Машко-женските пријателства некогаш и сега

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Mr. Right, 5 јули 2017.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.243
    Пол:
    Машки
    Оваа тема ја „начнавме“ во +/-40, а со оглед на тоа дека е опширна решив да отворам тема на која би дискутирале.

    Сè почесто на слики и надвор забележувам дека машките се на една страна, а женските на друга. Родендени, кафе, вечера, одмори, на базен, седенки - на сите овие места машките и женските се поделени. Група момци одат на одмори заедно, на кафе, седенки и истото ова го прават и група девојки, нормално одвоено. Одамна немам забележано сите заедно да одат по одмори или било каде и да се дружат. Порано и момците и девојките се собирале, се дружеле, се забавувале сите заедно на едно купче и така се запознавале некои парови, додека сево ова во денешно време не го забележувам. Денес ако поканам некоја девојка со цел да се запознаеме подобро и да оствариме пријателство ќе бидам погрешно сфатен.

    Дали и вие го забележувате истото што и јас?
    Зошто е тоа така?
    Што е толку „тешко“ сите заедно, и момците и девојките, да се собереме на една маса и да си направиме два-три реда муабет?

    Ги имам гледано сликите на братучетка ми од средношколскитеи факултетските денови и имаше една групна слика на која беа сите заедно (и машки и женски) и на која сите беа насмеани и од тогаш размислувам на оваа тема.
    Повелете со вашите мислења и ставови. :)
    @LadyC темата е спремна. :)
     
    На Mr.Lover, Jas!, Val-Dim и 15 други им се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    83.134
    Пол:
    Женски
    Ја дочекав машки темата за да се отвори. :D
    Многу работи се сменети за жал и премногу осудувања има уште пред да се запознае некоја личност. Конкретно пример за денешнава младина, насекаде околу мене гледам дека се почесто настанува селекција кој со кого да се дружи, осудување ако некој од машкиот пол е повикан и сум слушнала и честопати коментар " вечерва е женска вечер" . Каква е таа? Пијанчење ли? Трачарење ли? Делење комплименти една на друга? Не знам навистина но дури и 90% од пријателите кои ги гледам и на фб, кога излегувам до некој Мол, кога разговарам со некоја познаничка или другарка е еден ист муабет - Вечер сме женско друштво. Некако не сум спремна да ја прифатам оваа глупава поделба и не ја сфаќам поентата.
    Мажите на една, женските на др страна...
    Цел живот се дружам повеќе со машки, сум била и за тоа накриво гледана и одма додатни коментари кои мене ми се пресмешни од стилот " еј ако ти не го свиѓаш, он тебе сигурно" . Неколку пати докажав спотивно. Не е битен полот - битна е особата и вашите заеднички размислувања.
     
    На bittersweet, Val-Dim, melnicanecot и 14 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    63.707
    Ќе се согласам со тебе дека е така

    Зошто?
    1. Затоа што глумиме ,,модерни", сигурно во измешани друштва ќе падне мување меѓу некој,ако не и повеќе, па кога ќе се скараат се дели друштвото
    2. Најчесто друштвата ги меша некој пар... Е сега,ако дечковците се другари на пр., нивните девојки не се другарки, па им е непријатно и не сакаат да се во друштво
    3. Финоќата и културата се сфаќаат како флерт
    4. Секогаш ќе се најде барем еден во друштвото што ќе проба да ќари девојка,па флертува со сите по ред на принцип ако упали
     
    На Nausicaa, Zivyle, ♡BuBaLe♡ и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.882
    Пол:
    Женски
    Јас да не живеам во некој паралелен универзум? :?: Затоа што кај мене нема машко и женско друштво туку мешано. И јас а и сите околу мене се мешани, се дружат едни со други, нема никакви поделби.
     
    На Jas!, ♡BuBaLe♡, Miss-Angie92 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    164.428
    Отворањево беше као Рајт водител, а Лејди Си гостин, уште да се накашлаше на почеток, кхм, кхм :D

    Мислам дека денешната омладина има еден проблем, а тоа е следење на американски тренд во кој женскиве се групираат на тимови, односно squads, и фураат филмови од типот "недостижни". Bros b4 hoes, sisters b4 misters итн... Оваа појава ми е нормална кај тинејџери, кај се' што е над 18 години... Не баш.

    Тешко им е да сфатат дека е океј да се дружат меѓу себе затоа што се' уште живеат во тој тинејџерски свет, па имаме 30 годишни цури со хаштагови #idontneedaman и мажиња што се селфаат со другарите 7 пати дневно.
     
    На sj *O*, Fatalnata, ♡BuBaLe♡ и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    1.722
    Оваа поделба јас ја приметив уште во средно. Посебно седевме во клупа, посебно женските одевме на кафе а посебно машките, и за одморите големи бевме посебно, на екскурзија исто што ми беше чудно, наместо да се дружиме сите баш во во тие средношколски денови кои ни беа најбезгрижни. Таа поделба продолжи и по завршувањето четврта.
    Последно кога бевме сите заедно беше кога бевме деца, во основно. По завршувањето на основно ништо не е е исто. Ова е кај мене. А кај бившиот спротивно. И во средно и на факс се дружеа многу и машки и женски и се дружат и денес, 3 години по дипломирање идат заедно на кафиња, во кафани, нема кај нив она женски или машки вечери.
     
    На ♡BuBaLe♡, Nigredo Odor, Arthur и 6 други им се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    83.134
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: се селфаат вика (highfive) :rofl:
     
    На Lady*Bug, ♡BuBaLe♡, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    100.013
    Пол:
    Женски
    Разлика меѓу некогаш и денес, гледам според неминовните обврски што си дојдоа со времето. Порано бевме сите послободни, па според тоа имавме и повеќе време за планирање, излагање и дружење и доволно простор за заеднички договор.
    Денеска веќе, кој заминал од земјава, кој од градов, кој работи 2 работи, па не може да постигне. Кој напраил свадба. Кој трча по деца.
    Животов стана брз и едноставно не ни остава многу време. Летниот одмор секој си го планира според деновите кога може да ги земе за слободни и честопати тука се разминуваме.
    Порано се беше поедноставно зошто и обврските ни беа поинакви.
    Разлика по друг основ не гледам. Барем во мое опкружување. А и помладиве тука се мешани друштва, како ние што сме биле порано.
     
    На Nausicaa, bittersweet, ♡BuBaLe♡ и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    37.105
    Пол:
    Машки
    И кaј мене друштвaтa се мешaни. Нa кaфе пoпрвo би излегoл сo другaркa, oткoлку сo другaр, зaштo... не знaм.
    Мислaм декa пoрaнo пoвеќе се делеле женски сo женски и мaшки сo мaшки, oткoлку сегa. Имa и тaкви штo се дружaт сaмo сo свoјoт пoл, aмa вo мoјaвa oкoлинa пoретки се тие.
     
    На sj *O*, Nausicaa, Jas! и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.243
    Пол:
    Машки
    Дa се преселaм вo твoјaтa oкoлинa, мoже? :angel:

    И јaс би истo сo другaркa, зaштo aкo седнaм сo некoј другaр aсaлен муaбет немaме. Oбичнo се фaлaт oд oкoлу кoлку пaри имaaт, кaј купиле стaн, зa гзoви, пи*ки и цицки. Oвa штo гo нaбрoјaв зa мене не е муaбет. Имaм и други пo...кaкo дa кaжaм, пoглупи муaбети oд другaр кoи ми е срaм дa ги спoмнaм вo темaвa јер убилa ме туџa срaмoтa. :tmi:
     
    На sj *O*, Nausicaa, ♡BuBaLe♡ и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    53.780
    Пол:
    Женски
    И јас повеќе сум се дружела со машки него со женски. И ден денес на работа правиме муабети се зезаме и никогаш не сум се ставила во незгодна ситуација. Не сум дала повод за тоа. Пример со комшија на кој жената му е почината никоја жена не седи со него пред зграда не му праат муабет, што ќе кажат комшиите само јас неам проблем со тоа и он стално кажува дека само јас седам со него на клупа покрај другите комшии и комшики кои го избегаваат. А човекот е самохран родител на малолетно дете.
    Верувам во машко женски пријателства и апсолутно стојам зад тоа.
     
    На crazylady, bittersweet, Jas! и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.047
    Допаѓања:
    160.493
    Пол:
    Женски
    Не знам, до околината е најверојатно, мене искрено опишаната појава и ваквите ситуации ми се познати најмногу од основно кога се почнува со формирање некакви друштва и вечерни излегувања – па фазони као шмизли и хулигани, такви глупости :D и во средно прва и втора година некои групи. На крај на средно и сега на факс веќе не, барем во живо секаде со пријатели и поблиски познаници мешано си се дружиме :D
    А и после 18 години и стварно не треба, доста незрело :tmi:
     
    На crazylady, Lady*Bug, Nausicaa и 14 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    107.974
    Моето друштво е мешано. Да, поповрзана сум со другарка ми и ако ми се пие брзо кафе би ја викнала само неа, ама вечерно излегуваме заедно, некогаш денски, имаме одено и ќе одиме на одмор сите заедно.
    Од друга страна, моите родители имаат одделни друштва т.е. имаа одделни кога беа на моја возраст, сега често се дружат на фамилијарно ниво, додека моето е мешано веќе неколку години.
    :)


    Од тука, неможам да коментирам зошто постои ваква делба. Мислам пак ќе речам, имам потреба да излезам само со другарка ми на girls night, и тие се имаат некогаш потреба да излезат на guys night ама тоа не значи дека во глобала не функционираме заедно зошто најголем % од времето го врвиме заедно., барем летниот период кога можиме повеќе да си дозволиме зошто нели обврските знаат да бидат недостижни.
     
    На crazylady, Jas!, ♡BuBaLe♡ и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    30.618
    Пол:
    Женски
    Моето друштво е мешано и одсекогаш било такво. Можеби со текот на годините се смени делумно структурата, ама нема поделби.

    За онаа генерација која се над 30 години мислам дека ова станува тренд од аспект на тоа дека се покажува колку се самостојни и имаат слобода да прават што сакаат сами. Демек мене партнерот не може да ме ограничи, што малку ми е смешно.
    Не дека некогаш не ни се случило да се поделиме, ама барем кај мене во друштво тоа е повеќе од практични причини. Повеќето се со деца па некој треба да ги причува.
     
    На Jas!, green.eyes, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.509
    Пол:
    Женски
    epa vaka vo sredno vo klasot imavme samo edno masko (ne bese peder :rofl:)i sekogas bese del od naseto drustvo sekade idese so nas devojkite sekako imase + maski...ama i sam da bese ne mu smetase nie bevme opredelena grupa vo koja mozese da kazes se bukvalno nie i koga imavme fizicko site zaedno se presoblekuvavme dodeka na toa drugite gledaa kako nesto nenormalno i pogresno go sfakaa za nas bese najnormalna pojava ...sloboden cas?ideme site na kafe dodeka pak imase i od onie da mi prostite na izraz "preebani" koi ke tresnea ako ide **** jas ne idam...i nikogas ne idea...i den denes e taka...a pak sea koga sum na faks imam drustvence za da ne sum sama niz grad koi ne preferiraat masko drustvo i iskreno malku mi se cudni :?:
    ama toa e zivot ide dalje ;)
     
    На Jas!, AURUA и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    16.731
    Супер тема. (y) (highfive)

    ...Истото и јас го забележувам како Mr. Right, дека има голема пријателска полова поделеност.

    Во време кога имаме прилика да живееме во социјален елан, кога полека се
    разнебитуваат табуата и стереотипите, ние стануваме ограничено сексистистички
    робови, без поим за пријателска љубов. Машко - женските другарства сѐ повеќе се
    набљудуваат како потенцијална можност за секс, наместо како односи кои треба да
    почиваат на летвички од лојалност, взаемна доверба и почит.

    Кога ги гледам фотографиите од осумдесеттите години, сфаќам дека пропуштив едно
    убаво време. Време во кое цело маало одело заедно по одмори, славело родендени,
    и нови години. Периоди во кои не постоеле олку големи финансиски отстапки меѓу
    населението, и периоди во кои тогашните паралелки од средно и ден денес ги
    одбележуваат годишнините од матура.

    Денес, приоритет на денешните млади им е партнерската љубов, која е ставена пред сѐ
    останато. Луѓе на кои животно достигнување им е да стапат во брак до дваесет и четвртата
    година, и да направат деца. Како резултат на тоа имаме изобилство неиживеани и неодговорни
    генерации кои немаат поим што значи излет или одмор со мешано друштво. Генерации кои
    не сфаќаат дека да се има љубовни парови за пријатели и обични пријатели кои меѓусебно не
    дејтаат не е исто. Сѐ потпираат на сигурноста која им ја нуди таквата можност за социјализација,
    без да разберат дека таквиот однос претставува одраз на страв да се излезе од комфор зоната.
     
    На Anacid, eliesaab, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    29.560
    Пол:
    Женски
    Точно и јас се почесто гледам вакви ситуации, на една маса група машки, а на друга- женски, при тоа никој не пријдува да се запознае, ова дури го забележуваат и постарите генерации.
    Подива е младината денес, позатворена, ко во стаклено ѕвоно и не дозволува ширење на пријателства, ако некој пријде веднаш во главата си мисли што пак овој/оваа бара, муабети од типот напнува, ако почасти пијачка сигурно сака секс...
    Младината денес благодарение на социјалните мрежи не знаат ни"два реда" муабет да сврзат, изгубено е чувството на реална комуникација.

    Се сеќавам имав во тинејџерските години пријател со кој излегувавме, толку беше шармантен знеше да пријде со цвет од салафетки, да разигра нерасположена девојка, знаеше да облече фенси маичка со смешна апликација и да ја подари на девојка, денес кога би постапил така со денешнава младина сигурно би го сметале за лудак
     
    На crazylady, Nigredo Odor, simonka93 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Или за тешко:x мањачиште.
     
    На Nigredo Odor, Dadusicka и elimkd им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    9.218
    Пол:
    Машки
    И ние сме мешано друштво, поточно мешавина од мешано друштва.
    Ама и кај нас постои тој проблем да ако излезеш на кафе на само со девојка одма ти вадат муабет дека нешто има тука а у, па одма другите девојки се тргаат да не пречат. Се ако излезеш со друга на кафе после недела дена, одма излегува дека си некој што шврља со повеќе. Е после сами, епа сами.
     
    На sj *O*, crazylady, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    107.974
    Оф ова со кафето ми текнува средно се вртеле муабети демек со дечко редовно се врвело сендвичари да седниш (средното ми беше во нивна близина) и на само кафе да пиеш. Сега ми текнува, ептен ме интересира колку дечковци мислеа дека имам со кои паралелно излегувам, а јас кутрата само си се дружам другарски. :D
     
    На Dadusicka, Arthur и EvAngelos им се допаѓа ова.