Предобар е, баш мажествен и многу убаво се развиваат нотите. Не е премногу дрвенаст да гуши, баш онака таман е. Подетален опис има овде http://www.fragrantica.com/perfume/Carolina-Herrera/CH-Men-6759.html
30нa евра 100мл ама го немам видено кај нас. У блиска туѓина го има. Кај нас имам сретнато само Joop homme, Joop Go! и Joop Nightflight. Последниот е доста добар и трае долго ко за летен мада е малце по ретро некако ама ништо страшно(околу 50евра-125мл). Вториот у Еликсир у гтц го имам гледано,незнам колку пари беше.Чуден мирис,на почеток на забар мириса ама после некоја минута фаќа јака кривина и мириса баш ок ,свежо,али не трае многу.
Не држат Бос и Лакосте парфемите. Незнам тој колку е, али ти го порерачувам ако ти е за поклон да му земеш Intenso. No. 1 е парфемот моментално. Јас го користам од 125 мл.
Па тој го користи Boss Orange, затоа прашувам, мислам дека се околу 5000 ден....а Intenso околу колку се движи? Од D&G e ако не се лажам, во црно кутивче?
А Hugo Boss на попуст е сега во парфимериите Еликсир околу 3000 ден- 100мл.Провери на нивната страна мислам декаго имаше објавено
Јас го зедов 125 мл за 45 евра. Тестер. И не од парфимерија. Туку имам пријател што носи оригинал парфеми и тестери.
http://www.pinoyguyguide.com/wp-content/uploads/2013/12/Paco-Rabanne-Invictus-Mens-Fragrance-3.jpg Според мене најубав машки парфем,после аква ди џио
Девојки ај предложете некој машки парфем, за поклон ми е за дечко ми на роденден. Гледам го фалите Антонио Бандерас, а и ок ми е цената пошо барам нешто до 1500 отприлика. Имате уште некој предлог?
овој е дефинитивно најдобар, дечко ми го користи веќе 2 години незаменлив ми е, мирисни го, сигурно ќе ти се допадне
Тој ти е Ок...ама моментално сеуште имаш попусти во Шатце, Еликсир и Космо па разгледај пред да го купиш. Знам во Космо имаш 50% на CH Sport, во Шатце во бyњаковец имаш Давидов( не ми текнува кој точно) 1650ден , s'oliver беше и поефтин, после во зебра има на Calvin Klein повеќе парфеми до 2000 ...прво разгледај ако не најдеш ништо друго тогаш земи го А.Бандерас. Ама мислам дека ќе најдеш. Немoра да е100мл земи од 50, искористи ги попустите. Антонио е секогаш таа цена. Но овие не се ...