Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машки кои се шминкаат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Isobel, 2 јуни 2018.

?

Дали имате нешто против мажи кои се шминкаат?

  1. Да

    68 глас(а)
    33,2%
  2. Не

    137 глас(а)
    66,8%
  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ти, сфаќаш дека ти велам КАКО ШТО ТЕЧЕЛА ЕВОЛУЦИЈАТА(Како од праисториско време сме стигнале до ова), НОРМИТЕ ОСТАНУВАЛЕ ИСТИ?
    Не почнале мажите да носат штикли и фустани, останало така.
    ЗНАЧИ КАКО ЕВОЛУЦИЈАТА ТЕ НАПРАВИЛА ТЕБЕ ЧОВЕК КАКО ШТО СИ СЕГА, не се сменило ништо. Не била потребна идеја да се прави шминка и кармин за маж, ниту било потребно фустани да се произведуваат за мажи. Да имаше потреба, немаше да има машки и женски продавници. Ќе си купувавте во бутици за жени и сите среќни и задоволни.
    И да не почнуваат да се раѓаат со шминка, она што сакаат да го правам сигурно не е да пуштаат брада ниту да си цртаат мустаќи.

    Дај ти научи се на самоконтрола и лечи фрустрации на други места, затоа што не следиш што ти кажувам, битно ти е кој е повеќе во право.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Битно е дека знаеме биолошка дефиниција за зборот еволуција.
    Кое право си го земате на форумов.
    Дури и се дрзнувате да ми забраните збор да употребувам?
    Ви звучам смешно? Да, и мене ми звучите смешно со разните глупости што ги пишувате, ама не сум постапила толку дрско и не омаловажувам до тој степен да се расфрлам со навреди и да кажувам дека некој врска нема што пишува.
    Во случајов сѐ што ми наметнувате, сте вие.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.913
    Пол:
    Женски
    Во минатото, шминката ја користеле и мажите, дали за истакнување на социјален статус или само декоративно, сепак ја користеле, а исто така и штиклите не се нова појава специјално создадена за жените од 21 век.
    Во различни периоди од историјата, се наметнуваат различни општествени норми, тоа што ние денес во нашата култура сме прифатиле дека шминката е за жени а за мажи не, не е вооошто доказ дека користењето шминка доаѓа природно.Истото важи и за облеката, тоа се работи кои се менуваат со текот на времето и не важат апсолутно истите правила и норми низ сите генерации и векови.
     
    На Oxymoron, VoodooGirl, Asparagus и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Комична тема.

    Ниту една, ама буквално ниту една од девојките кои наводно прифаќаат нашминкани момци, таков не би фатила за дечко. И викаат нема ништо спорно овде. Е има.

    На пример, да се отвори тема Мажи кои носат црни кожни јакни - и некои да почнат да пишуваат мислења од типот, таквите мажи се одвратни, све се тоа олоши, мафијаши, наркомани. На ниедна нема да и се смени мислењето во врска со мажите со црни кожни јакни.

    Паралелата е навидум глупа, но јас сметам дека е сосем на место. Шминкањето е моден избор исто како и носењето кожна јакна. Едното не ви смета (на многумина ви е и секси), другото скроз не ве привлекува. Зошто? Нели ги прифаќате? Ако навистина ги прифаќате, тогаш нивната шминка не треба да игра никаква улога. Со шминка или без, најбитен е карактерот.

    :rofl:

    Замислете маж со топ карактер, прекрасно се однесува спрема вас, арно ама црн креон околу очите (тоа ли се ставаше таму?!). Ништо од работата, а?

    Ај да не се правиме наудрени, и на вас ви се гадни ваквите момци, но либерализмот ви вика дека тоа ве прави затуцани.

    Па затоа гадењето го потиснувате длабоко во потсвеста и глумите дека ги прифаќате. Но тоа гадење не исчезнува, затоа не ги сакате во ваша непосредна близина, што е типичен пример за когнитивна дисонанца. Вистинското прифаќање значи дека ги ставате на исто рамниште со останатите, односно дека нивната различност не ја менува вашата перцепција спрема нив на било каков начин.

    Иначе, ни јас не сум против мажи што се шминкаат. Нема да ги тепам, ниту да ги пцујам на улица. Само ми се крајно одвратни, од естетски аспект...
     
    На Keanu_R.Wick, christinnn и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Не девојчице, нормите не останале исти, нормите се менуваат постојано.

    Само до пред стотина години, па и помалку, норма било жена да носи фустан (во никој случај панталони), да не се образува, да стапи невина во брак договорен од татко и, да биде домаќинка, да чува деца, додека мажот заработувал и не ни помислувал да се бави со домашни обврски и деца.
    Благодарение на промената на тие норми ти денес чмаеш на интернет.

    Прашај ја баба ти дали се шминкала или депилирала, ќе бидеш изненадена од одговорот што ќе ги слушнеш, ќе ја сруши твојата илузија дека жените се шминкале и депилирале од почетокот на времето.

    Инаку мажите носеле сукњи во голем број култури низ историјата, тоа што немаш поим за тоа е друга работа.

    Пошо мене веќе ми се спие, еве ти го линков ко за почеток едуцирај се малку, ако воопшто знаеш англиски.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Men's_skirts
    https://www.bustle.com/p/the-history-of-men-skirts-58088

    И престани поимот еволуција да го користиш, очигледно не му го знаеш значењето.


    341px-Workshop_of_Hans_Holbein_the_Younger_-_Portrait_of_Henry_VIII_-_Google_Art_Project.jpg 350px-Ulrich3mecklenburg.jpg h5_32.100.119.jpg
     
    Последна измена: 22 септември 2019
    На Harper, smooch, candy.cane и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Норма било да носи фустан жената, па затоа и останало таа да носи фустан, а не мажот ѝ. Ако не смеела да носи пантолони, тоа значи дека денес има избор. И фала богу што има избор денес.
    Некои норми се прифаќаат, ама во никој случај не се искоренуваат во целост, дел си влечеме и денес... Дали си свесен/а дека негде, некаде постои маж кој не сака жената да работи и вели дека таа е само за во кујна. Да, постојат закоравени мислења и ќе постојат.
    Тие норми не исчезнале со текот на времето, знаеш нели? Жената се изборила за нив.
    Тоа што мислиш дека само ти знаеш дека мажите носеле сукња не те прави паметен, ама кога било тоа? Кога ловеле дивеч и биле дел од племенска заедница?
    Како што кажав некои норми се прифатиле, така не по случајни околности се искоренила сукњата кај мажите бре.

    Всушност, кој ги создава тие норми? Самите луѓе, тие одлучиле така да биде и потоа само прифаќаш со генерација на генерација. Да им сметаше на мажите да носат пантолони, може ќе се вратеа на сукњите.
    А, иначе сосема океј ми е да видам сукња на маж како што ви беше океј Дино Мерлин да носи сукњи во почеток на кариерата.

    Друго, со тоа што ЈАВНО ме потценуваш и дури го доведуваш во ПРАШАЊЕ моето познавање на странски јазик, исто не те прави паметен.
    Интелектот ми го потценуваш, а самото тоа што зборувам и ти се објаснувам ме става на исто рамниште со тебе, а верувај, многу повеќе сум од тебе. Поздрав.
     
    Последна измена: 22 септември 2019
  7. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Еве вака, сѐ ти е кажано.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Ај договори си се сама со себе, дали нормите ги создала еволуцијата како што тврдеше претходно, или луѓето како што тврдиш сега и дали тие норми постојат од праисторијата до сега или се менуваат со текот на времето?

    И нема што да ти го потценувам интелектот, сама си го покажа со купот глупости што ги истресе.
     
    На Harper, candy.cane, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Мораше да се навратам што сум пишала, ОПШТЕСТВЕНА НОРМА која настанала со процесот на еволуција. Знаеш дека еволуцијата е процес, нели? Тоа сѐ ќе ти каже.
    Ако постоела еволуција и луѓето се менувале благодарение нејзино, така нормите се создавале? Ама тие норми се создавале од поусовршеноста на инидвидуите. Така да, за мене е сосем во ред ова што сум го пишала кога знам на што мислам.
    Ако се решиле ова најусовршено животно да има две верзии и дека едната може да носи и пантолони и сукњи, а другата сукња, зошто би се враќала назад и би правела контра-еволуција?

    Не сакаш да размислиш логички, САМО ИСПЛУКАЈ МЕ.
    Те разбирам, полесно е.

    ЕДИТ: Кој е сега полн со предрасуди?
    Ти си тој што ставаш граница и ѕид помеѓу мене и тебе и нашиот разговор.
    Делите совети за тоа како не треба да имате неосновани предрасуди, а имаше куп предрасуди за мене и тоа јавно ги пиша, нема да се навраќам. Тоа си зборува за вас.

    И секако зборев дека не носеле штикли и фустани, никаде не спомнувам сукња.
     
    Последна измена: 22 септември 2019
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски

    Девојчице мила ем драга, еволуцијата ниту создава општествени норми ниту има било каква врска со нив, еволуција е промена на наследните карактеристики на организмите во текот на генерациите.


    https://en.wikipedia.org/wiki/Evolution

    Прочитај и престани да се бламираш.

    Сеа глеам дека и конформист немаш поим што значи, тебе изглеа ти е хоби да се расфрлаш со зборчиња што си ги слушнала "у пролазу" а немаш поим што значат.
     
    Последна измена: 22 септември 2019
    На Harper, Oxymoron, Alisa22 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Цк
    Грешка си... не е комформизам моево... твоето е.
    Моето е:
    Глеј си ја манџата.
    Посебно тебе ако не те тангира, ич да не те боли патиката шо прат другите.
     
    На Oxymoron, Alisa22, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Многу ти завидувам на животот, што дури и ова време успеваш да направиш добри дела и да едуцираш некого, со пази, линкови од википедија.
    Не туку ме цитирај повеќе, поздрав.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Кој шо сака нека прај искрено.

    Ама скрајада е да видам дечко ми да се шминка, брат ми, хмм, ич нема да ми е сеедно.

    Не можам искрено, не ми е убава глетката воопшто. Имам начекано неколку пати на инста машки што се шминкале и ме фаќало смеа. Не се фокусирам на самата шминка, него на појавата - машко нашминкано. И толку..

    Посилно е од мене, стварно.:D
     
    Последна измена: 22 септември 2019
    На Herrera, GirlRose, Keanu_R.Wick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ги имаат, зошто не би ги имале? Мислиш дека мажи не се затрескуваат во слободоумни и либерални жени? Грешиш. Патем, не биди хомофоб, ела да те нашминкам со цел да видиш дека боите на твоето лице не прават разлика во твоето однесување и карактер. :inlove:
     
    На Oxymoron, Alisa22, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Исто како што некои жени не сакаат да користат шминка исто така има мажи кои ја користат.Тоа мора да се прифати.
    Се согласувам.Не сакам да осудувам но нешто ми вели дека има нешто чудно во овој член.Премногу работи прави за да биде допадлив.
    Немора секој кој е различен а го прифаќаме да го турнеме во нашиот кревет.
     
    На nextredstyle и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Единствено што би дозволил на лице е или црвено жолта боја т.е ѕвездата од Кутлеш, или некои војнички шари.


    Ај ај, има безброј форми на еволуција. Ти си се фатил/а само за биолошка како слеп за стап.
    Еволуција на ајфон
    Еволуција на Мерцедес
    Еволуција на устав, закон
    Еволуција на хипхоп, рап, реге, метал
    Еволуција на козметички новитети
    Еволуција на општествени норми
    Еволуција на ајвар (уш малку ќе нема да се прави)
    Еволуција на идиоти на форуми
    И сѐ така до бескрај.
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Е да не го укинеа задолжителниот воен рок, немаше да има вакви теми.
    Машко мора да научи дисциплина, одговорност, да стане у 6, да намести кревет, да грабне тегови, да истрча со полна опрема на себе, да се извалка у кал, да му се појават плускавци на раце, да чува ноќна стража, да работи под тензија, да се стекне со издржливост и истрајност, да научи да биде заштитник и чувар утре на своето семејство. А не да се пресликува по 10 пати за на Инстаграм, да става ефекти на селфиња, да се радува на лајкови... фуј бре тоа!
     
    На Glossy-girl и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Ете од вакви глупости си патиме.Мажот е за она жената за ова.Кој си па ти да одлучуваш кој за што е?Од каде си го земате правото незнам.
     
    На smooch, Oxymoron, Alisa22 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не употребувај збор што не знаеш што значи. Или барем прашај.
    Еволуција и општествени норми се различни работи.:)
    Еволуцијата придонела само до биолошки разлики, а до никакви општествени за облека, шминка итн.:)
     
    На Harper, Oxymoron, Alisa22 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.597
    Допаѓања:
    79.189
    Пол:
    Женски
    Штом сте спомнале поназад општествени норми, тогаш знаете дека има ствари наметнати и прифатени како такви. Родови разлики. И знаете кои се тие. Постојат со причина. И сега вие мнозинството што сте се собрале тука, сакате да ги побиете нив, оти не требало такво ограничување. Има луѓе кои ги почитуваат тие разлики и не сакаат да преминуваат преку нив. И не се будали, не се закоравени ако мислат така. А веројатно, не е ниту до прифаќањето на тие норми колку што е до личните преференции и вкус што е убаво а што не. Само се работи за една обична дефиниција што е женствено а што мажествено во нечии очи. ,,Не ми се допаѓа тоа" и ,,Го мразам или осудувам тоа", се две различни работи. Јас сум од првите. А и повеќето кои пишаа тука. Немам причина за второто, си одлучил некој да се шминка, негова работа. Јас можам само да насочам внимание на нешто друго, наместо да трошам време и енергија да коментирам нешто што не ми се допаѓа.
     
    На candy.cane, christinnn, MysteriousQueen и 2 други им се допаѓа ова.