Каде може да се најде добра копија на парфеми? Еден предобар бендисав во Шатци ама немам 5000 ден за давање
Предлог парфем за младич? Што е актуелно? Наброј некој од тие на кои што паѓаш? Барам да купам за внукот... Ама да не утнам
Значи камоли да се зезав, просто не ми се верува еве ги мирисам едно по друго...и што да кажам, ако сакате dupe за диор повелете земете го овој од котон! Дупло поефтин, дупло поголем и мириса скоро исто, за разлика од Диор овој е за нијанса полесен, но стварно мирисаат исто, мене сериозно не ми се верува. Сосема случајно го земав за подарок и око ми фати дизајнот на шишето боите дека се слични на суваж, кој би рекол. Стварно е a hidden gem
сигурно не колку диорот, за 600 денари не очекувам да трае мнг ама ако тоа е единствената мана тотално its fine with me обично се бањам со поефтините парфеми па горе доле знаат да траат
Мислење од каде е најсигурно да се купи Dior Sauvage во Скопје, и шо е разликата меѓу EdP EdT и Elixir? Секаде кај шо гледав околу 5400 е 60ml
Мислиш на Paco Rabanne One Million? Го нарачав вчера за маж ми, ама ич не се сеќавам на мирисот Се надевам ќе е убав
Токму тој. Го купив за татко ми лани поклон, ама на него пишува parfum односно дека е парфемиран. Одличен е.
Original, Hero, и овој Ahead, не знам дали го има сеуште некаде. Зелениот мене не ми се допаѓа. A Ahead ми беше најдобар. За трајност, за чудо, споредено со некои подобри парфеми од Авон, или Antonio Banderas колекцијата, немам видено некоја огромна разлика. Мене ми стои во кола, во случај да заборавам да ставам, а одам некаде да завршам некоја мала работа, па ќе се искапам во него. Колонската вода од друга страна е подобра и мириса убаво. EDIT: Мене ми беше коментарот за парфемот, не дезодорансот.