1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машки накит и акцесорис

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 10 март 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Колку ние жените сакаме мажи кои носат накит и акцесорис?
    Ќе го исклучам коментирањето на машки часовници и очила бидејки тие се унисекс акцесорис, кои подеднакво стојат добро и кај мажи и кај жени.

    Муабетот ми е во последно време гледам дека мажите почнуваат да се китат со накит како и жените. Обетчиња, прстенчиња, алки, ланче, марами, чанта |(
    Не ли е тоа помало гејски стајлинг?
    Ми се допаѓаат кај мажи кожни алкички, марама т.е. шал кога е ладно, актовка или лап топ чанта за бизнис потреба и секако бурма. Нормално вратоврската нив им е акцесорис.
    Па иако не сакам ама подобро жолти златни ланци ќе гледам него оваа нова мода на бижутериски акцесорис кај мажи. Прстени, ланчиња, марами шарени за мода, па и чанти кои ги носат за прошетки во град, некако не ми штима ич тоа.

    Вас ви се допаѓаат китените машки?
    Дечковците ваши носат? Сте купиле накит за машко?

    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]

    Уште малце и вака ќе искачаат |(
    [​IMG]
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Исто и на мене не ми се свиѓа ова. Мојот дечко не сака такви џиџи-миџи работа па и не ми паѓа на памет да му купам. Рачен часовник и златно ланче се во ред, а другото не
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    16.695
    Мене овие на сликите како да ми терат таков, геј-стајлинг. Еве брат ми носи само едно ланче такво тоа шо е синџирчето, него му е како кабелче (незнам како да објаснам) и на него еден приверзок металика. Упс, со носеше, додека не го изгуби де.
     

    Прикачени фајлови:

  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Значи во ред е да носи некој сат, во ред е некое златно или сребрено ланче дискретно, во ред е и шал да носи во вакво време, во ред е и шеширче да носи, во ред е вакво нешто да носи...
    [​IMG]
    Ама побогу нема да е во ред
    [​IMG]
    [​IMG]
    Не барам веќе слики, нервоза ме фати.
     
    На tinkerbelll и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.091
    Пол:
    Женски
    Што молење му дадов на момакон мој да носи шал, дури и му купив ама не сака и не. Сакам момци со шал, часовник, некоја кожна алка, со чанта за на факултет или за на работа. А да и бурма.
    Но, не сакам момци со ланчиња златни/ сребрени, со прстени, особено златни некои огромни, со марами во не знам ти какви бои, со чанти што не се адекватни ни за факс ни за работа.

    Мојов носи алка кожна и порано едно ланче со кожа и некој интересен приврзок. Сега почна и часовник да носи, но друго не сака. За чанта не доаѓа ни во предвид да се разговара.

    Но, има момци што знаат да носат вакви ствари и да не изгледаат геј.
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сметам дека часовник е број еден маст хев за секое машко. Секој треба да си инвестира во барем еден, убав и квалитетен часовник.
    Можам да преминам и преку дискретно златно или сребрено ланче, кое нема да биде на мегдан од раскопчана кошула, нормално. Дечко ми има пример, златно ланче, кое му е подарок за матура од баба му и дедо му, го носи постојано, ама секогаш во џемперот или под кошулата,така што ниту се гледа ниту смета. Него не можам да го замислам со алка, обетки или прстени, едноставно не можам.
    За шалови, исто, нормално ми е машко да носи шал, зошто не би?! Му имам и јас купено два, во зима постојано е со нив, што апсолутно не ми смета.

    Од друга страна, имам пријатели, кои да речеме се наклонети кон рок или метал, па како дел од имиџот им е да носат повеќе аксесоари. Значи, носат прстени сребрени, по некоја обетка, кожни алки со нитни и слично.... Мене не ми сметаат, сум ги навикнала, ама не би можела да бидам со таков дечко, што е накитен колку што сум јас. :)

    This is sooooooo gay!!!!
     
  7. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    несакам накитени машки, со прстени, обетки, ланци премногу сељачки ми делува тоа. :puke:

    сакам машки кои носат минимални парчиња накит, ланче или бројаница, сат, наочари, шал, нешто вакво :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Мојот не носи шалови и капи. Има само 2 златни алки, и тенка бројаница од мене, и златно ланче кои ги носи и друго ништо. Наочари за сонце не носи, чанти пак ич. И да бидам искрена и не сакам машки со капи, обетки, прстени и чанти. Шалови доага на ред. Наочари за сонце не знам зошто не носи мојот а добро би му стоеле. :D
     
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Врвот ми беше кога прочитав дека дезенираните хулахопки за мажи се во мода :x Изгледа сум премногу конзервативна за вакви работи ама никогаш нема да престанат да ми бодат очи овие нови феминизирани трендови за мажи. Добар часовник, наочари, шал, нормална ташна и вратоврска...толку. А да, и добра бурма знае убаво да стои.
    Барајќи слики за во темава ми се прислоши малку, особено на делот кај ташните :o слободно може да си ги мењаат со сестрите пошто голема разлика и нема :D

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Настрана дечково, шалот ми се свиѓа
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Хмм, би сакала дечко вака накитен:
    http://sjboly.com/wp-content/uploads/20 ... welry1.jpg
    Или не, ова е подобро:
    http://s4.hubimg.com/u/5451871_f260.jpg

    Се шалам. Прифаќам марами, ташни на рамо ко оние за на факс, шеширче, часовници... Но ме ежат некои големи златни прстени или пак со некои тешки ланци со циркони во овој стил:
    http://picblow.com/img/full/3409.jpg
    Човече, па каде вака? :x
    Се додека е со стил, умерено ми се допаѓа и го сметам за убаво. :)
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Дечко ми не се кити воопшто. Обетки, ланчиња, нараквици никако. Носи само часовник, неможе без него, не го ни вади од рака. И бројаница црна една со крстче. Си има една лап топ ташна и едно малечко ташнуле за преку рамо да стави документи или нешто ситно, да не влечка по џебови или ќеси.
    Дури и каиши не љуби многу. Има неколку за секој ден и 2 поелегантни за по свадби и други свечености :) .
    Друго не му ни треба повеќе.
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Моево момче си носи марами и шалчиња обавезно.Како моден додаток си носи и вакви наочари [​IMG].На раката моментално си носи само бројаница,и златно ланче што си го има одкако е крстен.
    Ташна за на факултет обавезно носи,и си има една ептен му е типска во негов стил :) Капчиња зимно време сака во овој стил [​IMG],а има и вакво капче [​IMG].Додуша целиот стил му е сличен на Џастин,а и супер му одговара :D
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Ланчето секогаш си го носи под облеката, а од друг накит има само една златна алка (исто подарок) и часовник. Ми се чини дека едно време носеше и црна бројаница, ама откако му се скина, веќе не носи.
    А да, има и обетка на левото уво. Му купив една од бело злато со камче, сосема дискретна, ама пустиот ја загуби |( Порано носеше пирсови на увото, ама сега изгледа ги израсна и не носи. Посериозен станал...
    Малку е специфичен, не носи било што. Не носи часовник купен од пазар, или каиш од скај. Сака да е квалитетно и да го носи долго време.
    Марами, капи и ташни не носи. Единствено носи шал зимно време.

    Многу ми се смешни оние машки што носат огромни златни ланци на врат, небаре се кучиња |(
    Не знам дали тоа им служи како доказ за нивната репутација и класа во општеството, ама мене ми се страшно одбивни! И уште кога ќе се појават летно време на плажа со толкави синџири... Господе... :|
     
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Дечко ми исто си има златно ланче тенко, со неговата буква , а пред извесно време ја ставил и мојата буква од името на ланчето. Секогаш го носи под маичка, никогаш не му виси надвор! Обожава да носи капчиња летно време, ги има еден куп и во разни бои. Зимно време носи шалче.
    На рака има бројаница, и алка (метална) подарок за роденден од мене :)
     
  16. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Обично колку помало и подискретно толку поубаво, ама мене на пример многу ми сметаат кај машко оние мали чантички да не речам "педеруши".. Ај ќе рече некој боље во нејзе него да полнам џебови со цигари, пари, телефони, а во последно време никој нема помалце од два телефона во него кога искача ( duh |( ), ама многу женски ми изгледа. Боље некоја поголема (деловна) ташна на рамо отколку тоа :?:
    Актовки, лаптоп и деловни чанти ми се сосема во ред, баш елегантно изгледа. Секако ни под разно не смее да има ташна што јас можам да ја искомбинирам со новите штикли. :tmi:
    Ранец е добредојден во секој случај. Очила, часовник, шалче воопшто не се тема за дискусија. Секој дечко треба да ги има барем еден пар. Бурма кај женети мажи не се гледа веќе толку како моден детал. Целта на бурмата е друга, јес да повеќето мажи и ја вадат од други икс причини, најчесто поради работни активности...
    Еее сега останатиот накит.. Некое тенко златно/сребрено синџирче, или некое кул ланче пикнато под маица воопшто не смета. Дебели мачо синџири врз љубовен тепих, на 6 копчиња раскопчана кошула и инстантно добива Х по чело по кратка постапка :shake: Прстени никако. Менѓуши ми се ок, се додека е нешто дискретно, и на едното уво. На двете веќе е апла женско. А за чудо знам дечки со менѓуши на двете и ми се многу ок, па до некаде ми го побиваат она што го пишав претходно. :D
    Алка не смета, нормално збориме за баш машка алка било златна/сребрена или кожа сеедно. Каиши такоџе, ама да ми излезе со каиш со огромна тока, со цел збор спелуван на него, би му го извадила и би го опалила со него :emo: Вратоврска во погодена прилика да. Не би сакала дечко ми кога ќе излеземе на кафе или во дискотека да е стегнат и уфирцан до толку, ама некои прилики си бараат вратоврска, посериозно да делува. Не љубам а ла Латас вратоврски на слепо искомбинирани :tmi:
    Паричник, капче... тоа е :)
    Факт е дека во последно време многу се исфеминизираа маживе :doh: За среќа не се сите такви, ама тие што ги фати американскава клима станаа поголеми помодари од жениве. За среќа на кај нас релативно помалце се такви. Повеќето "модни грешки" ако може така да се рече, се од невкус одколку од феминизираност... Ама не е тоа муабетот :lol:
     
  17. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Покрај стандардните, што секој маж треба да ги носи: часовник, каиш, паричник, па и вратоврска и очила за сонце, мене лично ми се допаѓа и:
    Шал или еднобојна марама од кашмир
    За оние што носат одело во посвечени пригоди и марамче на ревер и украсни копчиња на манжетни. :inlove:
    Прстени никако, освен бурма за женетите.
    Ланчиња не бендисувам, ама кога веќе носи да не е синџир како за куче и секогаш да е скриен под облека.
    Може алка ама не жолто злато, туку оние титаниумски или кожни и не џиџани туку едноставни.
    Деловна ташна или пак онаа за лаптоп, или евентуално мала спортска ташничка.

    А овие сега што се китат, демек бркаат "мода", ми се ужасни. Читам дезенирани хулахопки за мажи, па ништо чудно да почнат и штикли да носат :x
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Единствено признавам добар часовник, шал и очила за сонце.
    Понатаму вратоврски и деловна чанта обавезно (директор ли ќе е, шала ли е) и бурма.

    Останатите како прстенчиња, алки, кожени алки, врвки ланци, педерки (актуелните торбички преку, мислам вака се викаа), чанти за лаптоп и слично, никако, а и впрочем тоа не е мој тип на машки.

    Штета е што мојот господин несака часовници моментално, наочари обожува, и шал слабо, ама има време за се, ќе засака и часовници. :)
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    И јас го забалежувам ова китење кај мажите,кое искрено ми е одвратно :tmi:
    Маж ми ретко носи шал,не пак марами,не сака јок.Носи златно ланче кое му е подарок за матура од неговата почината баба,и убав часовник со кој ми е многу секси ;) Убаво ми изгледа убав часовник кај машко ....
    Носи чанта,ваков тип нешто,[​IMG],и тоа од неодамна,зошто јас го натерав,а сега му се допаѓа зошто сите 4 телефони му се на едно место :lol:

    Ама не за дебели златни прстени,ланци и триста чуда :puke:
    Ме одбиваат кај машко :|
     
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Не сум љубител на машки накит, особено НЕ за оние сликите кои ги видов погоре. Кај машко нешто што ми е најодбивно ми се дебели златни ланци и големи златни прстени и тоа секогаш прво го забележувам. Се останато ми е ОК се додека нели не е претерано и ептен воочливо.

    Мојот од накит носи часовник, кожно ланче со приврзок бел крст, се разбира секогаш под маица или блуза, и прстен (не е бурма зошто не сме во брак, но и двајцата носиме ист).
    [​IMG]
    Додатоци во зависност од пригодата, шал доколку е ладно, вратоврска доколку е свечен настан, наочари за сонце и тенко, црно венче (повремено) бидејќи има долга коса.