Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко-женските пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mysterious, 26 јануари 2010.

  1. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ja iam cela maala mashki drugari. Site se sakame :P I koga mashko ke ti dade sovet gledaj da go poslushash.. :D

    ^izvinuvanje za latinicava od opravdani prichini.. :tmi:
     
  2. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Се што сакав да каам веќе ти си кажала:)
     
  3. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Да постојат...може да се каже дека во последно време имам повеќе другари отколку другарки..
    И баш ми е убаво :)
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    9.032
    Пол:
    Женски
    Верувам. :) Го имам покрај себе,му верувам многу и знам дека кога и да ми е тешко можам да му се јавам да му се исповедам.
     
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    од женска страна да, од машка не.
     
  6. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Леле да постојат! многу ме неривраат оние кои викаат:21-ви век сме машко и женско пријатели?!-те молам не ме смеј.
    еве јас на пример повеќе можам да се исповедам на другар одколку на другарка затоа што ние женските сме такви да кажеме се и на крајот како точка не кажувај на никој :^) Повеќе примам совети од машка страна кога се работи за љубовта затоа што се покомпетенти да дадат совет за тоа одколку женско нели ;)
     
  7. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Има разлика меѓу пријателство и пријателство. Ако збориме за пријател, како што ни се другарките наши, секој ден слушање, гледање, дремење заедно со саати и зборење, во тој случај е невозможно.

    А да имаш пријател со кој ете од време на време се слушаш, ти е драг и нема никаква ама баш никаква привлечност, да кажеме дека е можно. Но, што мисли другата страна никогаш не се знае ;) .

    Не сакам многу да зборувам на темава, многу девојки не се сложуваат со моето мислење.
    Конечен одговор: искрено пријателство помеѓу маж и жена не е можно.
    Исклучоци ретки има...
     
  8. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Па да, јас лично сметам дека постојат машко-женски пријателства, барем од женска страна. Иако се многу ретки, сепак постојат. И во некои ситуации навистина на женските добро би ни дошол совет од машка гледна точка, а и обратно.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Верувам нормално, овој тип на пријателство лично мене ми одговара во потполност.
    Машките се секогаш подобри другарчиња, поведри, полојални и за мене - позабавни.
    Ја немаат таа огорченост и потскриена љубомора за разлика од жените, едноставни се и кул.

    Значи реков - верувам во машко-женско пријателство, со тоа што додавам дека во одреден период е можно да се јават некакви чувства од нечија страна.
    И мене ми е сосем нормално - there is a guy... and a girl. Што повеќе да се каже де?

    Ако успеат да се надминат тие моментални симпатии и таа наклонетост, тогаш ќе си имате другарче до крајот на животот.

    Јас си имам едно, фала на прашање.
    :)
     
    На Hipster, Neytiri, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Јас мислам дека ако не се толку блиски меѓу себе,тогаш можно е да постои некое си другарство..
    Ама ако се блиски,ако се гледаат и слушаат многу често мислам дека нема шанси.
    Ако не од две страни,барем од една страна ке се јави некоја симпатија,некое чувство,. некое допаѓање...
     
    На Lola-M му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    http://www.youtube.com/watch?v=T_lh5fR4DMA

    Пред некој ден го гледав видеово и сфатив дека...луѓето се глупи и мажите и жените,особено зошто за ваква ствар генерализираат. Видеото е извадено од контекст, лошо е да речеш да или не за ваква сложена тема која вклучува премногу фактори. Кратка содржина,сите жени веруваат дека можат да бидат пријатели со другарите,ИАКО знаат дека ако им се пружи шанса на нивните другари би ги легнале или знаат дека им се допаѓаат,а сите мажи викаат дека не можат да бидат и дека ако веќе им е другарка,би ја плеснале ако им се допаѓа. У суштина...испуштиле многу варијабли.

    И се се базира на физичка привлечност,а што а ко другарот или другарка ти е грд,а ти е драг?! На крајот на краиштата,она со бурките не е лоша идеја,не знам зошто повеќето не се согласуваме со исламот. Жените у една просторија,мажите у друга.

    Нејсе, комплексен е одговорот на прашањето. Се согласувам дека со некои другари не сум другарка во права смисла,јас ги гледам така,тие не ме гледаат така,ама балансираме и сепак супер се дружиме,се има граница,некои пак имаме заеднички скокотливи интереси,ама никогаш не паднала тема на муабет,ниту пак ќе падне зошто сме предобри ко другари,а врска не доаѓа у предвид зошто имаме различни погледи на светот и насоките по кои се движиме никако не се паралелни,но сме прекрасни другари,а секс само ќе ја закашка работата и ќе ни го упропасти пријателството кое задоволува други потреби ко дружење,прифаќање,поддршка итн итн. Со трети јас имам интерес,кај нив не сум забележала,ама па што?! Не сум дозволила да се затрескам,ниту сум замислила било што друго,сум рекла рецимо Мики фин дечко е,ама толку,не као јас фантазирам за него и правам порно филм со нежна (?!) содржина. Другари сме човече,свесно и разумно суштество сум за да можам да размислувам до кај може да одат работите.

    Рака на срце,моето 23 годишно искуство докажа дека машките се далеку подобри другари од жените без разлика кои биле задните интереси. Со тие што не сме можеле да продолжиме да се дружиме заради икс причини,повторно сме се разделиле пријателски и си честитаме родендени,нови години,си викаме здраво на улица и слични. Жените ретко се фер,ретко ја потискаат малодушноста и ретко можам да се согласам со нив за било што,зошто ме вади од такт типично женско лигавење и нереационалност. Си имам и такви и онакви,ама со овие ваквиве се прифативме и знаат дека ги пеглам кога ќе ми дојдат преку глава и го прифаќаат тоа,што не би го прифатило исто било кое друго девојче,па затоа си ги поштувам моиве.

    Глуп изговор за примитивните нагони у секој случај.Особено на луѓе кои не можат да држат контрола над себе. Немам почит за такви.

    Како и да е,се забавував,интересни се реакциите,особено типот со сендвичот! Да фатиш и да го гушкаш е! :D (ете ти,не можеме да бидеме пријатели :( што се куропецам без веза и јас,одма отидов на секнд бејз...бед Лилит,бед,бед!)Сериозно,симпатични се дечкиве,смешни им се реакциите.
     
    На Hipster и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  12. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    ОД МОЕ ИСКУСТВО ЕМ МОЖЕ ЕМ НЕМОЖЕ! Зависно од тоа што ги интересира луѓето и во каква емотивно-душевна состојба се наоѓаат. Под какви околности се запознале и до каде си дозволиле со очекувањата за пријателот-пријателката.
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.404
    Допаѓања:
    287.099
    Стари пријателства ДА.
    Tие личности ги гледам исто како брат, братучед...и верувам дека тоа засекогаш ке остане така, постои некоја ментална блокада од обете страни.
    Нови познанства да, блиски пријателства НЕ.
    Свесна сум колку нарцисоидно звучи :rofl: , но прашање на време кога ке се роди симпатија или ке се вљуби во мене.
     
  14. mademoiselle84

    mademoiselle84 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    мажите се подобри другари од жените но машко-женските пријателства не траат долго(нормално додека се плеснете)секогаш кога ке се укаже можност, таа ке биде искористена за пријателство со привилегија хаха,после тоа можеби во љубов и после тоа малку непријателство па на крај кога ке би8де пробано се мозда пријателството од ново ке процвета како пролетно цвеке :rofl:
     
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сум се изјаснила еднаш на темава. Ќе си кажам и пак.
    Најблиска сум со него. Имам и другарки со кои сум речиси исто толку блиска како со него, но не до тој степен. Во него имам 100% доверба во секој поглед. Знам дека никогаш на никој нема да ме прекажи за нешто, знам дека никогаш ниту размислувал, ниту ќе размислува за нашиот однос како за нешто повеќе од другарство. Тоа се гледа и се чувствува во секој момент.
    Сме биле заедно по цел ден, цела ноќ, пијани, трезни, дотерани, скоцкани, по пижами, со темни кругови околу очите, тажни, среќни, сме се гушкале од среќа, сме седеле подпрени со главите еден врз друг од тага, сами двата и никогаш ништо не се случило, ниту сум осетила да биди напнат, нервозен во моја близина. Тој беше со мене во сите побитни моменти во животот и ќе биде присутен и во оние кои следуваат, како брат, како најблизок. Толку добро се познаваме меѓу себе што не мора дури ни да разговараме, само што ќе ме види знае како стојат работите. Уште пред да го прашам за некој совет или било што, знам што ќе ми каже, но сепак го малтретирам. И така преминуваме во „кавга“. Во овие 9 години само еднаш сме се скарале пожестоко, но не издржавме така скарани ни еден ден, а во тие неколку саати немате претстава како ми беше, се чувствував како да ми фали еден голем дел од мене и покрај тоа што знаев дека нема да биди така долго време.
    Не ни е грижа што ќе кажат и што ќе помислат луѓето околу нас, дури седиме на кафе сами, дури играме заедно во диско или дури си ги кажуваме маките зад зграда, затоа што немаме мува на капата, па да си ја ишкаме. Досега не се случило никој да не праша дали сме нешто повеќе од другари, претпоставувам дека се гледа дека не сме.
    Имам повеќе машки другари. Некои од нив се од најрана возраст уште пред да тргниме во градинка, но за ниеден од нив не можам дакажам дека имам 100% доверба дека никогаш ништо нема да чувствуваат за мене.
    Но, за него да. За него тврдам. Знам. Имам другар за цел живот. Безценето. Пресреќна сум што јас најдов еден таков редок примерок-вистински другар.
     
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Мојот другар од средно , подоцна ми стана дечко.
    Неколку години потоа, другарката на мојот тогашен дечко-му стана девојка!
    Од тогаш вакви ,,другарства,, не поштувам воопшто.И не ни имам.Нити сакам да имам.Нема тука чиста работа,кога-тогаш од нечија страна ќе почне да ,,врие котлето,,!
    Така да, се држам строго до како си?што правиш?Евентуално кафе ако се сретнеме по град и толку.
    Повеќе јок!
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Апсолутно е возможно. Испробано 100% и тоа тра со години, најмалце со 3 особи од спротивниот пол. Во ова спаѓаат и прошетки одвоено од дечкото-девојката на другарот/другарката, еднодневна екскурзија и сл. Прекрасно е чувството да имаш пријател/пријателка независно што се во брак или врска.
    Но барем кај нас веднаш да кажам дека нема ниту телесна ниту емотивна привлечност. Изгледа во тоа ќе е тајната.
     
  18. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Богами, зависи. Верувам дека е вистинско пријателство кога се има физичка непривлечност од двете страни. Ако има барем малку, трошка привлечност, со тешки маки, разумност и желба за оддржување на пријателството (не на нешто повеќе од тоа) мислам дека може да се изгради вистинско пријателство. Тоа е моето мислење, иако не дека имам некое си ептен големо искуство.

    Општо за машките како другари, интересни се баш. Ама зависи, понекогаш поубаво се чувствувам во машко, понекогаш во женско друштво.
    Добро е тоа што се зезаат и на своја сметка, не се лутат за се` и сешто, не гњават со глупости од типот: "леле, вчера не се издепилирав, а денеска треба да искачам бла бла бла..", не се љубоморни затоа што ти си купила нова алка, и останати глупости.


    Имам најдобар другар, се знаеме од прво одделение. Знам дека таму негде во 4-то сум му била симпатија (не ми има кажано он). Ама со него ми идеше муабет и не се замарав дали му се допаѓам или не.

    Без разлика на тоа, тој ми е најдобар другар. Му имам кажано работи коишто ги немам кажано на некои другарки. Од него барам мислење за нешто секогаш, затоа што знам дека е објективен и навистина ќе ми каже што мисли. Не е љубоморен (како девојчињата), забавен е, имаме многу заеднички теми на разговор. Со него можам да направам интелигентен муабет којшто не можам да го направам со некоја другарка затоа што некоја од нив не ни размислува за иднина и сл. Секогаш ме трпи кога го гњавам, ме разбира. Некогаш ќе се скараме за глупости, ама не можеме да не збориме и пак ќе се смириме. :)
    Јас се надевам дека и во иднина ќе имам ист однос со него, бидејќи не сакам ништо повеќе, ни помалку.


    Имало и случаи во кои јас сум ги гледала машките како нешто повеќе, а тие мене не. Ако е така, отстапувам од таа намера и пробувам да останам пријател.
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Мое мислење не постои такво нешто како блиско женско-машко другарство .... бидејќи таквите блиски секогаш некој од тие двајца посакува врска или се надева на тоа


    мое мислење...


    а како што гледам неколку мислења и го докажува мојата , т.е некоја си теорија :^) :$
     
  20. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Според мене постои такво пријателство. Познавам такви, го познавам значи и него и нејзе и досега не сум забележала ништо повеке мегу нив. А да има ке се примети -сигурно. Не се знае тоа никогаш-секогаш може да се роди љубов. Барем така започнува, ама може и да не се роди. Зависи од многу работи. На пример што ако тој е геј? Тука неможе да се појават никакви чувства помегу нив. Знаејки дека е геј, сигурно никоја не би си допуштила да се роди некое чувство спрема некој таков. Сепак постојат машко-женски пријателства.