Ми треба предлог за машки парфем ,барам траен ,впечатлив ,јак ,маженствен ,што поскап тоа подобро Едноставно кој е најдобар машки парфем?
Sauvage е женскиот Baccarat Rouge... Сите го носат, досаден е.. Земи Tom Ford, според џебот наравно...
За мене Сауваж се далеку од убави Пако Рабан имаат убави, не мора one milion. Исто и Армани се убави.
Се согласувам за Диор. Јас би избрала некој од Долче Габана, Том Форд, Версaче, Живанши, Армани. (На имињата не ми текнува моментално , ако ми текне, ќе пишам)
-xerjoff-naxos -louis vuitton- ombre nomade -tom ford- ombre leather -tom ford- fucking fabulous - tom ford-oud wood -tom ford- noir de noir - amouage- interlude -kirke - nishane-havivat -tom ford-tuscan leather - dior sauvage elixir Ако сакаш пиши ми во инбокс можам повише совети да ти дадам
Овие се ниш парфеми, класи се над дизајнерските. Има многу убави и од тие ама според мене не се споредуваат со Xerjoff или Amouage на пример. Ако бараш трајност ќе најдеш и таму и таму ама ова е баш веќе уметност и луксуз. Прогуглај ги има многу, ако ти се даваат повеќе пари тогаш овие се дефинитивно најдобра опција едит. А ако сакаш од диор земи го Homme Intense а не Sauvage затоа што стварно со вториов го претераа секој на него мириса. Homme Intense според мене е многу подобар.
За парфем мораш у парфимерија да мириснеш, ние можеме само мислење да ти дадеме. Иначе, мала дигресија, Армани Code новиот машки мириса исто ко Версаче She...
Некој да сподели искуство со овие продавачиве на тестери на инстаграм. Постојано ми излегуваат реклами и по сторињата што ги објавуваат гледам многу задоволно корисници. Скептичен сум и доколку некој имал купено било каков (машки или женски) тестер од инстаграм страници би сакал да слушнам лично искуство, во врска со квалитето, услугата и долготрајноста.