На времето жените што носеле црвен кармин вештерки ги сметале. И им го забранувале јер мислеле оти има натприродна моќ и мажите не можат да му одолеат. Дури кон крајот на 1800тите пак почнал да се носи. Маж можел да го поништи бракот ако невестата носела црвен кармин со објаснение дека го намамила да се земат. Џабе полемики, некои луѓе се секогаш на темната страна од видикот, цела егзистенција на човештвото постојат со нивните деградирачки мислења. За компарација што можат 'општествените норми' да направат Тек па да ни се деси катаклизма ко дистопијата у Handmaid's tale, да не можете да мрднете како што сакате, туку како што ќе ви наложат и да ве бесат ако не им се свиѓа вашето однесување, тек тогаш ќе видите што значи слободна волја. Сега седнете си на лап топ, отворете си фемина покрај топло кафенце и речете фала на предците ваши што имале муда да идат против некои општествени норми јер маживе досеа ќе требаше да ви паднат рацете од физичка работа а жениве ќе ве мажеа на 17 без да ве прашаат дали сакате или не.
А тек па сите вие девојки што сте се запишале на медицина, а тука преповедате општествени норми, пред да стапнете во таа институција речете и фала на Елизабет Блеквел, првата жена која дала среден прст на "кај се видело женско доктор" и си зела диплома од медицина. Да не била она, можеби уште само за манџи дома ќе ве земаа, иако имате мозоци подеднакво добри да решавате комплексни медицински проблеми. А тек па вие другиве кои си го сакате животот ваков каков што ви е и не гледате 10 деца и не служите само за расплод, едно големо фала на Mаргарет Сангер, која видела дека жена може да е повеќе од општествената норма и "биолошката функција да раѓа деца" па ги поставила основите на контрацепцијата. Претходникот на тоа што го става дечко ви за да имате сејф секс, да не фатите болештина и да не раѓате по 100 пати. Е така како што тие имале муда, така и Џејмс Чарлс денес има да покаже дека океј е ако некое машко сака да си се нашмика оти така сам себеси си е поубав. Ајт.
Хомо само ако сами се шминкаат, ако други ги шминкаат но хомо. Евангелос, и на мало девојченце да му ставаат пудри и остали ствари голема е веројатноста дека едвај ќе чека да ја извади затоа што е сморно, посебно за младо лице. Момчето што го спомна сигурно не мисли ,,Леле кога ќе ја извадам шминкава, за женски е."
Малку иронично со оглед на фактот дека Alexander the Great носел шминка поради естетски и здравствени причини. Шминката за очи која ја носел ја заштитувала нежната кожа околу очите, ги бркала мувите и ги засолнувала очите од силната сончева светлина. Додека патувал низ Азија, Александар праќал исечоци од растенија на еден негов пријател во Атина за да може да направат градина и да ги искористат растенијата за произведување продукти за убавина.
Се расправате за тоа како сме можеле да не ги почитуваме туѓите мислења.Како тоа сме се расправале за тоа дека вие сте против оние кои се шминкаат.Ама прати го ова сега.Требало да прифатиме дека вие едноставно размислувате така но смешното е што не сваќате од каде доаѓа сета оваа дискусија а тоа е од тоа дека вие не прифаќате различности.
Контра аргументот ти е целосно прошамен. Никаде не реков дека треба да се однесуваш непристојно спрема мажи кои се шминкаат. Во последниот пасус реков дека и јас не се однесувам така. Интересно, не најдовте сила да излажете дека не би ви сметала шминка кај потенцијалниот партнер. До толку ви се одбивни...
Интересно, немате ниту еден аргумент зошто е неправилно, неприродно и несоодветно машко да се шминка ама и понатаму пишувате мислења во темава.
Да. Всушност си барам еден со креон на очи. Џони Деп ми е поим за машкост, а не тие со „Ја сум маж затоа што не ставам шминка“.
Ама како можеш преференции за индивидуална привлечност, да ги поставиш како норма за дали е нешто прифатливо, или не? Демек, ако некому нешто е непривлечно, треба да не постои? Да се забрани? Што? Сигурна сум дека и ти си за многумина непривлечен, па никој не ти вели: Што си ваков гаден, не-маж... како што еден куп изнадробија тука за нашминканите мажи.
Феминизмот у изворната форма си беше супер работа - борба за рамноправност на жената во сите сегменти на општеството. Али подоцна од него несреќно се одвои едно крило кое сака жените да ги направи „мажи“, а мажите - "жени", да ја уништи женственоста како доблест и да го релативизира и разводни женскиот род.
Не се врти светот околу нас и не живеат сите луѓе од спротивниот пол за да се направат привлечни да би оделе со нив. И мажите имаат право да не им се привлечни и по вкус девојки со кратка коса, без шминка и со андроген стил, но не и да ги покажуваат со прст ко ненормални, гадни, да прават патетични стереотипизирања и глупи шали дека ради изгледот по дифолт се феминаци лезбејки и сл.
Мој предлог е овој член да биде исфрлен од форумов поради директно предизвикување и создавање причина за избувнување.Е сега во врска со тоа што си го пишал дали некој би бил во врска со некој што се шминка.Можеби никој не ти враќа директно за да сватиш дека освен врска има и други работи како пријателство.И да сватиш дека немора се што ќе прифатам да бидам во кревет со него.Еве јас прифаќам геј луѓе но нема да бидам со нив во врска затоа што јас не сум геј.Така да ова со тоа дали би биле во врска со некој кој се шминка ти се потопува во вода.
Морам да кажам дека се сомневам во вистинитоста на твојот одговор. Фатени во тесно, луѓето често тврдат дека би направиле нешто што никогаш не би направиле само за да докажат дека се во право. Меѓутоа, не сум ти во главата за да знам што мислиш, а и Лажеш не е валиден контра аргурмент, затоа ќе го прифатам одговорот. Биди ми поздравена.
ГЛУ-ПО-СТИ! Не е точно. Само сака да му се даде секому шанса, да биде она што е, и да не биде потценуван, навредуван, угнетуван, тепан, убиен, заради своите животни одлуки. Нема да изумрат 'женственоста' и 'мачоизмот', кај сите, само поради тоа што некои сакаат поинаку да се изразат. Секогаш ќе има феминизирани жени, и мажествени мажи... и обратно... Исто како и до сега што било.. откако постои човекот...
Да ти кажам право толку аргументирано као ти никој одамна нема пристапено во темава, па еве не знаев шо да кажам Фала ти, биди поздравен и ти.
Дали можиш да направиш машките што се шминкаат да ми се привлечни и пријатни за око? Ако да, како? Брее, да те фати страв да си искажиш мислење. Да не треба дозвола да побарам од некој за да кажам дека нашминканите машки ми се смешни? Боже