Што се криви феминистите што Господ утнал работа коа ги создавал луѓето. Да се раѓаат жените со шминка ќе знаевме дека шминката е женска особеност, а не машка, вака и едни и други без шминка ги напраил, а сепак ете едните требало да се шминкаат другите не смееле.
Имаш таков добар талент за одбегнување на прашања за кои претпоставувам нит самиот го знаеш одговорот. Убаво те прашаа, што е женствено? Еве јас ќе додадам, што се машки а што женски особености?
Мажите се раѓаат со привлечност која се основа на женската надворешна убавина, а жените се раѓаат со инстиктивен копнеж да бидат убави, привлечни. Во машкото срце има копнеж да ја освои жената, а женското срце копнее да биде освоено од вистинскиот љубовник. Едноставно така Господ ги создал. Шминкањето е само индиректна последица на тоа како се создадени мажот и жената и таа доаѓа токму поради женствениот копнеж на жената да изгледа поубаво, попривлечно. Затоа и целата игра на додворувањето се сведува на мажот кој е упорен во обидите да ја освои, а жената не сака брзо и лесно да се предаде, пред се затоа што ужива во целиот процес во додворувањето од страна на мажот, но и за да ја тестира машката искреност во копнежот по неа. Затоа и жената кога ќе го слушне гласот на симпатијата, инстиктивно и потсвесно си ја поднаместува на пример косата. Кај мажот воопшто не постои таквиот инстинкт на потсвесно (биолошко) ниво. Мажот очекувајќи ја жената секако дека ќе се потсреди, но тоа би го направил свесно, а неговиот природен инстинкт воопшто не го бара тоа од него - бидејќи тој е машко. Знам дека ќе најдете исклучоци и ваму и таму (особено меѓу модерните квази-феминистки и од луѓето со збунет „родов идентитет“), но исклучоците не го дефинираат правилото.
Јас пак би рекла дека ,,правилово” е наметнато не е од природата туку од срање романтични филмови и книги кои одредени жени ги читаат. И општеството. Не е природно правило. И не ги создал Господ така. Господ ги создал да имаат потреба од секс со започнување на пубертетот и да се размножуваат што повеќе, нели?
Сево ова што го кажа е измислена работа за тоа како изгледа љубовта, на книжевните академци им е доста познато. Се вика courtly love conception и потекнува од средниот век, што не е зачудувачки со оглед на фактот што сите други твои ставови се таман за таму.
Многу убаво и поетско-писателски. Но,ниту ти,ниту јас,ниту другите ги знаеме Божјите намери. Дали само за размножување,дали и за друго... Тоа само Бог го знае.
Женска особина се цицки. На сите жени во пубертет им се развиваат без оглед на тоа кој век е, какви се модните трендови и општествените прилики, без разлика дали тие тоа го сакаат или не или што мисли околината за тоа. И на никој не му текнува да го доведе во прашање фактот дека цицките се женска карактеристика, ниту пак некој има потреба да пишува дебилни постови за да го докаже тоа. Него пак не ми кажа зошто ГоспоТ ги создал жените без шминка, а од друга страна сака да се шминкаат за да привлечеле мужи. Многу поедноставно ќе било да ги напраел нашминкани, а не вака се мачат да научат да се шминкаат, па тушот нерамномерно го нанеле, па маскарата се пресликала, па утнале нијанса на пудра, па карминот ја сушел устата, па молив за усни, молив за веѓи, молив за очи, па ББ крема, па мицеларна вода, па контурирање....ѓавол и пол. А можел да си ги создаде од старт нашминкани, исто ко машките пауни што се цели шарени за да привлекуваат женки.
А сакаш да ми кажеш дека машките не се средуваат пред да се видат со девојка, не сакаат да ѝ се допаднат? И нормално сите сакаме да сме убави во очите на оној/онаа која ни се допаѓа. И машки и женски. Ама еве, пак не сфатив од постов како машките не смеат да се шминкаат, а жените треба.
Леле мори мајко... кога да очекуваме книга за дејтање на христијански начин? Или македонски јутјуб канал по теркот на Paul and Morgan? Човеку, ова нема никаква допирна точка со биологија и наука, а најмалку со феминизам од било кој бран и период. Заборави уште да спомнеш дека жените од сета таа нежност Госпо ги створил и да се онесвестуваат на секоj чекор Ова било прифатливо во средновековието, кавалерството во тогашната реалност и исто таквите ликови во љубовната литература, кога „еволуцијата“ и општествените норми за кои „кои сме ние да ги преиспитуваме“ налагале жена да нема право ни на глас. Ти си, and I can't stress this enough, одраз на сè против што феминизмот отсекогаш се борел.
@Asparagus , и да ги создал Господ жените „нашминкани“, тие пак ќе се дошминкувале, ќе додавале, одземале, ќе сакале да бидат уникатни, поразлични од другите. Како што кажав, шминкањето е само индиректна последица на на тоа како се создадени мажот и жената и таа доаѓа токму поради женствениот копнеж на жената да изгледа поубаво, попривлечно, а честопати и уникатно, поразлично од останатите, за да биде забележана, посебна во очите на својот симпатија/дечко/маж. Не, не сакав тоа да кажам. Еве ќе ти го цитирам делот од претходниот пост каде што експлицитно го објаснив тоа: Затоа и жената кога ќе го слушне гласот на симпатијата, инстиктивно и потсвесно си ја поднаместува на пример косата. Кај мажот воопшто не постои таквиот инстинкт на потсвесно (биолошко) ниво. Мажот очекувајќи ја жената секако дека ќе се потсреди, но тоа би го направил свесно, а неговиот природен инстинкт воопшто не го бара тоа од него - бидејќи тој е машко. п.с. И никаде не пишав дека жените ТРЕБА да се шминкаат. Аман луѓе, зарем е нормално пола од постовите да ги трошам на тоа што не сум кажал и да ги вадам вашите зборови што ги ставате во моја уста?
Па жените многу често дробат дека одредени типови на мажи им се одбивни. Не го прават тоа само мажите спрема жените. На пример, ја читам темата Од какви мажи бегате, и таму има еден куп осуди спрема мажи кои не мора да значи дека се лоши луѓе. Одбивни им биле неамбициозни, летаргични, мрзливи, џаболебари итн... Зошто вакви осуди? Некои од најфините момци што ги познавам се баш такви. Освен што дува трава ништо не прави со животот, ама многу е чил, има чиста душа, и одличен е за повремена (но никако честа) дружба. Тематиката е интересна од два аспекти. За првиот аспект (потиснување на инстиктивната реакција) веќе говорев, вториот аспект е, кому смееме да судиме а кому не? Каде се поставуваат границите? Зошто е во ред да се каже дека џаболебар на пример е по дефолт бљак, а нашминкан маж не е бљак? Очигледно е дека тие граници се арбитрарни, и најчесто ги поставува идеологијата на осудувачот. За крај, судењето е во сржта на човекот. Луѓето судат цело време, свесно и постсвесно, по изглед, по облека, по боја на глас, по манеризми, по се. Затоа малце е ирититантна holier-than-thou глумата на либералите...
Еве ти еден прекрасен пример за мажи кои сакаат да се уникатни, свои - за СЕБЕСИ и за да го прават светот поубаво место преку уметноста. Нападно нашминкани не се (пејачов имал и доста поексцентрични и *женствени* изданија), ама пак танцуваат тука - што исто се смета за „женска“ работа. За да ги пратиш овие луѓе дека требало да се челичат на воен рок наместо ова, треба да имаш нула сензибилитет, вкус, почит кон уметност. И уметноста и креативноста ја подривате покрај еднаквоста и либералните вредности.
Еве ви еден прилично машки македонски форум: http://forum.carclub.mk/ Дали можете да замислите на овој форум тема: „Каква шминка користите?“ Или „Темна пудра за лице“ Или замислете тема „Што би и кажале?“ каде што мажите пишуваат што би им кажале на девојките Или тема „Вашата шминка преку слика“... или цел подфорум за косата како што има овде на фемина Ете ви класичен социјален експеримент. Разгледајте ги темите на овој женски форум и споредете ги со тој машки форум и после кажете и на вашата совест дека не постојат машки и женски особености, дека мажите и жените се еднакви во секаков поглед. Не се еднакви и не можат да бидат еднакви. Тие треба да бидат полово рамноправни, со еднакви права и одговорности, но не и родово еднакви!
Форумов е.... само за коли. За коли, нема категории како Општи дискусии или Психологија, или Здравствени проблеми. Не можеш да го споредиш со овој воопшто.
Тој форум не е само прилично машки, туку е и тематски определен. На форум за автомобили нормално дека ќе нема љубовни теми, теми за лични слики и слично. Кајгана е општ предоминантно машки форум кој може да се спореди со овој. Колку и да врие од сељачана и шовинисти и да не е ни вреден за споредба, и таму има категории Мода и убавина, активни натпревари за готвење, фотографија и сл. Единствените разумно прифатливи разлики меѓу мажите и жените се оние биолошките, а шминката и грижата за стилот не припаѓаат тука. И престани да се преправаш дека воопшто се залагаш за рамноправност и права да не ти ги извадам одвратните напињања во политика околу првата донесена асална конвенција за женски права и против семејно насилство врз нив во државава. Патетичен си до болка.
Хахахаах ако така мислиш што бараш на овој форум?Оди на тој форум не плаши се не верувам дека на некого од овде ќе му недостигаш.
Интересно е како до пред некоја деценија готвењето и грижата за децата и домот беше женска особина, а со промената на општествените прилики односно кога жените почнаа масовно да работат и заработуваат, и муживе почнаа ко попчиња да готват и чистат по дома. Интересно е и како во развиениот свет и мажи и жени возат, а во Саудиска Арабија возењето не е женска особина. Од друга страна цицки имаат и жените во С.Арабија и во Шведска и во Кривогаштани, ги имале и во 5 век пред наша ера, и сега, ги имале и во робовладетелско општество, и во феудализам и во монархија и сега, ниту една промена во општеството не го променила тоа, ниту може да го промени. Ете тоа е разликата меѓу биолошки полови карактеристики и родово наметнати улоги.