Не, не осудувам. Тоа е мое мислење и видување на ситуацијата. Не треба заради мене да се чувствува никој така.
Спаѓа, но некогаш тоа не е доволно. Особено за некој кој мора да изгледа претставително. Имам спомнато во темава, актерите и политичарите имаат барем ајлајнер и коректор. Подобро е да се покријат несовршеностите отколку типот да остава впечаток дека не води грижа за себе и како да е под влијание на недозволени супстанци.
Не осудувам, но не ми се допаѓа. Ама ич. Посебно оној водителот на телма, Горан мислам се викаше , е кај него ептен претеруват со црнилото под очите
Светот ќе беше поубо место ако мажите личеа како во scene ерата кога тие носеа ајлајнер и креон. Нема чоек шо ќе речи дека Andy Biersack тогаш не беше атрактивен (па и дека сеуште не е зошто знај да замачка сурат), а да има добар вкус за мажи. Толку.
А сенки за очи? И црвен кармин обавезно! Најсекси е. Исто и лакирани нокти, или не, типсови, алмонд форма. Ете така Уште малце и влошки ќе редат како тргнала работата. Жити све, да се шминкал за да изглеал добро Да се депилира исто така мора или?
Светот има поголеми проблеми за решавање од мажи кои се шминкаат, а богами исто и луѓето кои ги осудуваат страствено. А искрено во моиве 29 години живот не сум видела нашминкан маж да се шета така (ако зборуваме за шминка шминка, не само пудра или сл), барем тука, за толку да е проблем некому. А мажи рокери со ајлајнер се low-key sexy af, така да..
Искрено , ничим изазвани се повикувате , ај да ви каже фосилов нешто паметно . Има луѓе кои се негуваат и внатрешно и надворешно , ама сепак имаат акни . Имаат кратери на лицето . Имам другарка една , не е пушач , се храни здраво , пие доста вода , не е гојазна особа , и сепак има акни . Испитуваше се , здрава е фала Богу како дрен , ништо не и фали . И сеа шо праиме ? Акните се тука . И пробуваше разни креми , те природни те вакви те онакви , не и помогнаа . Што да прави ? Да оди на интервју за вработување така ? Нормално дека ќе ги прекрие . Исто ти е со мажите . Зошто си вртите како на вас ви одговара ? Јас не смеам да имам свој став на овој форум ли ? Ај одј***** веќе . На секое мислење ми се закачувате , као да е во вас собран цел памет на светов . Мој и само мој став е дека суптилна шминка , кај маж не ми смета . Ако тоа го прави да се чувствува посамоуверено , која сум јас да ми смета ? Тоа е нивна кожа , само подобра . Толку . П . С . Мрдните малку од примитивизмот веќе . Секаде во светот се користи BB , CC крема , пудра , коректор , ама на нас модерните ни смета . Нас кои живееме во камено доба , каде мајки ни се фрлаат од згради поради ненашминканите татини синчиња , каде се газат луѓе на пешачки , каде секојдневно на виделина излегуваат страшни семејни насилства . Шминка кај маж ви смета ? Искрено да ви кажам , за подобро и не сме . Појдите во Јапонија секој маж е нашминкан , дури и повеќе се шминкаат мажите , од жените .
Нека стави и влошки и рогови ако сака бар ќе му ја знаеш шифрата вака со дволичен маж да си у врска полошо е според мене, можда дома ќе ти ги пробува фустаните потајно и ќе се слика за онли фенс нпр.
Додека на светов има мажи насилници, малку е смешно да се наоѓаат замерки за шминка. Шминката се става и вади, карактерот не.
Вкусови бе. Кој што си преферира. Само не е у ред да кажуваш дека така морало, у спротива несреден бил. Уредност не се покажува преку шминката.
После бричење знам да ставам помада.Но, да се шминкам, никогаш не би.Само доколку ако имам некоја рана на лицето и ептен да е препознатливо.
Јас никогаш нема да се шминкам, а сакам да сум среден и да изгледам убаво, ако сум машко не значи дека не треба да изгледам убаво.. Крема ставам и секое сабајле се бричам, едно време брада носев ама исто секој ден си ја средував.. Ама генерално не ми пречат машки што се шминкаат, за јавните личности е и до некаде потреба, повеќе би ми изгледало лошо да гледам некој не среден пред камера, тоа им е дел од работата и треба да изгледаат добро.. А да видам некој претерано нашминкан и да се познава дека носи шминка не ми изгледа природно кај машко..
Помада, средување, бричење, хигиена, нега на кожа и коса, здравје - овие не се шминка. Шминка е кога ставаш маска на твоето тело со цел естетски да прикажеш поинаков изглед од природниот. И да педерска/феминистичка работа е тоа. Мажиња и мажуленција, оставете ги жените да бидат поубавиот и понежниот пол.
Познавам мажи што не ставаат помада затоа што тоа е „педерска работа“. И да, можеш да имаш дискретна шминка за соодветна ситуација, да си маж, и пак да оставиш жените да бидат толку нежни колку што сакаат. Има жени што не сакаат да бидат „понежен пол“. Има жени што се „препарираат“ со пудра и не се воопшто женствени, ни нежни ни естетски, а сепак тоа се смета за „женска работа“.