Мене ми се чини дека попрво тебе ќе те оплоди. А најјако ми е кога маж ги убедува жените на што се палат. Па ти бре да имаше благе везе што ги пали жените немаше во сабота вечер да кокодакаш по женски форуми и да дркаш на слики со полуголи битанги.
Ех сега и вие дискриминирате, ама од другата страна. Невреда си е навреда и не ми влегувајте во екстреми. Не чини Се додека не штетат никому, супер се секакви и сите!
Оти дискриминирам море Вајлд? Оти според дотичнион член требало да ме привлекуваат некои такви, а во реалност нема тоа никаква врска? Епа јбг, не сакаат сите жени влакнести, распуштени, агресивни мужишта, и тоа е факт, не е навреда. Како што не сакаат ни целосно депилирани, чупани, што врескаат кога ќе видат бубачка мажи, и пак тоа е факт, а не навреда. За да ти доловам - еве мене не тие ни тие не ме привлекуваат: факт, а не навреда Е за ова потполно се согласувам Само, пак истиот дотичен член спомна агресија, скршени глави, крвишта, а тоа звучи и личи на сѐ, освен не на нормално човечко, социјализирано битие кое не штети никому. Па, ако сакаш сфати го ова како навреда, ама сепак е факт - таков неандрталец не сакам ни да ми се приближи, а не да речам дека е супер.
@Mamli, пушти си American Idol и гледај какви мажи ја привлекуваат Кејти Пери. А ѕирни го и нејзиниот бивши маж кој има долга коса, се шминка и носи фустани, воедно е и прогласен и за еден од најпаметните луѓе на светов.
Јас тие нашминканите мажи што ги познавам уредните се по пристојно понашаат спрема женско и вака спрема околината отколку глупаци што убиваат животни, што тепаат жени, деца и што само лежат по дома.
Дискриминација нема врска со привлечност. Тебе ако не те привлекува ваков изглед (заради златните ланци пример), не мора да имаш нешто со него. Што ти менува дали постои кога нема ништо со тебе? Тој спомна агресија, ама јас во моите постови поназад, нагласив: Кои не се тепаат. И такви земав за пример.
Ти ја сфаќам поентата Вајлди, ама мене типовиве на сликата чисто како слика не ми се гадни ради тетоважите и избричените глави - туку агресивноста ми е гадна и штетна, тоа што најверојатно би имале нагон да претепаат маж што не се облекува и однесува типично машки или е со различна сексуална ориентација (барем во таков контекст се претставени и таков норматив турка дотичниот со нив како пример). Не е исто
Затоа нагласив и во предходните мои постови 'Без насилството'. Ама гледам не сте го прочитале, па и со @MagsDestiny , не се разбравме за се'. Пардон.
Секако дека не мора да имам ништо со никого. Како што не секоја жена му е привлечна на секој маж, така и обратно, при што одговорот на твоето прашање ми е - ништо не ми менува. Не ни би требало да секој маж мене, или на било која - и е привлечен. Ама, јас во ниеден коментар не алудирав на ниеден твој коментар, така што мислам дека се имаш нешто збунето цитирајќи ме мене и дека муабетов ни е залуден, бидејќи моите коментари беа упатени за сликата и описот на членот кој спомна насилство и слични одвратности Едит: ете, и тоа што ти го пишала @Someonespecial е она што го мислам и јас, така што мислам дека на крај се разбравме сите три
Природата е сурова. Зошто да не би биле и овие мажи? Овие момци не се тепаат по дискотеки за да се докажуваат со пијани морони. Кога си тренирано животно прво нешто на што се учиш е самодисциплина.
За мене поголеми херои се оние што јавно се однесуваат нетипично за својот пол во општество со вакви луѓе како тебе и оние што ги величаш во своето насилство. Перцепција
Насилството е природно. Мажите сакаат да се Значи ти повторно ја признаваш типичноста на полот. Секој пол има типичност. Јас не воздигнувам (зборувај македонски, величам е србизам) кафански пропалици, туку херои.
Абе природно е и да си го изедам бебето... Ако сум хрчак Ама не сум хрчак! Човек сум! Сваќаш разлика?
Абе пушти ги жити се, што знаат они за праФ маж...мене лично ми го креваат адреналинот таквите Мажи нашминкани не сум видела а и боље да не ги видам..буљаши се тоа а не мажишта
Пак не разликуваш кафански насилници од херои. Дечкиве на сликава најголем дел се професионални спортисти, војници, градежници, математичари, татковци, сопрузи, чесни граѓани. Да беа спротивно веројатно би снимале видеа од некоја затворска ќелија.
lol Да дефинитивно се математичари, јас мислам дека има минимум тројца идни Нобеловци тука, се гледа дека имаат јак интелектуален капацитет. Твое право си е да се палиш на тетовирани полуголи битанги, ама те молам немој да не убедуваш дека се тоа некои си херои, па уште и математичари. Јас на овие би им дала по една метла и би ги пуштила да метат улица, барем нешто корисно да се види од нивниот "хероизам", вака само џабе лебот го јадат.
Се се испомеша на темава, споредби на естрадни уметници со обични смртници, ги гледате на тв, на некои збиднувања нашминкани што е и разбирливо, ама да седи покрај мене маж нашминкан напудрен незамисливо ми е, па уште и за квалитет на пудри да си правиме муабет Каде отиде светов