Порано моето друштво беше мешано.Немавме таква поделба машки-женски. Сите на едно место.Каде и да одевме,што и да правевме бевме заедно и многу сложни. А денес сплет на околности немаме време за кафе. Кој не е тука,кој е женет/мажена,деца,работи во друг град итн. Денес немам со кој да отидам на кафе ради тоа што ми пропадна друштвото,па ако се сретнеме сигурно нема да се делиме.
Моите дружења биле како што е опишано под НЕКОГАШ, ама и општо така беше со сите. Друштвата беа мешани. Значи остарев
Тинејџерка не сум, одамна. Некогаш бев дел од големо мешано друштво ама денеска се дружам претежно со другарки. Нема некоја драматична причина зошто е тоа така, едноставно низ времето се изфилтрираа пријателствата. Животот повеќето не однесе во различни правци, во меѓувреме престанавме да бидеме деца и темите за разговор повеќе не се лабави како што беа некогаш. Некако нормално и природно испадна дека со друго женско ќе имам повеќе заеднички теми за муабет, едноставно не поврзуваат слични интереси па затоа и тие пријателства спонтано опстанаа низ годините. И продолжуваат да опстојуваат, иако е очигледно дека повеќе не сме истите луѓе што бевме кога почнавме да се дружиме. Да сме живи и здрави, заедно и да остариме. Останатите мили луѓе, кои некогаш толку нераскинливо му припаѓаа на моето секојдневие, денес се дел на моето минато. Убаво, весело, шарено, комично, забавно минато од кое ништо не би сменила иако голем дел од луѓето кои ми ја направија младоста толку супер повеќе не се активен дел од мојот живот
Денес доста многу се поместија маргините не само во машко - женските пријателства него буквлно во се. Бидејќи тоа не е тема би се задржала на машко - женските пријателства кои реално вистина е дека во денешно време многу погрешно се толкувани односно сфатени од младината. Ако се најдеш во мешано друштво и малку повеќе направиш муабет со женско/машко одма се вртат тие муабети сакаш нешто со него/неа.Најголемите љубови не произлегуваат од една вечер. Памтам мајка ми ми има кажувано (зборам за пред околу 20 тина години мин) како тоа цели друштва од по 10 луѓе се договарале каде на одмор, зимовње, нова година, каде вечер, колку всушност биле сложни и се знаело постоело пријателство и дружење меѓу нив. Сигурно некои и од тие пријателства подоцна може прерснувале во љубов, ама тоа е многу нормално, барем не се комплицирале работите како денес што младинава успева да ги заплетка до максимум, како на пример "новитетот" - вечер излегуваме сами женско друштво... Кога ќе се вратам наназад во основно, средно па и на факс, сум пресреќна за многу убавото дружење, пред се повеќе со машки него со женски, и многу поубаво ми била дружбата со машки, иако имав и 2-3 многу добри другарки со кои сеуште сум во контакт. Дефинитивно денес и дружењето не е тоа што беше некогаш, што искрено до негде е и жалосно што новиве генерации не можат да почуствуваат што значи вистинска дружба. Секогаш има исклучоци, баш ми е мило за истите.
Машко - женско пријателство ? Во ова време на предрасуди и непромислени зборови, застарени сваќања ? Па и да има, поради тие луѓе ќе се распадне. А тие што опстануваат и покрај овие работи, вие сте среќни и борете се ! Но веќе се селективни луѓето, јас никојпат не бирам дали со машко или женско ќе излезам и да правам муабет за една тема, подобро ми е некојпат да слушнам муабет и од двата пола, во нашето друштво сме машки ,сите, а и друштвото ни е мало, 4ца сме со се мене, порано кај што живеев во другиот град бевме мешано и ни беше супер, смешки, откачени женски и никој на никој не кажал нешто поради тоа што сме биле мешани ама луѓето околу нас не го гледаа тоа така и на женските им правеа проблеми дома, збореа глупости, а во градот 99% од луѓето живееа да не се збори нешто за нив или фамилијата и ете така почна да ни се распаѓа, и останавме овие 4ца. Би ми било мило сеа да имам женско како другарка на која можам да и се јавам, да ја прашам глупости, да се насмееме, да идеме на кафе, да се глупираме, но сето тоа е во делот на имагинацијата и минатото, дури ми е криво што другарка ми со која го имав тоа си фати дечко и тој почна да и забранува работи ... па и нашето другарство.
Постојат вакви пријателства и тука клучна улога има личното размислување а не околината. Во мојата околина постојат вакви друштва и искрено завидувам што јас не сум дел од нешто такво. Знам лица кои порано се дружеа другарски па подоцна кога си најдоа партнери дечковци/девојки ги вклучија во своето друштво и супер функционираа така. Подоцна и нивните партнери се спријателија со личностите од својот пол. Е сега секогаш постои можност да се измешаат работите и од се тоа да произлезат парови но тука нема правила и ништо не е сигурно. Додека бев средно и подоцна додека студирав имав 3 добри другари и баш ми е жал што подоцна се оддалечивме но обврските си го направија своето. Секогаш ќе има луѓе што зборуваат и измислуваат. Сум била сведок кога за еден лајк на фб се ваделе приказни и тоа од возрасни луѓе. Жално!
Ни јас не ги разбирам оние излегувања “гирлснајтоут“ па уште и бурмите ги покажале демек еве колку сме ние слободни. А, па оние деверуши по свадби, од америките адети тоа ми е уште посмешно.Јас сум во брак седум години, сум излегувала и со машки и женски,секогаш ми било поубаво во мешано друштво, некој ќе се нашали, ќе тропне нешто, штознам. И пред брак сум се дружела во мешани друштва. Немало ни оговарање, ни сплетки, секогаш другарството било на прво место. Се случувало во 7 8 сабајле да ми се јави другар што работел во кафиќ да ми рече ајде направив кафе досадно ми е идај. Ама јас сум од осумдесетите сега времињата се сменети, некако како секој да сака да се докажува колку е помоќен, побогат, поубав штознам..
Сметам дека треба да се има барем едно машко како пријател во права смисла на зборот покрај себе. Секогаш повеќе годи разговорот со машко отколку со женско. Да, сменети се денешните машко-женски пријателства, но тие што се поодмината генерација генерално го одржуваат тоа пријателство на некој баланс. Многу е воочлива разликата меѓу денешните пријателства и пријателствата во 90тите години. За жал израснавме во средина каде некои вредности се одамна изумрени и затоа повеќето луѓе се претежно сами. Ретко да видам фотографија каде луѓето се сликани групно, мешано друшство. Денес речиси е поважно да го бираш друшството наместо да се дружиш со сите.
Од кај ги вадите примериве бе Од средно сите што останав да се дружам се машки освен една другарка, уште две имаше во друштво ама од х причини се тргнаа, цело средно искачања заедно сите, пијанки, викенди, нова година сме славеле, девојки, дечковци кој и да имал и тие на куп со нас, и други другари/ки од страна и тие со нас без проблем, завршивме средно и уште се дружиме (јес да поретко, секој со свои обврски) баш сега колективно на д фест одиме, со плус друштво од страна и женската на еден другар Во годиниве само едни пар беа па пак продолжија да се дружат, никому ништо... Јас и онака преферирам со машки да се дружам, 2 другарки имам поблиски од маало и уште неколку чат пат што се гледам на кафе, ама какви girls nights какви бакрачи није то интересантно за мене, и кога искачаме ние 3 секогаш се наоѓа некој плус дали од основно, средно машко, женско не е битно, битна е дружбата