е незгодно кога ќе доживеат ерекција преку фармерки, не дај боже сукњата да се крене горе.
    Кажувате глупости.
    Да, носеле штикли? Тогаш како ние природно знаеме да одиме на штикли и да не сме носеле претходно, а мажите имаат потешкотии?
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2019
  17. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    https://www.bbc.com/news/magazine-21151350 Да, носеле.
    Аха, природно. Зашо ја изгледам ко да сум пијана ако се качам на штикли? И не споменувај природно со штикли, штиклите екстремно оштетуваат стопала и се ептен неприроден начин на движење.
    Додека пак погледни ја групава машки со штикли:
     
    На Oxymoron и nextredstyle им се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Ти дефинитивно немаш поим што е еволуција, си го слушнала негде па ти е интересно да го користиш.

    Еволуција е промена на карактеристиките на одредени видови со текот на генерациите.
    Пример за еволуција кај човекот ти е фактот што почнуваат да се раѓаат луѓе без умници затоа што исхраната на луѓето се сменила и тие веќе немаат потреба од умници.

    Дали почнуваат жени со шминка да се раѓаат?

    Дај едуцирај се, се расфрлаш со поими за кои поим немаш што значат и звучиш смешно.
    @Keanu_R.Wick истото важи и за тебе.
     
    На Harper, Oxymoron, RoseRain и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Може и ноктите ги лакирале.
     
  20. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Може. Имам неколку другари што ги лакираат. Имаат и девојки. И им стои лакот на ноктите.