1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машки кои се шминкаат

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Isobel, 2 јуни 2018.

?

Дали имате нешто против мажи кои се шминкаат?

  1. Да

    68 глас(а)
    33,2%
  2. Не

    137 глас(а)
    66,8%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да, борба за еднаквост на ПОЛОВИТЕ.
    НЕ ВО ОПШТЕСТВОТО какво што е сега! Не во ПАТРИЈАХАЛНО општество.
    Феминизмот препознава дека во патрихајално општество не е возможна еднаквост на половите. Значи прва и основна цел е рушење на патријархатот.
    Прочитај некоја книга на темава па ќе збориме. Сам си себе си контрадикторен. Кажуваш дека денес феминизмот не е тоа што некогаш бил, а ја вадиш првата дефиниција од Гугл. Пази, првата!
    Значи онаа најмејнстрим и најприфатената, која е за такви што блага веза немаат што е феминизам, да ја прочитаат и да добијат некоја од прилика идеја.
    Ама да, знаеме дека си од тие што блага веза немаат што е феминизам :wasntme:
     
    На 1209, theowndemon, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Еве јас би била со маж што се шминка (дури и од типот кармин и сето тоа), секако, ако ми е погоден од секој друг аспект. Има сто илјади начини како може да изгледа маж со шминка, не е или тв репортер или Џејмс Чарлс. Гуглај пример Troye Sivan или Harry Styles

    Ама! Зошто не го кажав тоа? Прво, очигледно ниту ти, ниту другиве на темава би поверувале. За вас тоа е едноставно невозможно. Тоа е тој конзервативен мајндсет, како може да постои некој што има поразлични преференци и погледи од вас?

    Второ и поважно. Не кажав дека би била во врска со маж што се шминка бидејќи е нерелевантен контра-аргумент. Зошто да земам да ти докажувам дека не би ми пречела шминка кога не е тоа поентата. Поентата е дека со кого некој би бил во врска нема никаква релација со нивните ставови за таа личност надвор од врската. Јас не би била во врска со муслиман, дали не ги поддржувам муслиманите и имам автоматска аверзија кон нив? Апсолутно не, дури на наврати сум застанувала во нивна одбрана исто како за мажи што се шминкаат.
    Некои луѓе не би биле *слепи* ко што викаш за боја на кожа. И не би биле со црнец, дали тоа ги прави расисти? Секако не. Нивно право, нивна потсвесна (не)атракција.
    Некои не би биле со транс личност. И тоа не ги прави трансфоби. Едноставно фактот што не би имал сексуална или романтична атракција кон некој не е валиден аргумент во дискусија од ваков тип и нема зошто јас, или некој друг да ти докажуваме нешто.
     
    На SandraPink, Harper, candy.cane и 15 други им се допаѓа ова.
  3. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Ајде да не враќам на секој одговор да си кажам мое мислење за оваа тема.
    1.Јас прифаќам мажи кои се шминкаат.
    *Зошто?
    -Затоа што ако еден човек сака да прави нешто мене тоа секако дека не ми смета.Ние постоиме еднаш.Еднаш се раѓаме еднаш умираме немаме друга шанса.Зошто во тој еден живот да не правам тоа што сакам?И да кога ги гледам не ми се одбивни едноставно нормално ми е и не се обидувам да глумам нешто као отворен ум.Едноставно така се чувствувам и тоа е се.И искрено ич не ми е гајле дали вие ќе мислите за мене дали сум со отворен или затворен ум.Овде сум дојдена да си пишувам искрено а не да глумам.
    2.Ако толку прифаќаш зошто немаш дечко кој се шминка?
    -Видете веќе и погоре пишав...Ако мене нешто не ми смета не значи дека ајде веднаш дојди да ме е**ш.Аман бе луѓе веќе...Секогаш тоа ви се одговорите,тоа ви се напаѓањата.Мислиш ако немам таков дечко дека глумам дека прифаќам такви машки.Се ви е сведено на дечки и девојќи бла бла бла ечите од површност.Но еве да ви одговорам затоа што гледам многу сте со ова прашање...Имам дечко и да кажеме една вечер ми рече еј Пиксооки јас многу сакам да се шминкам.Што ќе му речам?Ајде марш од мене ти треба да бидеш војник треба да биде измачкан од крв а не од шминка?Тоа?Не нема затоа што јас го сакам тој човек и ќе го сакам и понатаму.А ако некој кој за прв пат го запознавам ми го каже тоа пак ќе прифатам.Затоа што како што кажав погоре некој тоа го сака.И се се сведува на тоа.И не мешајте верски работи со ова.Патетичните сте тие што сте као јас многу верувам во Господ а првата работа што не ја знаете е тоа дека неговото име не треба да го користите во сите работи од кои вие на поинаков начин неможете да се одбраните.И јас верувам во Господ навистина но заради ваквите од вас кои даваат толку погрешна слика за се а себе си се нарекувате најголеми верници,заради вас многу луѓе престануваат да веруваат во него.
     
  4. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Точно дека нема да ти поверувам. Едноставно многу ми е сомнително. Не познавам ниту една девојка која би била во врска со таков, а не е дека се дружам само со конзервативни девојки, напротив.

    Но како што реков претходно, небитно е дали јас верувам или не, затоа сум приморан номинално да го прифатам твојот одговор, дека БИ идела со таков (иако сум прилично сигурен сум дека до сега не си имала нашминкан дечко). Ова прашање е сега апсолвирано.

    Сексуално-романтичната привлечност Е валиден аргумент во случајов, само затоа што ти рече дека не е, нема магично да го претвори во невалиден. Тука лежи разликата помеѓу толерирање и целосно прифаќање. Мислам, да отфрлиш маж како потенцијален партнер само поради одреден моден избор, МОРА да значи дека гледаш нешто многу гадно во тој моден избор.

    Во врска со вториот дел, треба да диференцираш помеѓу свесно и потсвесното. Многу луѓе потсвесно презираат одредени работи, едноставно им се гади, но поради општествен или како во твојот случај, идеолошки притисок се лажат себеси дека не е така.

    Што доведува до контрадикции. Ги поддржуваш муслиманите, ама никогаш не би била во врска со муслиман, затоа што Исламот (и најверојатно неговиот третман спрема жената) ти е потајно одвратен. Но не смееш да го мислиш тоа, тоа би те направило исламофоб, што е еднакво на богохулие во либерализмот. Ете уште еден пример за когнитивна дисонанца.

    Отидов јас да спијам, утре сум на работа, ќе продолжам после 6 со дискусијава. 8)
     
    Последна измена: 22 септември 2019
    На T.e.d.d.y, MysteriousQueen и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Не, не. Тебе ти е непознат концептот дека можеш да поддржуваш некој без да сакаш да го легнеш. Нечија сексуална/романтична преференца зависи од еден куп фактори, и не постои личност која нема ниту еден критериум, без разлика колку е либерална. Според твојата локига, треба да сме слепи не само за шминкање, туку и за стил на музика, религија, веганство... Сите овие работи се нешта што генерално не ми пречат кај луѓе, ама за кон некој да имам романтична привлечност мора да имаат соодветен став за нив. И јас сум entitled на тоа исто како што некоја друга е entitled да нема привлечност кон нашминкани мажи, транс мажи, дебели мажи или црнци. Тоа што имаш потсвесни критериуми за физичка привлечност не те прави кретен кон тие што не ти спаѓаат во критериумот. Кретен те прави само однесувањето кретенски кон нив.

    Тоа е сосема јасно за мене и дури не ни гледав потреба да објаснувам бидејќи е болно очигледно дека не мора да гледаш некој ко одвратен за да не те привлекува. Што ме води да мислам дека ова твое резонирање го влечеш од лично искуство, што сметам дека е доста тажно. Замислувам како ти е штом луѓето ти се или одвратни, или сакаш да спиеш со нив.

    Исламот не ми е потајно одвратен. Напротив, отворено кажувам дека неговите догми за мене се одвратни. Но, за луѓето кои се муслимани, немам такво мислење и ги сметам за сосема на место луѓе вредни за почит, сè додека со некоја нивна изјава или постапка не го докажат спротивното. Но ете, тие не влегуваат во мојот романтичен интерес и тоа е океј, и за нив ко муслимани, и за мене ко личност со право на тоа. :)
     
    На Purplelilac, 1209, VoodooGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Освен ако го прават тоа заради професија (глумец, водител...), немам против. Всушност, кој како сака, ама не би сакала син ми да де шминка за излегување :)
     
    На oblace1, EvAngelos, T.e.d.d.y и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Не можам да заспијам...

    ;(

    Во врска со Исламот, звучиш како либералните христијаните со нивните hate the sin, love the sinner муабети. Смешки. Но да не ја разводнуваме дискусијата, не е темава за религија.

    Иначе, штотуку видов дека имаш 17 години. Може едно лично прашање. Не мора да ми одговориш ако не сакаш. Дали некогаш во животот си имала дечко?

    Некако ми делуваш дека си немала. Чисто информативно, на суштинско ниво на никого не му е гајле дали некој е веган, или каква музика слуша и какви филмови гледа. Ниту една женска нема да те откачи само затоа што не го сакаш, не знам, Ед Ширан на пример. Потребни се ред други причини. Не сум имал ист вкус за музика со ниту една девојка со која сум бил, а и еден куп мои другари имале сличи искуства.

    Така да, аналогијата со музиката и веганството ти е погрешна. Религијата е битна, но реков нема за тоа на темава.
     
    Последна измена: 23 септември 2019
    На Cosmi и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Не сум имала. Ама ме интересира што е прашањево, некој булшит од стил на мамичките додека не родиш не знаеш? :D

    Е сега, нема сигурно да се убедуваме кој критериум на кого му е битен. Има милијарди луѓе и секој има различен стандард за тоа што би прифатил кај партнер, а што не доаѓа предвид. Не ја гледам релевантноста на напаѓањето на моите рандом примери, кога поентата ми е поинаква. Како за некој што води сметка за релевантност на аргументи, поенти промашуваш ко работа да ти е.

    Јас добро те сфатив уште во првиот пост. Она што сакаш да го кажеш е:

    Штом шминката ви е dealbreaker, значи и вие имате негативно мислење за неа.

    Она што јас од прееска го дробам е:

    Фактот што некој субјективно, за себе, не ја смета шминката кај мажи за привлечна, не ја прави шминката лоша per se (објективно).

    И за среќа, девојките тука го знаат тоа и затоа ги поддржуваат машките што се шминкаат и покрај тоа што на нив не им е привлечно, бидејќи тоа се вика бидување зрел и слободоумен.

    А инаку слободно замени друг критериум за дејтање на местото на шминка погоре во реченицата (било да е според тебе важен ко религија или глуп ко вкус за музика) и ќе сфатиш што зборам.
     
    На VoodooGirl, Sejfullai, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.454
    Допаѓања:
    165.560
    Пол:
    Женски
    Ќе му понудам еден од моите три нијанси и ќе му предложам да си клај бар маскара оти инаку ќе изгледа празно.

    Дали ме привлеква то? - Не.
    Дали има право да стави кармин ако сака? - Да.
     
    На Purplelilac, Lella, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А што е доброто во шминката? Без разлика дали е за мажи или жени!
    (објективно, де)
    Да не е нешто претерано здрава, или претерано корисна, или што и да е...
    Само фрлање пари на продукти кои му штетат на здравјето и на кожата.
     
    На candy.cane, EvAngelos и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  11. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Ова се разбира може да го каже само личност без никакво дејтинг искуство. Технички точно, но истовремено и празно, лишено од било каква суштина. Пошто не можеш да црпиш од личното искуство, сите твои реплики се апстрактни теоретизирања. Вака треба, така треба, има милијарди луѓе. Досадно е искрено.

    Аналогиите ти беа скроз промашени, мислам дека и на тебе ти е јасно тоа, нема потреба од терање инат.

    Во врска со вториот болд, се разбира дека машкото шминкање не е "објективно лошо". Што е всушност објективно лошо? Што е објективно? Моралноста, естетиката, се се тоа човечки конструкти, немаат независно постоење од човечкиот ум.

    Очигледно не ме разбираш. Се обидувам да дискутирам токму за нашиот СУБЈЕКТИВЕН суд спрема мажите кои се шминкаат, дали навистина ги прифаќаме или само ги толерираме итн...
     
    На Cosmi, MysteriousQueen и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Само толку имам да кажам !

    П . С . Шкотската традиционална облека вклучува сукњи за мажите .

    П . С х2 . Немам проблем да гледам нашминкани мажи во секојдневието , но преферирам да има некои разлики помеѓу онаа шминка кај мажи и жени ( по дискретен кармин на пример за мажи , за жените по впечатлив итн . ) , секако дека за брат или син не би ми било сеедно , но доколку знам дека се шминка од естетски аспект , ќе го прифатам тоа без проблем . Инаку , геј луѓето најчесто не се шминкаат , знам бидејќи имам во блиска фамилија .
     
    На Angie1432, nextredstyle, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Хахах смешното е што всушност таа ти враќа со примери и се тоа кои за тебе не биле доволни.А еве пази ти неа со што ја напаѓаш...Колку год имаш,немаш дејтонг искуство и бла бла.Искрено во ниту еден твој пост не прочитав ништо повеќе од директно напаѓање кон неа.И ако некој нема доволно искуство со мажи не значи дека не знае како се одвиваат работи.Тоа ако не ти е јасно за друго нема потреба од коментар.
     
    На Purplelilac, Annora, IM.TMKQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.936
    Пол:
    Женски
    Шминка на туѓо лице не може вам да ви штети.
    Мажите ставале шминка уште од прастари времиња,а тогаш никој не се бунел.
    Во религиските книги не пишува само жените да се шминкаат.
    Не може да толерирате нашминкан водител или презентер,или пак актер,а да ви пречи нашминкан минувач или маж кој ви е во фамилија.Треба да бидете или потполно „за“ или потполно „против“,а не со став „на оној може,а на оној другиот не може“,затоа што не чини така да се делат луѓето.
    Слаби ви се аргументите,а и плус дискриминирате!
     
    На Angie1432, VoodooGirl и piksooki им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    @Maldoror, не се наоѓаме во never have I ever игра, туку дискусија на форум. А во официјални дебати ова твоево го викаме anecdotal fallacy и претставува јасен знак дека дебатата е завршена. Така да, toodles.
     
    На piksooki, KateKane, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @EvAngelos чоече, не ми го лајкај мислењето кога имаш став "жените сакаат да се шминкаат и природно е жени да се шминкаат" :D
     
    На EvAngelos, Srckata28, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Официјална дебата? Јас мислев дека само си дискутиравме, сега се ми е јасно.

    Дебатите се за политичари, за покварени луѓе. Не е убаво на толку млади години интелектуално да се расипуваш себеси. Затоа не дебатирај, него дискутирај. Добронамерен совет, не те провоцирам.

    Биди ми и ти поздравена.
     
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @Maldoror Мислам дај човече, ова го сметаш за релевантно мислење на темава?

    Уште за прадедо ѝ дали се шминкал не ја праша. (facepalm)
    Што сѐ не вмеша во темава, религии, години, лични префренци за дејтање. Сакаш и крвна група да ти кажеме, да не случајно либералните мислења имаат врска и со тоа.

    Воедно од каде па ние да знаеме дека не дискутираме со некое 14 годишно дете?
    Ама гледаш на пример на нас, за разлика од тебе, не ни се битни годините за да можеме да водиме дискусија.
     
    На Nausicaa, lovestoneddd, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Maldoror

    Maldoror Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Религија, па и трансексуалци, црнци не вмешав јас во темата, туку дотичната. Читај повминателно.

    Репликата за неиксуството беше релевантна во контекст на аргументот кој го приложи.

    Прадедо и? А?
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Колкаво дејтинг искуство треба да се има за да се коментира на темава?
    За другарка прашувам.
     
    На Srckata28, Nausicaa, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.