Вистинско машко - женско пријателство е ретко, но возможно. Од мое искуство, помага ако барем една страна е во врска, и ако барем едната страна е доста...непривлечна. Така работите се одржуваат студени. Исто така, одржувањето чест контакт...не помага баш
Кај мене па е честа појава... Имам другар, што ако не секој ден, ама секој втор го гледам... И нема никакви чувства од ниедна страна... Не е ни геј... Си делиме совети за се` и знае некои работи што не можам на другарка да ги кажам... И никад ништо нема ни да има... И мислам дека без другар не можам да функционирам правилно.
Баш така. Јас имам едни другарчиња, по цел ден заедно, де ваму, де таму. Цели 3 години. И сега се заедно. Не дека мене ми се верува дека се, ги гледам како другари да се. Но не. Се уверив кога се бакнаа...
Поголем дел од другарките со кои сме разговарале на темава сметаат дека не постои пријателство меѓу машко и женско. Јас го мислам спротивното. Имам другар од маало со кој се знаеме најмалку 12 години и се уште живееме како да сме брат и сестра буквално. Тргнавме во школо држејќи се за рака и плачевме кога во забавиште не бевме во ист оддел. Секогаш беше мој заштитник и уште е. Иако сега имам дечко. постојано ми повторува дека од вид нема да ме испушти и не би дозволил да ми се случи нешто, а дечко ми уште вториот ден си доби закана од него дека ако не ме пази ќе си има работа со него И со другар од средно е истото. Е сеа, не велам дека немало случај да ми се допаѓа или да му се допаѓам на некој од друштвото, ама не сме преминале на нешто повеќе не сакајќи да си го расипеме другарството. Но двајцата кои ви ги спомнав погоре ми се доволно голема причина да верувам дека ова пријателство постои.
Не верувам затоа што кога и да сум се зближела со некој, прераснувало во повеќе од пријателство. Верувам во машко-женско пријателство, но само ако не се најдобри пријатели, не одржуваат близок контакт и не се гледаат секојдневно. Ако машко ти одговара толку како личност за да ти стане близок пријател, верувам дека би почнал да го гледаш со други очи и би се јавиле поинтензивни чувства. Барем од едната страна. Мене мојот бивш ми е исклучително добар пријател, ми се нашол во секоја ситуација, многу го ценам, не ми ни паѓа на ум дека некогаш сме биле нешто повеќе. Ама затоа тој не е рамнодушен. Оттука, не верувам во искрено и без друга намера, машко-женско пријателство. Секоја чест на исклучоците.
Мислам дека постои,ретко е но го има...и јас имам еден другар,со него се дружам веќе со години,сега е поретко,но пак знам дека тој е секогаш за мене онлајн исто и јас за него...си знаеме се,и имаме голема доверба еден во друг...повеќето машки другари,ти се прават само другари,а зад грб ти мислат друго... сепак кога се бира другар треба да се внимава многу според мене
Не постои искрено другарство, секогаш едната страна ќе има скриени(кои не секогаш на крајот се откриваат )чуства. Освен ако еден не е геј-лезбејка инаку не е можно бидејќи спротивни полови се сепак се привлекуваат(освен ако едната страна е тотално непривлечна). А и ако секој ден се гледаат, зборат за се, итн тогаш сигурно нема другарство помеѓу . Постои, ретко или не искрено!
Скептик сум за оваа работа, морам да признаам. Не верувам во машко - женско пријателство, такво ми е искуството... Кога и да се зближам со некого, на крај испаѓаат некои други работи. А навистина ми недостасува такво нешто, затоа што мажите знаат да бидат подобри пријатели од жените. И има една добра фраза: Man and woman can be friends only if one of them is gay.
Секогаш има барем најмала искра симпатија од една или друга страна. Понекогаш и од двете. Во некои случаи таа искра прераснуе у нешто поголемо,а понекад тлее,чисто за да го држи пријателството. Во машко-женско пријателство нема проблеми со љубомора,можат да си помогнат еден на друг кога се работи за љубавни ствари,често си се рамо за плачење еден на друг. Можеби нема да бидат толку многу заедно колку што би биле 2 другарки,као рецимо преспивање една кај друга,шопинзи,ова она,али ипак ја има блискоста на друг начин.
Ние сите сакаме да имаме и машки другари но овде во Македонија каде и да излезеш со машко право ќе помислат оти ти е дечко и ќе те оговаараат .. Тоа е работата и затоа неможеш да имаш машко пријателство ..
ДА!!! Јас сум пример! На мојот БФФ можам да му се доверам повеќе отколку на женските, тој ми е како брат. Тоа е затоа, зошто нема љубомора. Тој сигурно нема да ми љубомори ако сум купила нова маица која е брендирана, а јас нема да му љубоморам ако тој има оригинален дрес од Барса. Тој многу ми помогна да ја добијам симпатијата,а сега се трудам да ја наговорам неговата да се сретнат. Јас повеќе верувам во машко-женски отколку во женско-женски пријателства.
Се сложувам со тебе! Имам машки другари и мене ми се покажало низ животот дека е поискрено таквото пријателство. Ама кај нас ако се појавиш со другар во јавност, одма мислат дека матиш нешто. Баш вчера бев со другар на кафе, а вечерта на фб ме чекаше порака во инбокс: кој ти беше ма оној...криеш, а...?
И јас вчера излегов на кафе со еден другар за да се видиме раат, и сите не гледаа како од небо паднати . Едни карши нас што седеа око не тргнаа..Никој ништо не рече ама погледите доволно кажуваа..
Според мене постојат имам причина да верувам дека постојат, и да вистина е дека понекогаш тие преминуваат во љубов Не им верувам многу на машките (немам доверба) бидејки се многу променливи и многу се дигаат кога се во толпа нивни пријатели, но сепак има исклучоци
Сите што мислата дека постои овој вид на пријателство се или во голема заблуда, или се веќе заљубени во својот најдобар другар/ка, или веќе го поминале стадиумот на сексуална привлечност и единствениот изговор да останат заедно во ист момент е да бидат “пријатели“ кој е секако многу важен дел и секако не различен од пријателството на оние кои признаваат дека има привлечност.
Верувам. Имам другар со кој што се знам три години,и го има истиот статус како и мојата најдобра другарка,дури и тој знае повеќе од неа.. - Имаше моменти кога мислев дека ме сака поинаку,но и самиот знае дека нема ништо да биде,така се труди да ми биде барем еден од најблиските.