А што демек сега загрижена си за нив како ќе ги прифати општеството? Не знам како не можете да се помирите со фактот што во светот може да постојат работи и кои не ви се допаѓаат. Свесни ли сте дека ако толку трагично сфаќате обични работи како кој се шминка и како, кој каква облека носи, кој со кого се држи за рака и слично, животот ќе ви биде преполн со негативности? Интересно е да се види до каде сме, една група цицачи велат овие другиве цицачи кога ќе ги видам со пигменти на лице ми се превртува в стомак, бидејќи нели ,,не личи", ,,се знае" и слични фрази од речникот на конзервативците. Just let them be.
Не ми пречи мажи да се шминкаат. Не ме шминкаат мене па да се бунам. Оставете ги луѓето да си прават она што НИВ ги исполнува и задоволува. Мојот дечко кога би почнал да се шминка... Хммм па ако убаво го прави тоа, во ред. А ако не го бива, за туш јас ќе го научам како да го црта, а за останатите работи ќе го претплатам во Вашата шминка преку слики Иако повеќе ме привлекуваат мажи кои ни ја крај памет не би ми паднало дека би посакале шминка на нивно лице, ама не се знае... Едит: кога би престанале да дрндаме кој што како зошто и кога не би се замарале со тоа што кој ќе каже, верувам дека би биле барем 5% посреќен народ и планетава би била поубаво место за живеење. Сепак, луѓето се тие кои разубавуваат/уништуваат.
Мене сте ми смешни кога велите дека машко што се шминка е геј затоа што нешто толку просто како шминка не е начин да се идентификува нечија сексуална ориентација ниту пак полова определеност.
Муабетот ми беше дека не добив желба за промена на полот ко што посочувате, или желба да бидам барбика. Можеби Кен... Тебе ти е смешно и не ти е нормално, ама некои прават милиони со тоа и не верувам дека им е битно нечие мислење. А ова што кажувате дека ако видите некој по улица нашминкан, па ќе се смеете, па не знам што ќе правите, ми е толку... no comment. Зјапање во некој, приметливо коментирање додека поминуваш покрај некој и слично е премногу некултурно. Кога веќе се враќаме два века наназад, бар поседувајте ги манирите што ги имале тогаш луѓето.
Секогаш сме толку нетолерантни. Се уште ги имаме истите бариери. Треба да им дозволиме на останатите да живеаат онака како што сакаат, се додека тоа не влијае на никого. Ова не е нешто сосема ново. И не паѓајте толку во несвест, собирајќи ги по подот вашите нормални идеали, а превртувајќи се од смеа, можете да се удавите во нив. На крајот, тоа не е вашето лице и тоа не е вашиот живот. Ниту истите ви се загрозени со тоа што некој маж нагласил посебни аспекти од лицето. Престанете да ги гледате таквите како егзотични инсекти, бидејќи тоа не е ваша или наша работа. Претераната грижа за останатите, ви е првата фаза на стигматизирање, исклучување на останатите различни од нас. Што е нормално?! Кој може да суди?! Дали ние ги поставуваме стандардите?! Ние кои се боревме за еднаквост?! Што ако одите на механичар и колата ви ја поправа маж со сјај на усните?! Ќе заминете, ќе се смеете, ќе дискриминирате?! И не, не мислам дека таквите мажи имаат проблем, но имаме ние, судејќи за истото. И да, вистина е дека карактерот на детето се формира до 5 годишна возраст. Ете, јас имам две ќерки. Омилена игра им е пожарна, автомеханичари и полиција. Дали тоа се уште ги прави женски?! Ете, јас и сопругот, никогаш не сме ги делеле играчките на машки и женски. Постарата ќерка е заинтересирана за поправање, расклопување, заштрафување. Кој знае, можеби во иднина ќе одбере струка која во нашето оштество е окаректеризирана за машка. Дали со тоа таа ќе престане да биде мое дете или ќе биде помалку женско?! Дај, прочитајте добра книга, многу повредна окупација од темава овде.
Ти па уште во категорија храна што не си иступел за тие родовите, опседнат си човеку Срам ме фати за тебе, ни самиот не си свесен кои површни сексистички глупости си ги изнатропал во еден пост. Ама ти си знаеш, голем си Многу бе нагаѓате за нас либералите што правиме и како реагираме во реалност... Ама кога ќе ми текне дека во една тема се велеше оти да видиме црнец нема да му пријдеме да му прозбориме, ова и не е толку страшно Нема да се изнасмееме. И сфатете дека не мора маж и самиот тој да се шминка/жена да ја привлекуваат апла нашминкани мажи, за да поддржува секој да прави што си сака. Не се врти светот околу нас и нашите преференци за привлечност.
Ние уште живееме у држава у која на твитер пример на велико се хејтаат девојчиња зашто се шминкале секој ден, демек биле ружни, лицата им биле рошави, не можеле да искочат без шминка и не знам што, вие се чудите за машки што се шминкале зашто хејт и зашо уопште ваква тема. Мене повеќе ми се глупи прво тие коментари, јас како љубител на шминка, за мене тоа е арт, успешно нацртано крилце со туш, уметност со сенки, користам затоа што сакам секој ден, не зашто сметам дека сум грда, ни па акни имам на пример, ние ова не можеме да го опраиме, не па ќе сме прифателе машки што се шминкаат. Не, уопште не ми пречи. Кој што сака нека прави. Зашто мажите да не може да се дотеруваат? Нека си се чупаат, шминкаат, депилираат, мене тоа не ми мења ништо у животот.
Не би ме привлекол нашминкан маж, ми се допаѓаат "старомодни" момци (ок, не колку Египќаните од погоре ). Но, немам ништо против мажи што се шминкаат. Ако тоа ги прави среќни, што има јас да им судам. Секој нека си прави како му е убаво да душата, сé додека не повредува некого (под повредување не мислам на повредените чувства на "снегулките").
Види, децата не ги делат играчките на машки и женски, со играат со она што ги интересира и што им ја буди фантазијата. Исто како што не ги делат боите на машки и женски. Тие стереотипи се присутни кај нас, возрасните, ние ја правиме таа поделба, така сме и ние воспитани. Лошото е што мислиме дека ако момче си игра со кукли, автоматски значи дека ќе биде геј кога ќе порасне. А нема врска. Во однос на темава - старомодна сум и немам јасно изградено мислење за мажи што се шминкаат, не знам дали сум за или против. Зборам за фул шминка, од подлога до фиксатор. Ама шминката не е само за жените, само што некако се наметнува тој став, бидејќи жените се тие кои повеќе ја користат и се разубавуваат. А за мажите ни е чудно, оти тие секогаш биле посилен пол, во генот им е да бидат груби, а не да се шминкаат. Впрочем, тоа општеството го наметнало. Не дека порано немало мажи што користеле шминка, имало, само не биле толку експонирани. Денес се' ни е на изволте, буквално, и бидејќи некако пребрзо се менуваат работите, тешко е да се прифати нешто поразлично, бидејќи сме воспитани дека различното е лошо, или не е убаво да отстапуваш од околината, да бидеш поинаков од другите. Тука се гледа колку сме нетолерантни. Наместо да прифатиме дека не може сите да бидеме исти, ние не ги толерираме другите, се' ни пречи.
Имам пишано и порано, јас бев (и уште сум во срце) од „алтернативците“. Пред десет години ќе убиев за дечко што се шминка црно, што се лакира црно а богами и што се фарба црно. Е ама, и да имал некој таква желба, доволно бил свесен дека ако излезе на улица таков, ќе биде здробен од мавање па така досега немам видено едно единствено нашминкано машко во градов. Геј, металец, небитно. Дали би одела сега со нашминкан момак? Не, зошто и јас не сум повеќе истата и на овие години веќе тој изглед не ми е привлечен. Следно. Погоре се пиша, океј е машко да користи пудра за да скрие акни и црвенила, педерски е да користи руменило. Не, исто си е, секако станува збор за разубавување. Двојни аршини Дали би сакала дете мое да се шминка? Не, и темава е огледало зошто. Некоја си таму да му се смее во лице само зошто ставил моливче за очи? Не, не би сакала да поминува низ таков пекол, само зошто се родил да живее меѓу затуцан нетолерантен народ. Односно, да сумирам- не ми сметаат момци кои користат шминка Сериозно, зошто и би ми сметале? На кој начин нивната шминка мене ми прави разлика во мојот живот?
Мене лично не ме привлекува таков изглед на машко. Зашто ни јас не се шминкам, општо шминката не ми е привлечна. А сум за слобода на изразување и секој да си го тера своето. Ако некој сака, зашто да не. Важна е слободата. Како што јас не сакам да се шминкам и не сакам некој на пример да ме приморува зашто сум женско и убаво е и би била така средена, па да морам да се шминкам, така ако некој сака да се шминка треба да си има таква слобода.
Би пишал нешто но би било рефразирање на rainbow/theowndemon постовите. Не ме привлекува (но не е моја работа) шминка кај женски 90% од време, ако е нешто што ги прави да се чувствуваат по *во своја кожа* ок. Кај машки, слобода на изразување, ништо чудно, сум видел се и сешто, ако трошиме енергија на машки што се шминкаат. Отиде животот.
Aко зборувам за лични критериуми, не ме привлекуваат мажи со шминка и сметам дека е во ред. Исто како што некоја девојка не би одела со низок дечко, но притоа не треба да ми префрла мене зошто јас имам низок дечко и висината не ми е толку битна кај партнер. А ако зборувам во глобала, не ми пречи, и зошто би ми пречело. Сепак и нив може да ги бидува во шминка и уметност на тој начин. А бај да уеј за играчките спомнати погоре, јас си играв и со кукли и со колички . Ретко носам шминка, само за излегување, од облека ретко носам фустани и штикли што не значи дека не знам да се дотерам и да изгледам убаво и женствено во добра комбинација со фармерки. Истото важи и за спротивниот пол.
Ај некој нека каже дали ова го привлекува? Пак ќе кажам кој што сака нека прави ама мене не ми се допаѓа.
Нема потреба да учиме лекции дали и колку машките се шминкале од праисторија па се до денес, оти секое време си носи свој траг. Во среден век било нормално да се живи-запалуваат жени кои биле етикетирани како вештерки, па не ни дава за право да го праиме тоа и денеска. Што било нормално порано, сега не е и обратно. А што се ќе станува допрва нормално... допрва и ќе гледаме. Ако имам женско дете ќе му купувам количиња и ако имам машко дете ќе му купувам и кукли, единствено нема да купувам пиштоли и колички од тип тенк и слични што асоцираат на насилство и војни. Ако подоцна во својот развој, машкото дете одбере да се шминка и да се сака повеќе како женско ќе бидам поддршка на се што ќе го прави вистински среќен. Не. Не сакам мм да користи повеќе козметика од мене. Апсолутно не ме привлекуваат машки со повеќе шминка од мене и most probably ниту јас не сум им привлечна на ним. Затоа и си го сакам него, оти баш тоа го прави различен од мене. Јас му ги средувам веѓите на мм онаму каде има потреба и по потреба (оти има мн чисто лице) но доколку се појави црвенило или нешто што му смета знам да му ставам пудра на тоа место, за да ја прикриеме неправилноста. Исто беше претходно и со брат ми. Ако сакаат нека се шминкаат. Ако сакаат нека лакираат нокти, ако сакаат нека се фарбаат. Немам апсолутно ништо против. Ама оние машки што го прават тоа во голема мера, сакаат и да им се обраќаш во женски род. И тоа е во ред. Секој како си се чувствува. Стрејт машко не се шминка еднакво како жените што ги дејта. И да не се лажеме дека една девојка ќе биде во ред со фактот ако дечко и бленда сенки на него 3 пути подобро од неа. Освен ако не и смета ниту да му се обраќа како на девојка. И тоа повторно е сосем друг случај.