1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко бара совет на претежно женски форум

Дискусија во 'Канта' започната од Fasty, 31 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    @Fasty , дете, немој да не сфатиш погрешно, сите погоре убаво ти кажаа, тоа за баба ти немам зборови, јас да сум ти ќе те исплескам така да не ти текне уште еднаш, а што се однесува до ’’малтретирањето’’ од нивна страна, не знам што да ти кажам, прво тоа не е малтретирање, што очекуваш да те прашуваат дома, нормално е дека ќе ти викаат да учиш, имаш само 16 години, што друго може да им биде поважно на баба ти и дедо ти освен твојата иднина.
    Патем ти како што се опиша, искрено ми се чини дека си доста необично и проблематично дете. Прво и основно, ти си лабилна личност, како можеш заради тоа што на работа откриле колку години имаш, да сечеш вени (за ова искрено и со најдобра намера ти прпорачувам да разговараш со некој психолог или психијатар, нивниот разговор може многу да ти помогне). Не е нормално да креваш рака на баба ти. За тоа дека ти требаат пари те разбирам, нема кој не сака удобен живот, но ти имаш поважна обврска на твоите години од работење, а тоа е школото, знам дека ти се гледа како долг период но барем уште две години издржи па кога ќе имаш 18 ќе можеш полесно да застанеш на свои нозе.
    Што се однесува до твојата сексуалност, тоа само ти си го знаеш, не мораш никому ништо да докажуваш, барем јас така гледам на работите. И да си хомосексуалец, не е ниту срамно ниту ненормално, ќе си живееш онака како што сакаш ти. Но сепак уште еднаш ќе ти кажам мал си и немој да си го уништиш успехот во школо за да имаш некои 100евра повеќе во месецот, цел живот е пред тебе.
    Мој совет ти е да си го смениш односот кон баба ти и дедо ти, да покажеш повеќе разбирање кон нив, да учиш, да им покажеш дека ти се важни, дади им значење, покажи дека ги сакаш и понекогаш пробај да попуштиш, направи им го ќефот, без да има кавги и викотници, викај, да, добро, во право сте, знам, згршив и слично...
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Исфрустриран пубертетлија! Дете а шо велиш малку да си ги смириш страстите, да оладиш да седнеш да разговараш со баба ти и да и кажеш дека не си педер, да излезеш до библиотека да земеш некоја книга да прочташ можеш патем и фамозната мачка да ја прошеташ, да идеш на партија фудбал со другарите, недели да идеш кај мајка ти на ручек! Колку незрело понашање да удираш заслужени шамари на стара жена која што те вдомила , која што те одгледува и рани. На тебе итно ти треба стручна помош, мораш да разговараш со психијатар! Мораш ова не е нормално однесување!
     
  3. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    :) е па кога не си шо се замараш како мислеле,нема потреба то да го докажваш,прво треба ти да си се смириш,и да му даеш нив шанса да ти се приближат,нормално ке мислат мн работи зашо и ти сам велиш излегувам и не кажувам каде,не можиш каде сакаш да одиш ти имаш 16 год,ниеден родител не си го заборава детето,не си ти запоставен или да те некат,само се гижат за тебе ,дај му шанса да ти се приближат,смири се и ти и ке видиш дека за кратко време се ке се среди :) :hai:
     
    На MiaBeMia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    ејјј полека сите, полека, тој е дете од 16 години, имал доста поразлично детство скоро од сите овде, децата од дисфункционални семејства претежно размислуваат како него и се однесуваат така, не му било лесно низ животот. Тој си мисли дека е доволно зрел, а и позрел од неговата генерација, како што мислат сите тинејџери на негова возраст. Никој не го оправдува неговото однесување кон баба му и дедо му, но разберете дека немал можност да живее во хармонична средина со мајка и татко. Немојте да бидете толку сурови, детето е свесно дека му треба помош, но ни самото не знае каква, тој мисли дека гинеколог може да му ги реши проблемите и да не го омаловажуваат повеќе.

    Не личи да му се смеете, кажете му каде да побара помош наместо да му пишувате реченици од типот на ’’гинеколог? анус ке проверуваш на гинеколог? хахахах ’’ не е во ред тоа, детето не знае, не е срамота да не знае, мал е првенствено и машко е, а и немало можеби кој да му објасни што работи гинекологот точно, и правилно е да го разберете и да му посочите некој кој може да му помогне.

    Детето е свесно дека нешто не е во ред, направил чекор за помош, и затоа помагајте наместо да фаќате сеир.
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A зошто го нападнаа сите детето ко небаре направил злочин?Погрешил што ја ударал баба му ама од кај е нејзиното право да пушта муабети дека бил педер?па со комшија ова она?Дали знаете дека сето ова ке му биде пречкка во понатамошниот развој?
    Разгален бил?Дали јас бев разгалена кога побарав совет овде жалејки се од мојата баба и тетка?Луге знам дека сте свесни дека секакви луге постојат на светот ама детето дојде да си побара совет а вие го направивте на дрога и незрело дечиште.Од кај знаете како се чуствува детето моментално?
    Јас многу добро знам зошто до пред одреден период бев во слична ситуација ако не и полоша ама срека работите се средија.
    Не го осудувајте зошто сепак и тој ја нема вината овде само туку и баба му.Што го земала кај него ако планирала да го малтретира на ваков начин? :fubar:
    Ако си решил да го вдомеш пружи му убав дом и подршка.А доста му е разводот на неговите родители па сега и ова малтретирање.Немојте веднаш со осудувања зошто тоа е најлесно да се направи.
     
    На Beauchamp и daddys.princess им се допаѓа ова.
  6. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Браво, конечно еден нормален и свесен совет. Точно тоа и јас го кажав погоре.
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    хахахахахахах ова беше навистина интересно да се прочита..
    дете ти треба под хитно да идеш на психијатар..
    Треба да ти биде срам да ја вртиш топката кон тебе. Послем се ова што си го доживеал дури сметам дека многу те разгалиле. Не ми е јасно само како не си станал човек!! Немаш основно понашање дефинитивно тука се работи за болест. Не знам каква затоа што не се разбирам многу во медицина но дефинитивно болест..

    А да се самоубиеш??? Пошто чим и на тоа си мислел слободно. Пуцај куме! Ти и онака не планираш да се опаметиш...И место ти да мислиш за овој проблем ти мислиш како да докажеш дека не си геј?

    Дури и премногу те разгалиле детеее..

    МиабеМиа не се согласувам со тебе. Тој не ја го сваќа централниот проблем на неговата ситуација.. Да беше малку по реален можеби и ке добиеше помош ..Психијатар дете.. Иако искрено нема љутки за тебе мислам нема решение
     
  8. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да и впериш пиштол на баба ти додека го пишува тестаментот, за да ти остави се` де. А потоа, да ги убиеш двајцата и да си живееш таму со мачката, ќе си најдеш работа, девојка.. И чича-мича готова је прича!


    Дете, може имаш секакви проблеми, си претрпел многу.. Ама тоа не ти дава право да кренеш рака над жената која првенствено ти дала покрив и топол дом, те хранела, пазела, ете дури ти дава пари. Ќе седнеш и ќе разговараш убаво за се што ти пречи, ќе и објасниш дека не си педер, дека не сакаш да живееш со мајка ти па ќе и наведеш причини зашто... Ако мислиш дека имаш предност затоашто си машко па можеш физички да се пресметаш со една стара женичка тогаш не си во право.
    Спушти ја малку топката на земја, почни да газиш, не летај во облаци...
    Си скроил сто и еден филм во глава за тоа како ќе си работиш на 16 и ќе чекаш да умре баба ти за да биде твој станот од причина што има тераса со добри услови за чување мачка... Уат? Ар ју кидинг ми?
    Луѓе што завршиле факултет и уште триста обуки денес се мачат да најдат работа а не па ти.
    Мој предлог ти е да се освестиш малку, да си ја чукнеш главата и да подразмислиш дали правилно постапуваш... Друго немам што да ти кажам.

    Страшна работа, еј. :?:
     
  9. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Епа со 30 цм. нокти и јас би мислела дека си педер.
    Или само тролче кое еднш работи како нутриционист, потоа во некоја фирма, потоа никаде не работи и сл.
    :hai:
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Навистина мислев дека си со некој огромен проблем кога почнав да читам.....А ти знаеш ли со какви судбини живеат луѓето :fubar: Биди среќен што те примиле баба ти и дедо ти и ти овозможиле јадење и живот!Измислувале приказни?На 70-80 годишни луѓе ќе им замеруваш?Гледај тебе да ти е убаво,а нив на игнор,само имај БЛАГОДАРНОСТ бе дете,цени малку!
    Кога прочитав дека на баба ти си и мавал ЗАСЛУЖЕНИ ШАМАРИ :o :puke: Со што ги заслужила молим те?Не мислиш дека заслужила ЗАСЛУЖЕНА ПРЕГРАТКА И БЛАГОДАРНОСТ што те примила и одгледала!
    Да си до мене така би добил заслужени шамари да знаеш!Срамота е што си удрил постара жена,немаш ни грам срам ни човечност ни ништо.
    Сфаќам дека имаш само 16 год и се ова е одраз на сите работи во детството.Ама дете тоа не те натерало повеќе да се зацрвстиш и созрееш.Напротив.Место да седнеш да учиш,па да најдеш работа и да си докажеш прво сам себе дека можеш,а потоа и на другите-ти си зел вени да сечеш :fubar: На секој проблем ли ќе сечеш вени?И на крај краева-тоа ли го сметаш проблем???????
    Значи ова не е дека те правам не во ред или слично,едноставно мораш да појдеш на псхијатар.Мораш да се свестиш на време и да научиш некоја лекција за животот.
    Оди понижувај се на оној кој не сакал да чуе за тебе,за пари !!!! Ќе се понижиш сам себе,никој друг.Имаш за многу работи да си ставиш прст на глава.
    Искрено,јас се плашам дека баба ти и дедо ти ќе ги гледам на вести со овој ѕвој ум и понашање,те молам свести се :@
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Значи тој сам одлучил да не живее со мајка и татко и плус и со брат, не дека немал можност. Во овој случај грешката е во мајката кој наместо да го згрижи детето и да му овозможи семејство и дом таа го остава да живее со баба му. Неможе баба и мајка исто да воспитуваат! Тој е бил, а и сеуште е малолетен значи нема право на избор каде да живее мајка му по секоја цена можела да го земе и да живее со нејзе барем на некој начин ќе ја осетил топлината на семејството, вниманието, хармонијата во домот. И да се разбереме станува збор за стара и болна баба и дете во пубертет!
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A како би му било да живее со мајка му и со очувот?Можеби ке се осекал отсечно,вишок.Бабата можела да го одбие тоа.Ама кога веке прифатила да се "грижи"за внукот тогаш очекувало да има подобар начин на живеење а не навреди дека бил геј,па со комшијата.
    Ниту двајцата бе не ги правдам ама ако веке се нафатила со него барем да си седела мирна.Брееее тоа старите болни се прават а на крај можат да те излудат како никој друг.
     
  13. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Мојот сопруг го имаат изгледано баба и дедо, бескрајно ги сака и почитува цел живот, вреден е, школуван, паметен, добар и грижлив човек. И јас не го оспорувам тоа дека е подобро детето да живеело со мајка му, но од наша гледна точка, а ние не знаеме дали било баш така. Не верувам дека мајка му го оставила да бира, имал само 10 години, јас сум 100% сигурна дека тој едвај се сеќава како се одвивале дискусиите за старателство. Мене ми се чини дека новиот сопруг на мајка му така сакал а не детето. Не верувам дека имал избор, мислам дека бил наговорен дека со баба и дедо ќе му биде подобро. Од каде жити се едно 10 годишно дете знае што значи препишување имот, најверојатно мајка му сакала да го обезбеди на еден начин можеби. Но сега веќе не е важно тоа.

    И јас ја окривувам мајката, по секоја цена требала да си земе детето со себе, но ова се празни муабети, тоа ние така мислиме и можеме до утре да дебатираме.

    Ова дете има проблем, потребна му е стручна помош, не знаеме колкаво интелектуално ниво имаат неговите старатели, а сигурно не високо штом можат да мислат дека е геј само затоа што другар му слушал рап, или бил рапер, како и да е. Важно е да му укажеме дека треба да им се приближи на баба му и дедо му, дека какви и да се, тие се негови родители, што и да му зборуваат тоа е за негово добро, ете старомодни се, но тој треба да не се заморува со коментарите дека е геј итн... но не треба да реагира насилнички, добро знаеме како размислува старината, треба да им објасни едноставно дека грешат наместо бурно да реагира. Мене ме загрижува што посегнал по својот живот ... тука треба да му се помогне, омаловажувањето од домашните влијае на неговит понатамошен развој, затоа така реагира, токму тука треба да биде насочена помошта.
     
    На SOVRSENSTVO и maca99 им се допаѓа ова.
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Ајде ве молам не го оправдувајте.
    Детево е влезено во страшен, ама страшен филм.
    Живеел вака, онака.
    Некој живее со родители кои секој ден гo малтретираат, се под притисок, некој без воопшто да ги знае родителите, многу деца во дом, уште повеќе на улица се принудени да се снаоѓаат, па повеќето од нив се трудат, се сталожени и израснуваат во ,,вистински,, луѓе.
    Нејќе да го контролираат, сака пари, не кажува кај оди, користи некој таму ,,јак,, речник, тепа луѓе кои го гледаат, као, му досаѓале...абе ајде...
    Мајка ми 500 пати на ден ме вади од такт, мајка ми, а не некоја стара жена која којзнае колку тежок живот имала, и уште да трпи шамари од некое вакво детиште неартикулирано, и сега, да ја ишамарам јас, ако не а?
    Сите имаме проблеми, сите сме под притисок, повеќето деца денес немаат пари за се и сешто, се задоволуваат со она што имаат, а толку умни и мили деца сум запознала на кои им е пружено само основното.
    Туку ова распрдено без контрола, тука некој фраер ќе глуми, ќе сече вени, ќе се треска од земја, ќе тепа страи луѓе.
    Да се паметни, да го пријават, да го соберат во дом, е тогаш да види мака.
    И ај тука не оправдувајте све и свашта и не куражете вакви девијанти, на некој по дома проблеми му правите со тоа. Нема вас да дојде да ве тепа затоа што прочитал дека па можеби и е во право, ете вистина е така, не дека си умислил, туку дека животот му дал право вака да се однесува, ќе оди баба му да ја тепа. Нејќам ни да помислам што преживуваат луѓето.
    Измислиле дека е педер, и? Чаре? ќотек а?
    Ако ја немаш мувата на капата ти, нема да бараш лекарски потврди за ,,нечепнат,, анус. Разговарај со луѓето како човек, нека стекнат доверба, биди примерен внук, помагај им, кажувај кај одиш, биди повеќе дома, и никој нема да ти вади муабети. Со вакво однесување, не педер, уште 300 епитети тука можат да ти се залепат, и тоа само по еден пост, а камоли да видиме као се однесуваш секојдневно.
    Сите имаме проблеми, помали и поголеми, пред некој родителите се колат, пред нечии очи згаснува живот на родителот, некој нема покрив над глава, некој нема леб. Ова под притисок било.
    Море само да ми падне во раце, ќотек во вреќа, па да види како ќе малтретира рака што го храни.
    Дете, многу си свесно, видов од постот, туку со сила се филмаш, замислуваш дека си главна фаца у некој нискобуџетен амер. акционен филм, ај приземји се, наведни тоа главчето, јади го лепчето што ти го даваат тие луѓе, и трпи и да претеруваат, стари се, помогни им колку можеш, глеј си го животчето, опрај се дур е време, да не завршиш у некој дом, па ќе најдеш и мачки, и тераси, и шамари, и мадафака муабети, све фино лепо на нос ќе ти излезе.
    Ќотек златен, од рајот излезен.
     
    На calliope, gwen, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    како може дете од 16 а тогаш бил сигурно помал да одлучи каде да живее???
     
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Дете ако е ова вистина ти имаш сериозен психички проблем и мора во најскоро време да посетиш психијатар.
    Каков совет овде бараш??? Искрено се згрозив од поголем број работи што си ги напишал но исто и доволно јасно е дека не си при здрав разум.Како можеш такво нешто за баба ти да кажеш ако како што велиш ти пружила место на живеење :x .Затоа побарај стручна помош додека не е доцна и додека не се направил некоја глупост.
     
  17. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Ако се ова е вистина, тогаш на детето не му треба помош од форумџии, му треба стручна помош од психолог или психијатар, кој ќе му помогне во вистинска смисла на зборот. Ова, најсериозно и најискрено. Ние може до утре да дебатираме, да делиме совети, да се обидуваме да помогнеме, па дури и преку примери, но не е тоа тоа.
    Причини (и повеќе од доволно):
    Имал детство поразлично од другите, живеел во дисхармонично семејство, а моментално е во период на пубертет. :!:
    Посегнал по животот зошто не можеле да променат дека нема 18 години туку 16, за да почне да работи? :fubar:
    И удирал на баба му "заслужени" шамари зошто мисли дека е геј?
    Не сака да живее со баба му и дедо му што го чувале и се грижеле за него, а од друга страна нејќе да оди кај мајка му зошто нема балкон за својата мачка, без која не може да го замисли животот.
    Не сака никој да го контролира, а има 16 години.
    Бара гинеколог да го прегледа и да потврди дека не е геј. :|
    Другари (освен тој комшија) никаде не споменува.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Мене не ми се верува ова да е зафрканција поради тоа што по неговото пишување се гледа дека стварно има некој психички проблем.И затоа најдобро е да престанеме да си играме психијатри и психолози затоа што нашите совети не можат да помогнат во ваков случај,дури може и погрешно да бидат сфатени па да направи некоја глупост.
    Значи очигледно не се работи за само дете кое имало поинакво детство туку личност која штом имала самоубиствени нагони може да направи којзнае што.Така да престанете со зафрканциите и сарказамот затоа што темата е доста сериозна и за жал тука не можеме да помогнеме.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Децата не се само да се родат и да се фрлат на улица. Доколку не била способна да му овозможи дом на детето зошто се го оставила и си се омажила? Зошто не го извела на прав пат, од него да направи самостојна личност па дури тогаш да си се посвети на себе? Тој е дете имал помалку од 16 години во најкритичните години за развојот и формирањето на личноста и во никој случај на тие години не е способен да сам да одлучува каде да живее!
    А да се чувствувал запоставено со мајка му и очувот не верувам тој и самиот кажа дека очувот бил прекрасна личност и дека само заради погодната тераса за мачката |( и заради тоа што сака да го наследи станот од баба му станал таму да живее!
    И да дечкото си има страшен психички проблем и мора да побара стручна помош!
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Aj да не кажувам повеќе,се е кажано ,само ќе додадам дека ми е грев за баба му и дедо му :doh: ;( ,оф леле место староста да им биде мирна,од мерак со внук дома,место да се гордеат со него ,да биде внук пример,овој шамари им мава ;( Навистина се нажалив за нив,ми се оди да ги најдам и да им кажам да го избркаат овој ,море имаш ли почит и срам???????
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.