Радувај се бебе на млеко Ваква шминка е во ред Вакви, краткорочни шминки донекаде признавам. Радувај се бебице Не не, ќе ти речат ZHENATA MOZE I BRADA DA PUSTI A VOJNIKOT DA SE CHUPA I DA SE SHMINKA AKO MU SE SAKA, KOJ SI PA TI DA BIDES PATRIJAHALEN!!!! MRSH PU!!! Требало слобода и еднаквост. Ако знаат за слобода и еднаквост, ја фрлам униформата и одам право во Непал на планина.
Проблемот е што под еднаквост не подразбираат "полова рамноправност", туку сечење на мудата кај мажот и цицките кај жената.
Ќе пишам за мене зошто во раните страни коментирав, јас се согласувам со тебе. Секој си има свое мислење и секој си го организира животот како шо сака. Некој ги прифаќа моментално поставените општествени норми, друг не и тоа е апсолутно нивно право. И зошто се согласувам со тебе, а не со другите на темава е зошто не, само ти си со „Не ми се допаѓа тоа“ што е сосем нормално, не можи сите да бидиме исти, и не треба. Ама другите дирек манаа со „Ми се гади“, „Го мразам“, „Ќе му се смеам“, „Ми го срами родот“, што би било второто од двете кои ги нагласи. И искрено нема шо тебе пример да ти речам „Почитувај ги сите“, зошто ти имаш право нешто да не ти се допаѓа се дур нели, не го мразиш или осудуваш. И не само ти, сите имаат право да им се допаѓа или не нешто, се дур нели, не загрозуваат нечија безбедност или пак не осудуваат. Мислам дека зато толку темава изби. Се најдобро! Е сега шо се случвало во рани утрински часови е каша, као damn people, колективен ПМС да не ве фати. о,О
Приметив еден многу интересен момент, каде @Asparagus направи аналогија каде искористи пример дека за жените во минатото не било прифатливо да носат панталони, па така и денес за мажите не е прифатливо да носат шминка. Споредба на место. @Glossy-girl тоа го изврте во стил ,,епа ете денес останало само таа да може да носи сукња, а не маж, ама фала богу има избор." Во превод: општествени норми, да, ама само кога мене ми одговараат. Глоси, и ти си дел од овој систем. Нормите константно се менуваат, општеството постојано наметнува нешто, а забранува нешто друго. Во античка Грција норма било мажите да се хомосексуалци, во 21 век тоа е сè уште гледано со презир. Во Шкотска во 18-ти век, норма било мажите да носат килтови, во 21 век тоа е гледано со презир. Во Македонија во 1923 норма било жената да носи фустан, во 21 век таа норма веќе не постои. Следиш ли што зборам? По 100-200 години ќе дојдат други норми. А ти си мислиш дека толку е, ова денес е крајниот стадиум за тоа како треба да изгледаат нештата. Таман сме, жените да носат и панталони, мажите да не смеат да се шминкаат, сè е фино. Ајде размисли, исто ко што ти денес не прифаќаш нашминкани мажи, така некој не ја прифаќал баба ти во панталони. Зошто? Бидејќи ете, така на него му е нормално, така го извајало општеството. Ист случај со тебе. Во моментов нормата е men with makeup=bad, и ти се водиш по тоа. Размисли дали сакаш да се водиш по нормата или да застапуваш право на избор, и покрај тоа што тебе ти изгледа лошо. @Maldoror целото мислење ти е под претпоставка дека морам да сум привлечена од некој за да се однесувам decent кон него. Замисли, можам да прифаќам, да поддржувам и да не се однесувам одвратно кон луѓе со кои не би имала секс. Бидејќи не постои сè живо на светов за мене да ми е привлечно. @EvAngelos всушност одлично ја претстави сексистичката позадина на целава работа против мажи кои се шминкаат. За конзервативците шминката е женска работа. Жените ги сметаат за подолу од гомно. Па оттаму маж што прави женска работа е ,,срам за родот", ,,фуј бре тоа" итн. (Тоа дека шминката уствари не е женска работа, туку само пигмент што се става на фаца, дека не е битно кој ќе ја носи и за што, дека секој треба да има слобода на себеизразување, ехееее... Конзервативно испрограмираниот мозок просто не може да го компрехендира тоа. )
Па еве и кога веќе умешавте еволуција да ви кажам дека кај голем број на птици токму мажјаците се поубави, со пошарени пердуви, раскошни опаши за да ја привлечат женката, а не обратно.
Зошто на сила некого правите конзервативен, сексист, не-знам-ти-каков-фоб, на сила им пикате зборови и ставови на луѓето кои не го рекле тоа? Шминката никогаш нема да биде секојдневие, не од оние против, туку и од оние што се за. Едноставно, не би бивало. Дури и жените поретко се шминкаат (ме радува тоа), се губи модата, симболизмот. Како што се изгуби гел на косата на машките, или шотираната коса. Наместо да се зголеми, мислам дека бројот на шминкани ќе се намали Ќе има само како на сликите што ги ставив погоре.
Прва асоцијација, Marilyn Manson. Еден од полошите нашминкани машки ликови. Имаше и ликови на кои им стоеше шминка пр.Себастијан Бах,млад и нашминкан беше убав ко девојка. Но не секој сака наутро дечкото/мажот да го праша " Драга ти ми ја зеде маскарата вчера? Освен корективна шминка,не ми изгледа добро шминка кај мажи,ниту лакирани нокти.
Нема потреба да се дискутира со некој на кој цела историја ќе му ја прераскажеш и на крај ќе ти рече дека едноставно не бива. Океј, живеј во свет каде што жените сѐ поретко се шминкаат, додека во реалноста шминката руши рекорди на продажба.
Проблемот во социјалната психологија е тоа што многумина го забораваат значењето на зборот "тренд" кој трае подолг временски период во човековото општество и поради тоа има одредено влијание врз перцепцијата за "нормално" и "ненормално". Тренд претставува одреден генерален правец каде што нешто се развива или се променува; Со други зборови, самата дефиниција објаснува дека трендот не претставува нешто што е константно. Уште една важна карактеристика за трендот е што истиот не е многу иновативен, па поради тоа одредени трендови најчесто се менуваат во зависност од периодот. Социјалните суштества како луѓето се зависни од кооперативно однесување за постигнување на претпочитани цели и на оние што не придонесуваат или ги попречуваат целите, им се дава непријателски третман додека не се асимилираат. Бидејќи луѓето најмногу ги вреднуваат припадливоста во човековото општество, социјална сообразност и безбедност, сосема е прифатливо истите да имаат силна тенденција да следат одреден тренд кој е моментално популарен, прифатен и практикуван во човековото општество. Бидејќи трендот машките да не носат шминка трае доста долго, тоа влијаело кај одредени луѓе да им се промени перцепцијата за тренд со нешто што се смета за константно правило. Меѓутоа, кога истите тие луѓе се соочуваат со враќањето на тренд од минатото, во овој случај машки кои се шминкаат, тие веднаш реагираат на негативен и скоро бунтовнички начин бидејќи нивните верувања и дефинции за "нормалност" се нападнати и загрозени. Реакцијата на луѓето дека машките повторно почнуваат да се шминкаат и слична како онаа кога ќе слушнеме дека некој сеуште користи стар модел на компјутер или дека го нема најновиот модел на телефон или ајфон. Кај овој пример сфаќаме дека технологијата и козметиката/ шминката се genderless objects, односно дека ниеден пол нема доминација врз нив, но уште поважно, дека самите немаат константен, туку променлив статус. Барем една добра последица која би произлегла од враќањето на трендот за машката шминка би било тоа што ќе се намалува бројот на мажите кои ги обезвреднуваат жените дека носат шминка и со тоа изгледаат "вештачки" или дека претставуваат "false advertisement" како да се некакви продукти, а не човечки суштества.
Да,де,сите само кажуваме мислења. Два табора сме. Ние велиме нека се шминка кој сака,и да не ни се допаѓа тоа,нема да му се мешаме и нема да го ругаме. Вие велите не,шминкањето е само за жени и на маж не му стои,а ако тура,мора да е од оние. А,бе,ајде...
Па од оние, да не очекуваш стрејт да шета со карминче на устето Евангелос го ставаш на рамниште на кладилничар што од билтен не знае подалеку? Гасам нет.
Не туку ти одлично ми ставаш твои зборови и клевети во моја уста, зборови што јас ниту ги кажав, ниту ги мислам. Воопшто не велам "Фуј бре тоа" за женственоста и женските особености, туку за лицата од машкиот пол кои ја аплицираат женственоста врз своето тело. Истото би го кажал и за жените кои би пуштиле брада. Нема ништо лошо ниту погано во машката брада, но доколку жена пушти брада - ФУЈ БРЕ ТОА! И што сега? Дали со ова ги ставам мажите и машките особености "подолу од гомно"?
Од кај тоа ако се шминкаш си педер? Сите водители и актери се шминкаат. Сите металци и рокери и шо ти ја знам се шминкаат и имаат лакирани нокти. Ела да видите шо е ебачиште со црно креонче и налакирани нокти у црно, али батка од 130 кила мускул и тетовиран цел шо врти поише жени у недела него ли вие паламудачи на форумов за цел живот. Кој сака шо сака нека си тура на лице, на уста, у уста, у гз, шо вас ве заболе. Идете ебете нешто, или идете у војска самите, не замарајте тука. А да, и @EvAngelos, ја иам и брада и мустаќи, и влакна испод мишка и на гзов, и ако сакам ќе си ги вадам, ако сакам ќе си ги пуштам. Тоа твојот Господ ми ги дал, и ако ти смета тоа слободно да се жалиш кај него и да ме заобиколиш.
На некои жени им расте брада поради хормонални пореметувања, и ти тоа не можеш да го знаеш. „Фуј бре тоа“ заслужува само твојата конзервирана квазиинтелектуалност. Патем не знам што чекаш па не се пријавиш во војска и не чуваш семејство ко прав мУж, наместо да пишуваш книги за да переш мозоци и регрутираш во твојата секта? Нашол кој да ни збори за мислење со свој памет.
Еве еден виц: Кога ги создал господ Адам и Ева , го погледнал Адам и рекол - совршенство, потоа се свртил накај Ева и рекол- Е јеби га ти ке мораш да се шминкаш. Хехенце, да се насмеме малце... Кога мажјаците потомци од античката македонска раса над расите, од деца се задојуваат со ваква неверојатна смисла за хумор, патете си жени што мора да се шминкате за да сте убави и “да ве земе некој”.
Мала корекција: најчесто други ги шминкаат - шминкери, и само за пред камера, за медиумски цели. Имам колега што е водител на МТВ1, никогаш не сум го видел нашминкан во живо. Учествувам и во снимањето на филмот М - македонски филм што моментално се снима. Главна улога е мало дете кое исто така го шминкаат пред снимање. Но после снимање едвај чека да си измие лицето.