One million e веќе too mainstream. Колку и да мириса убаво, мислам дека никогаш повеќе не би го поклонила некому. Туку, ме интересира како се движат со цената овие два ?
Дефинитивно најдобар за мене во моментов. Го добив како подарок за роденден и одлично се слага со природниот мирис на мојата кожа + иде со гратис мало шишенце од 20 ml кое е добро за во несесер кога патувам со авион.
Сакам да му купам парфем на дечко ми. Дајте некој предлог до 2500 ден. Или пак некој онлајн каталог од македонски парфимерии.
девојки ај препорачајте ми некој парфем до кај 1000 максимум 1500 ми треба за поклон за роденден на дечкоми
Парфемов е чудо, денес го купив на дечко ми за роденден и цел ден не можам да престанам да го мирисам картивчето каде прснав за проба. Се заљубив! Сега уште повеќе ќе го гушкам, душата ќе му ја вадам!
125 Fr. е, не знам колку точно доаѓа во денари, околу 6000 ден ваљда ама не сум сигурна пошто не знам како е франкот сега кај нас..
Можеш Аntonio Banderas да му земеш, не е многу скап ( не е повеќе од 1500 мислам ) , а убав е и траен
Дечко ми се мириса со Роберто Визари. Тоа е негов заштитен парфем. До сега кај никој друг не сум го приметила. Само ако некоја девојка замириса така, одма ќе знам дека бил со неа.