Ме интересира какво е вашето мислење за машките тетоважи. Ви се допаѓаат? На кој дел од телото, кои форми?
И мене ме интересира женско мислење, на кој дел од машкото тело ви се допаѓаат тетоважите (мали големи)?
А нешто има посебни фонтови/шари/дезени/штотијасзнам кои само машки ги тетовираат? Насловов е многу збунувачки да ви кажам, или па јас сум крајно неупатена Инаку @EvAngelos сепак многу зависи што точно е тетовирано, не само каде точно на телото, и зависи и од целокупната личност, па кај некои и цел ракав ми се свиѓа, додека кај некои и сосема мала тетоважа ми изгледа смешно
Насловот да се смени во МАШКИ СО ТЕТОВАЖИ Можеби некој и ќе се просветли од темава де Гледам имаат 'типови на мажи' женскиве па можеби ќе имаат и типови според тетоважи За вкусови не се дискутира! Инаку, од мој женски агол, ниедна физичка карсктетистика кај машко не ми е пресудна за да ме привлече. Денес има брада- утре ќе ја избричи, денес е со репче- утре ќелав.. та и тетоважата, дури ако е претерано обоен и прекриен со тетоважи, би ми запнал во око - како нешто што ме одбива
У право сте дека повеќето тетоважи се унисекс, ама пеперутка на рамо, ружа на задник или ангелски крилца позади на грбот или над задникот сепак се женски Ама сепак мене повеќе ме интересира на кои делови од телото е ок, кул, а на кои е сељачки. За тетоважа на рамо на некои им се допаѓа, други ми рекле дека е ептен сељачки таму. Па затоа ме интересира пошироко мислење.
Нема такво да најдеш. Она што мене ми е сељачки, на друга и е кул,на трета и е да падне во транс, на четврта сељачки и така до бескрај. Ти ако си решил да се тетовираш го правиш по твоја желба и ти има симбол за тебе, па таа која ќе те сака ќе ти ја сака и (симболиката ) на тетоважата. Макар и била пепетутка или ружа