Сакам да му купам новчаник за годишнината но незнам каде има поубави и од прилика со цените до каде се движат,ако знае некој нека пише
Девојки и јас сакам на дечко ми за Нова година да му купам новчаник ама некој добар, марка или штознам, гледав во Lacoste ама таму се изгор по 5-6 илјади денари, а јас би потрошила околу 1000-2000 ден, некој предлог ? Каде?
А убави новчаници со несолени цени некаде низ Струмица? Не дека имам таксано за подарок, ами онака ме интересира.
Има убави новчаници во Мона со приступачна цена и одличен квалитет. Јас сум поклонила пред некоја година и еве, го гледам.. уште добро се држи
Како одлични се покажаа и машките новчаници од Масимо Дути. Кожни, тенки, со многу преградички внатре, едноставен модел и квалитетни.
Јас машки новчаник имам купено од Базаро (тешко дека има марка, дури мислам дека нема ознака на него) и искрено се покажа многу квалитетен. Нормално дека не е кожа ни оригинал, но има доволно прегради и е со доста пристапна цена (ако не се лажам помеѓу 300 и 500 денари)
Знам дека прашањево е од порано , но може одговорот ќе му користи на некој друг. Мм си купи од Мона и е многу квалитетен и елегантен.. Цената има беше од 2000 па нагоре.
Дали сум јас единствена која смета дека новчаник е лош подарок за него? Ми предлагале да му купам но никогаш не сум го сторила ниту некогаш ќе биде тоа.
Јас му купив од Горица трејд кожен новчаник и редовно си го носи, рече дека бил многу квалитетен и баш му требало. Мислам дека машките ретко лично си купуваат новчаници, па затоа мислам дека е убав подарок.