Може ли некој што е запознаен со парфемите да ми каже кој од овие е најлесен, да не е тежок, сакам онлајн да ги порачам.
CK ми е баш убав, општо не само овој туку и другите од овој бренд ми се супер. Често пати ги има и за пристијна цена на попуст за големи милилитражи, дури и по 200 ml. Само не ти препорачувам онлајн нарачка без проба. Ако имаш парфимерија во близина пробај. Сите овие ги имам гледано во ДМ, Космо и Шатци.
Некој предлог за машки парфем За поклон ми е. Не е битно дали ќе е Зара, Бершка, Келвин Клајн итн. Само да не е бесна цена, оти немам толку многу
Од кај си? Можеш и онлајн да си ги нарачаш од Еликсир ако ги нема во твојот град. Во живо им пробав неколку таму, значи стварно се
Од Штип сум. Баш сега ќе видам. Фала ти, овие се оргинал така? Оти читав демек некои биле некои не. @staycalm јас сум верен фан на Зара парфеми. Ем се affordable ем се преубави и трајни. Ќе ги имам во предвид
Неодамна си купив од Fragrance, парфемот е Antonio Banderas - black seduction. Точно е дека се поскапи, но мислам дека се оригинални. Парфемот е на попуст, 200 ml - 1900 денари.
Здраво, дечки. Барам Ваше мислење. Дали може да бидете прецизни и концизни, да ми кажете дали е интензивен, долготраен и уникатен? Ви благодарам однапред за Вашите искрени мислења. Убав ден и секое добро. Поздрав!