1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машкоста и силата на "новиот" или добрината на дечко ми?

Дискусија во 'Канта' започната од Samovilata, 7 јули 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Јас сепак мислам дека и бевме од помош барем ја посоветуваме да не избрзува, да и и бидат тест уште овие десет дена од одморот, па потоа чувствата да одлучат...кои се надевам нема да бидат погрешни јас ќе држам среќа за дечкото со кој си сега...
     
  2. Samovilata

    Samovilata Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Така е, вистина е, со кого и да сум, секогаш ке има моменти на монотоност и некој кој ќе разбуди страст во мене...но, само дечко ми ме прифаќа со сите доблести и мани, ми кажува "знаеш, јас мислам дека те сакам повеќе заради тоа што си темпераментна, избувлива, авантуристка" тоа е вистинската љубов...а се ставив во оваа позиција "претпоставка дека сум со новиот, добро ми е, оди добро...и се справувам со неговата нервоза и љубомора, само оти го сакам...ама... дечко ми... секогаш во срцето како ангел, кој ми го просветлил животот, кој ме направил само среќна и ништо повеќе" не вреди, не вреди, за страста, и дечко ми да го повредам, и себе си да се понижам, и новиот да го разочарам...девојки, ке одам на одмор за десет дена, дотогаш ќе ви кажувам како се одвиваат работите, и многу ви благодарам што сте тука за мене, а воопшто не се познаваме :) се надевам, и јас ќе излезам во нечија пресрет. И како што јас учам од вашите, така и вие од мојата грешка учете.
     
    На Dejana.M му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    јас мислам ти да си останеш со сегашното момче и да не експериментираш, оти ако се обидеш со вториот па ако не оди и му се вратиш на првиот мозеби тој нема да те сака :!: а на вториот да му бидеш само како минлива авантура :wasntme:
    затоа седи си мирна покрај оној кој те сака, и покрај кого си срекна :)
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Самовила, многу ли е љубоморен новиот?
     
  5. Samovilata

    Samovilata Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Многу е љубоморен, кажува дека додека сум со дечко ми викенд на пример, пие и крши од љубомора и дека не може да поднесе такво измачување, да му ја каќам вистината , и му каќав, не може да раскинувам а не знам што ме чека. А за тоа време и ми призна еднаш дека легнал со друга за една ноќ и му биломногу грдо зашто мислел на мене и се понижил, и дека никогаш повеќе нема да се деси...да бе...ако јас сум му ружела се, немало никогаш да биде со друга....ами и јас сакам се, ама нема :D
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Aу нема да ти оди со новиот. Најозбилно. Си треба и страст во врската многу нормално, ама ако нема разбирање и доверба ништо не правите. Пробај со дечко ти да ја разгориш страста, овој штом уште од сега е таков, па кога ќе те добие нема да можеш да мрднеш. Знам, знам се ми е јасно :)
     
    На srcekrsacka, lola-86 и Offspring им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Бегај од таков. Сериозно ти кажувам, љубомората е болест, нормално е да ја има нели во секоја врска, но ова кршење мене не ми изгледа на добро. ти можеби со тоа се охрабруваш дека е љубоморен оти навистина те сака, ама грешиш. Љубоморните луѓе имаат проблеми со својата самодоверба, затоа бараат жртва која ќе ја поседуваат и контролираат, на некој начин, да ја командуваат и таа да им се потчини, тоа ги прави супериорни и им го крева егото. Сепак мислам да не си го комплицираш животот беспотребно, туку да си се насочиш кон тоа што го имаш сега, да го цениш тоа што го имаш, со таков љубоморен нема ништо да добиеш, можеби ќе помислиш дека претерувам, ама на своја кожа сум искусила како е да си со таков, затоа ти кажувам, бидејќи завршив истепана неколку пати поради таа љубомора. :| Замисли што ќе се случи кога ќе почне да ти префрла колку многу те чекал и ќе почне да те уценува која голема жртва ја направил со тоа, ќе те натера да веруваш дека треба за тоа да му се оддолжиш. Не не, несакам ни да замислам :shake: :shake: :shake:
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Самовилче, еден пријателски совет, може ?
    Раскини со дечко ти, откачи го и овој потенцијалниов и ЖИВЕЈ малку.
    Флертувај, мувај, фаќај, раскинувај... се што душа ти сака. Изживеј се малку, ќе видиш дека после некое време точно ќе знаеш што сакаш и што бараш.
    И немој да мислиш дека си пропуштила некоја прилика, без жалопојки од типот "ќе останам сама цел живот", "он беше мојата судбина".
    Полесно е кога знаеш што сакаш. Вака си само во дилема, со кого и да бидеш ќе патиш по другиот.
     
    На Neytiri и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    И сега со оваа погоре напишаното од тебе , знаеш лично мене што ми докажуваш ? Дека ти премногу си го сакаш дечкото, а овој новиот , хм ти е некоја имагинација за нешто различно .. Залјубена си, па како што велиш ке одиш на одмор, мој совет ти е да разгориш се меѓу вас :devil: ]:) ... верувај дека ќе си поминете незаборавно ... Препушти и се на страста :* ;)
     
    На Margaux му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Се согласувам со коментарот на Лавли-грл и би надополнила само: Превземи акција и направи и ти нешто за да се разгори страста, не чекај се од него.
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Мислам дека веќе имаш одлучено што да правиш.
    Тоа што го имаш со дечко ти- е тоа е љубов.
    Љубовта не е само страст, див секс... Љубовта е разбирање, трпеливост, поминување преку проблемите (свесна сум колку сум клише :) )

    Ние луѓето сме многу чудна појава. Никогаш не знаеме што сакаме. Што и да одбереме, секогаш ќе остане тоа „ШТО АКО?“. После тоа го нарекуваме судбина. Судбина не постои, постојат само нештa од минатото со последици во сегашноста.

    Размисли си убаво. По твојот опис за новиот (посебно љубомората) сметам дека не е вистинскиот. Секако дека треба да постои одредена доза, во граници на слаткото.
    Од моја гледна точка претпоставувам дека: Кажа дека твојот сегашен дечко е многу добар, ти удоволува, те сака... Потајно тебе ти треба некоја жестокост, испукување, инат. Тоа го имаш најдено кај новиов. Ти знаеш дека тоа е само страст. А страста е минлива ствар
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Сама си кажауваш кој е подобар, и „вистински“ во случајов. Само страста и можноста за она „забранетото“ ти го побркала паметот :) Да признаеме, сите кои имаме подолга врска сме се нашле во слична ситуација, ни јас ни било која од нас и да е крај на светот не ќе одолее на нежноста и флертот на друг потенцијален маж :) Па посебно не ако има река нежни зборови и убави ветувања.
    И на крај ќе остане она „што ако“, во двата случаи!

    За ноќ полна страст, и невидено утре, не се фрла ниту ден исполнет со љубов.
    Па твоја е одлуката. Се надевам дека срцето и разумот ќе ти преценат што треба, и нема да направиш погрешен избор :)
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    И сама си знаеш што е подобро. Седи си мирна до дечко ти, има девојки кои би убиле да имат таков кој ке ги сака, и уште толку кои се би дале да ве видат разделени. Не прави таква грешка. Како што рече и самата за новиот имаш само мушички во главата, многу нормално за една долга врска, ти треба само да одолееш на искушението. :)
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.460
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Само ти можеш најдобро да решиш со кој се гледаш самата себе си во иднина и со кого се чувствуваш најсигурно.

    Мислам дека да си го сакала првиот дечко не би ти се случило ова со другиот и никогаш не би била во дилема.
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Не исчитав до крај, брзам да ја читам Хари Потер па само краток коментар. :D

    Мислам дека кога имаме некој така добар до нас, и не сакајќи почнуваме да го искористуваме тоа што е премногу добар. Такви сме ние луѓето, никакви, кога некој ќе го снема сфаќаме што ни значел. Имам една другарка која исто, дечко и е пре, предобар, значи мравка не нагазува, а оваа го кара цело време и си наоѓа симпатии од страна.

    Веројатно од досада, од монотоност, од секојдневие во врската. Што знам, цени го тоа што го имаш. Страст ти е страст, ама треба многу повеќе од страст за да успее една врска.

    Ретко е да најдеш некој чесен, добар, мирољубив дечко, кој ќе те цени и почитува за тоа што си. Сакај си го дечкото и не си го комплицирај животот. :)
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Реално сите не 'влече' да искусиме барем еднаш ваква врска во стилот на Шпанските серии-кршење, пиење, плачење, сечење вени, f..k me hard, умирам за тебе и ти си ми све :^) Јас ја имав мојата и НЕ БЛАГОДАРАМ повеќе...
    Али треба да се искуси, за да знаеш што носи истата, за полесно да одлучуваш натаму, да не те фатат бубачки во брак на пример, само што ти имаш дечко...и тоа прекрасен...:worried:
    Сума сумарум-ти си знаеш :)
     
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    А што е ако е само минлива фаза само минлива страст и ќе си ја уништиш врската со прекарасно момче што те гледа како вода на длан,пак убаво размисли си
     
  18. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Ти благодарам на разбирањето ох господе какви осуди добив како да сум убила некого??????? очигледно само некој кој се нашол во слична ситуација може да ме разбере како ми е. Ке ти дадам еден совет дека немој да ја правиш истата грешка што ја направив јас во никој случај немој со тој вториот кој ти се допага да одиш една вечер додека сеуште си ви врска со дечкото верувај нема да остани на една вечер појма немаш колку пати јас сум рекла дека ова е последен пат како се гледаме но кога некој ти се допаѓа и те наежува едноставо неможеш да прекиниш. значи добро размисли првин и ако на овој вториот гледаш само како на вантура немој подобро не провај ништо со него држи се што подалеку од него. Освен тоа имаш дечко кој те сака почитува чува немој да си го уништуваш тоа совршенство јас моето веќе го уништив и ке треба многу да се трудам за се да биди како порано. да океј ми беше убаво в крај со овој вториот ми беше забавно адреналин в крај но тоа беа само моменти на слабост и кога отпосле размислувам за се сфакам дека не вредело дека сега јас се чувствувам мн пониско од порано многу понизено а најтрагично е што сама се понизив што си дозволив да бидам со двајца исто времено. знам монотонијата понекогаш убива и потребен е адреналин од страна но немој остани си со дечкото кој те сака овој вториот што е можно поке дистанцирај го од тебе и останиси со исправена глава. но сепак добро преиспитај се оти ако веке чувствуваш нешто кон вториот тогаш веке друга е ситуацијата. РАЗМИСЛИ ДОБРО НЕ НОСИ ИЗБРЗАНИ ОДЛУКИ. ОДБЕРИ САМО ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ И ДВАЈЦАТА . СЕ НАДЕВАМ КЕ ДОНЕСИШ ПРАВИНА ОДЛУКА И ДЕКА ЌЕ БИДИШ ГОРДА НА ОДЛУКАТА КОЈА СИ ЈА ДОНЕЛА И ДЕКА НЕМА ДА СЕ ЧУВСТВУВАШ ПРАЗНО КАКО МЕНЕ. ЗАТОА ШТО СО ОВИЕ МОИ ПОСТАПКИ СИ ГИ УНИШТИВ ЧУВСТВАТА НО СЕ НАДЕВАМ КЕ УСПЕАМ ДА ВАРАТМ СЕ КАКО ПОРАНО.ПОЗДРАВ :*
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Дали „новиот“ е виртуелен лик кој ти воопшто досега го немаш ни видено во живо ? Јас добив таков впечаток можеби грешам. Како и да е се согласувам со Ирена раскини со дечкото, не го погледнувај новиот. И ЖИВЕЈ !! Тоа ти треба и ништо друго. Кажувам од лично искуство. И јас имав еден кој се грижеше за мене, беше добар итн итн исто како и ти. Но то мене не ми беше потребно. потоа имав уште еден сличен на него, но ни тоа не ми беше потребно. Она што ми требаше беше тоа што го пропуштив во годините кои ги изгубив во долги и сериозни врски-живот, забава, другарки, страст, лудост, глупости, игра !! Дечко ти е добар, фин, душа човек кој не заслужува да му раскиниш, но дечко ти е исто така добар, фин, душа човек кој не заслужува да биди со некоја која не го сака доволно или барем не колку што тој неа ја сака, не заслужува д абиди со некоја која размислува за друг. Почни да размислуваш така. И ќе ти биди полесно да раскиниш со него, затоа што таа врска ќе заврши и тоа многу брзо (моја претпоставка кажана од лично искуство). Знам како е и измачување е она што ти се случува, но со прекинување на врската ќе направиш едно „добро дело“. И искрено да правиме муабет секој има мани, па и дечкото твој има мани сигурно. Сврти го вниманието кон нив...се само да ти биди полесно да раскиниш. Па на крај крајева ако ти видиш дека не ти е убаво да бидиш некое време сингл или со некој друг секогаш можиш да се смириш со дечко ти, затоа што ако тој навистина толку многу те сака сигурно за тој период нема да има друга и едвај ќе чека да се смирите.
    Живеј девојко, живеј !! Не знаеш што пропушташ дури си мислиш дека постои само еден кој ќе те сака како што те сака сега дечко ти. Не е така.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.