Не ми ја сфаќаш поентата или се праиш дека не ми ја сфаќаш? Ти ако не се шминкаш ја се шминкам, и напраив споредба според тоа ја колку шминка ставам, да видам маж со појака шминка од мојата. Now you get it?
@najjacha А што сакаш да кажеме? You need to step up you highlight game. Што ќе било ако видиш маж со појака шминка од твојата? Не знам еве, ќе фати земјотрес, жените ќе почнат коси да корнат, галаксијата ќе се распадне, светот е во хаос... Или едноставно ќе кажеш damn и ќе си продолжиш со денот, како the calm and laid-back human that you are.
Ја нема да се замарам и да видам, нема ни денот да ми се сруши ни ништо, муабетот ми беше дека знаеме у каква државичка живееме и народот шо би кажал. Не сме навикнати на тоа. Мене нишо не ми мењаа
Уште ова го немав слушнато до денес Да видам маж на улица со фул шминка (ајлајнер, сенки и кармин) ќе му се изнасмеам во фаца најискрено кажувам, ајде коректор, пудра по потреба или лабело ама уште тука не сум видела како ништо да немаат мажи да се шетаат по улица, јес да слобода и право на избор се тоа, ама ова во памет не ми оди, освен ако не си Џек Спероу.Или па drag queen.
Шо знам, мене омилен у последно време ми е Џејмс, интересен ми е, нуди нешто што го немаат другите и обожавам да го гледам. Еве брат му на Џејмс, како го гледал од мало дете дека се шминка а он самиот не изразил таква желба и не „се заразил“? Спојлер @najjacha Е добро де, може и тебе некој да те види на улица у краток фустан и да рече леле види ја оваа ____. И сега што ќе правиш, нема да носиш веќе фустан дека на некој друг не му се свиѓа? Ама се вадите со тоа, мали деца ќе гледале, ќе сакале и они. Знаете што гледав јас? Секој ден како мајка ми, тетка ми се шминкаат и спремаат за на работа, па до 3 година средно пудра на лице немав ставено. Мајка ми носеше сандали, чизми, балетанки. Јас само со патики на нозе израснав, у сред зима со патики по снег одев. Суќна и фустан беа непознат поим за мене. Цело време одев по фармерки и дуксер и ранец. Цело школо ташни носеше јас ранец. Како ли не сум видела од некој ташна па и јас да бидам „модерна“. Поентата е, ако ја промашивте, не може мене некој што ќе го видам на улица или било каде да ме натера да направам нешто што не сакам. Сум гледала и полоши работи, па не сум ги правела. Замислете, постои мозок и секој си го користи индивидуално. Сите имаат различни интереси, и денес дури и да ми дојде некој и да ми рече дека нешто што го носам на себе не му се допаѓа, мене ама ич увото нема да ми чуе. А, сега ги гледате почесто ваквите луѓе од проста причина што не се несигурни, и знаат дека се позаштитени од порано, дека ако искочат од дома така нема да ги истепа некој бидејќи не одговараат на неговиот шаблон на нормално. Плус, со помош на социјалните мрежи и интернетот се ни е тука на дланка, и се ни е овозможено, со еден клик можеш што те интересира да отвориш и да видиш. Да не беше интернетот, немало сигурно ни да знаеш дека има толку многу луѓе кои се шминкаат а се мажи или геј. Ватевр. Спојлер Мене па ме интересира колку геј луѓе има во светов што имаат жени и деца, а се ожениле од притисок на општеството и околината, а сега се тотално несреќни... Ама ајде тоа е скроз друга тема.
До 5 годишна возраст се поставуваат темелите на карактерот и да си сакал да станеш барбика или бекуган не можеш, за таа цел нема да ти помогнат ни 1000 пластични операции. Мене ми е смешно машко да се занимава со женски работи како што горе наведов не ми иде машко да си игра со барбики, да носи штикли, да се шминка и притоа да убедува дека тоа е нормално.
Да де за нив е нормално и онака се двоумат кој пол да го изберат @DAngel ти ова од лично искуство го пишуваш?
За жал сме чуле, и за нив и за пострашни дијагнози од тие. На пример, си чула за Catwoman (девојката што е уфилмана дека е мачка) или за genderless alien - дечкото од Калифорнија што направи 110 операции за да го отстрани полот од себе?
Леле замисли, во овој розов свет колку страшни дијагнози се горенаведените !!! Мислам стварно, Бог да чува од луѓе кои што прават некоја промена за да се чувствуваат удобно во своја кожа. Уште тој проблем да го решиме и на коњ сме.
Не им бранам, не ги закачам или исмејувам заради нивното феминистичко однесување, ама не го подржувам тоа. Ако некој маж знае повеќе од 16те основни бои, а не студира уметност или некој дизајн, мене ми е сумјив 50 нијанси на сиво за жените може да е филм или колекција шминки, а за мажите тоа е само филм.
Овде скоро сите подржувате демек мажи со шминка, ептен сте либерални, а на улица да видите некој изнашминкан со розова сенка и кармин 100% ке му се изнасмеете во фаца. Би ги зеле ли за маж/дечко? Не велам дека не знаат да шминкаат, ама тоа нека го прават на жена, наместо тие да се шминкаат. Може не сум со модерни сфаќања, не ми е нормално ова во никој случај. Шминката според мене е да ја истакне женственоста. Брада и 2кг шминка не одат заедно! Разбирам со малку пудра да покриеш акна, лузна и сл. ама шлакање сенки, хајлајтери, маскари ете не можам да разберам.
И? Како ја сузби валидноста на џендер флуид? Со екстремен пример, што е појава во секоја заедница, без разлика на политичките убедувања? Со нивната моќ да владеат со нивните тела, онака како што им одговара (се додека не повредуваат друг)? Само заради тоа ли треба да ги турнеме во ќош, сите кои се различни од нас? И ние сме различни од сите, на милиони нивоа, различни. Тоа не им дава право на другите да ми кажуваат што ќе правам јас со себе, или тебе, што ти со тебе? Ама тоа е... Не се двоумат. Си почнала да читаш на темава, не си дочитала. Никој во ништо не се двоуми. За таква работа барем, не можеш да згрешиш, верувај! И за мене е само филм, и тоа досаден. Жена сум? Зошто би му се изнасмеале? Од кај идеја таква? Од себе ли тргнуваш? Зошто има потреба да го земеме за маж/дечко? Тоа што нам не ни се допаѓа за маж/дечко, значи дека нема право да се шминка?
@WildMk Да, од себе тргнувам. Еве мене смешно ке ми биде да видам друштво машки нашминкани, или дечко и девојка каде што дечкото е понашминкан од девојката. Замисли, седат двајца другари на пиво нашминкани, пицосани. Колку кул и модерно, а? Никој не рече дека немаат право да се шминкаат, но ако имаат право не значи и дека треба. Патем, морам да те цитирам сори. Зошто во цитатов шминкањето и другиве работи ги наведуваш ко невозможни и несвојствени за машко, а овде тврдиш како тоа ти е нормално, дај одлучи се.
Ајде повторете: ако некој поддржува нешто не мора по дифолт и да го прави, едноставно поддржува слобода на личност и изразување. Бравос. Дали поддржувам некој да се шминка? Да. Некој можи да биди и машко и женско. Дали ми е океј ако некој не се шминка? Во таа група сум јас. За децата сега. Да, првите години за оформување на личност се најважни, ама ако мислите дека на дете од три години кола му значи повеќе од само играчка, или барбика му значи повеќе од само девојче - вие имате проблем, не некој друг. Па горе гадење ако машко дете сака да си лакира шарени ноктиња. Добро знајте како функционира дете? Шарено е, интересно е. Не сака да се уљепша, едноставно сака да се радва на шаренилото. Затоа во сите игротеки прават и шарени маски за лице кога одат децата на роденден. Типично женско не сум, и ми сметаше зошто од дома ме тераа да носам штикли, и блузиња како другите девојчиња и за некоја толку банална работа ми сметаше, а не па да сакам да се шминкам или да бидам нешто друго. Со самото осудување му тепате психа на луѓе, а после сакате да кажите дека ви е грижа. Никој не ви верва. И еден ден мајка ми и татко ми се помирија со типот на човек кој сум, и знајте односите колку ни се подобри? Ова, ако немате дете во калап сработено да знајте како треба. И не, само зошто не ми е гајле или ми е океј некој да се шминка не значи дека ќе му скокнам в раце, зошто секој има различен тип на луѓе кои ги привлекува. Па и женски да ме влечеле не сум сигурна дека шминка ќе ме влечи. Или пу- пу не се важи ко не ме влечи уствари треба камен да фрлам? И не, нема да ми смета ако син ми сака да се налакира или да се нашминка. Ќе ми смета дур е ептен дете, да не си уништва кожата, било машко или женско небитно. И ќе ми сметаат душебрижниците, само прогласени морални, нормални и полни со љубов, кој ќе му го прават животот пекол. Пазете се од такви.