Ќе бидам офтопик ама порам да прокоментирам..Значи цело Скопје и околината мириса на скап парфем а постојано се тврди немаме што да јадеме Е како е можно да се одели толкава сума за парфем, а да се нема пари за леб Мене ова стварно не ми е јасно..Или работава е мирисам на Оне Милион ама немам кредит да титнам Инаку мене ми се допаѓа многу овој парфем
Ќе се цитирам за да се поправам, по грешка сум ставила слика од женскиот наместо од машкиот..Тоа е кога сестра ми ми стои над глава да станам од компјутерот Еве го машкиот и мене многу убаво ми мириса
Вчера го купив парфемот Медитеранео-Антонио Бандерас(ќе го дадам вечерва за подарок),убаво ми мирисаше на тестерот,мислам дека ќе му се допадне на тој на кого е наменет
и мене ми е многу убав за евтини пари а добар машки парфем, маж ми го користи за на работа и навистина трае, иначе го има црниот str 8 и 1 milion (само си го чува за излегување)
И јас досега сите парфеми што му ги имам поклонето на дечко ми се СТР8, најубави ми се и брат ми само СТР8 користи
Брат ми го користеше овој парфем. И јас нормално му го потрошив скоро цел, тој ми беше омилен. Еднаш ме праша: добро бе, не ти е срам шо мирисаш на маж?