Зависи каде како,јас сум од Прилеп,во секоја парфимерија различно,во космо беше 750 и нешто во една друга беше 800,а пак во една го начекавме за 680 ден со дечко ми и си го купи од таму. Значи 100 мл. беше 680 а тој од 50 мл. беше 500 Да нагласам,мирисот е незаменлив.
Имаше период кога 1 Million го обожавав, секако поради корисникот Сега го мразам поради истиот тој корисник (а и поради фактот што секој втор почна да го користи, па се заситив). Ми се допаѓаат (сеуште ) Architect и Signature од Oriflame. Мене ретко да ми се допадне машки парфем, скоро сите ми мирисаат прејако, но овие два ги обожавам, многу слатки, а пред се подносливи мириси За крај, новиот Џејмс Бонд 007. Ми дадоа мостра од Cosmo пред некој ден и преубаво мириса! Цел врз мене го истурив и секако дека не би ми пречело мојот мУж така да мириса
Нешто што многу ми се допаѓа кај дечко ми е тоа што користи само еден парфем и за ништо не го менува. Го користи многу долго време и не ни планира да го смени, се случува некој да му донесе на подарок некој друг парфем ќе го прсне еднаш и толку, пак му се враќа на стариот, а има огромна колекција на парфеми, ама е скржав му стојат полни и си ги чува. Ова е неговиот парфем кој и јас го обожавам:
Не ме малтретирајте слики да барам ама поубав парфем не само машки општо земено за мене е SCULPTURE !
Би требало да е од 2000 денари нагоре до кај 3000 сигурно, но не повеќе од 3000. Убаво мириса мм имаше таков парфем му го дадоа поклон, и најискрено не сакав да прашувам колку пари е. Преубаво мириса (барем мене).
Фала ти,мислев на точна цена инаку знам дека сите парфеми се некаде околу 50евра плус-минус некое евро.