Многу ме нервираат изрази од типот ее не може такво пријателство да постои,ако тие се дружат сигурно дека постои нешто повеќе помеѓу нив.Не постојат пријателства од ист пол. Колку само погрешно.... Јас имам вакво пријателство од кога знам за себе и функционира сосем најнормално,исто како и со другарките.И што ако тој е машко? Одма мора да постои нешто помеѓу нас,само дека јас сум женско,а тој е машко? Напротив-ни тој некогаш ме погледнал на таков начин,ни јас него.Ни во еден момент! Тој е мојот бато,а јас сум неговата дада.И секогаш така ќе биде.
И ја ударав со глава и ѕид дека има, ама многу (пријатели) ми го покажаа спротивното. И искрено више се плашам да имам машко за близок пријател ... Сепак сите сме различни со различни карактери. овде тешко да има просотр за генерализирање. така да , кај некои може да постои и опстои ова пријателство ама кај некои не. Тоа е тоа. Не може да се каже ни да ни не
тоа дека машки женски пријателства не успеваат е неточно на мене најдобриот пријател ми е машко и тоа со него се дружам уште од 1 одд и ми нема издадено ништо што му имам кажано
Постојат до одереден степен додека не почне да се развиваат нови чувства од едната страна, или во некој случај и од двете. И секогаш има све опции или ќе си ќутиш, траеш и трпиш или ќе кажеш што ти лежи на душичето!
Ја отварам темава после сто години и редно е,сепак јас ја создадов Ако тогаш кога ја отворив мислев дека постојат,сега тврдам дека нема такво нешто. Сепак,секој со своите искуства,но јас сепак мислам дека нема такво нешто. Мене сега другари ми се братучедите,бивши со кои имам добар контакт,некои помали дечки за кои никогаш нема да имам никакви чуства,постари дечки кои веќе се оформени личности и толку. Друго,нема шанси. Па и јас не сакам мажи пријатели. Не ми требаат мене другари.
Не верувам во таквите пријателства. До пред некој месец бев уверена дека машко и женско можат да бидат пријатели и дека супер ќе функционираат... И наеднаш почнав да станувам добра пријателка со еден од нив. Супер беше се додека сите не почнаа да зборуваат за нашето дружење... Почнаа да вртат муабети дека он имал чувства за мене .. Сеуште сме „пријатели“ но не е веќе се исто...
Постои! И мило ми е што јас сум доказ за тоа. Искрено, повеќе другари имам отколку другарки. И си имам еден, најблизок од сите нив. Освен другарската љубов меѓу нас, за друга нема место. Сум размислувала и за таа опција, некој од нас да се вљуби во другиот, но едноставно нема простор и шанси за да се случи такво нешто. А верувајте ми, многу е поубаво да имаш машко за пријател, многу!!! Затоа што тој не е љубоморен на секој твој потег, за него не треба да се секираш дали утре ќе заврши со дечко ти, како што е случај со другарките. Него не треба да го молиш пола саат за да ти направи една е*ана услуга, тој е тука секогаш и за што и да ти треба. Него нема да му биде поважно да му се исуши лакот на ноктите, да си ја среди косата, да се нашминка, да се избања за да биде среден и да дојде кај тебе, додека ти седиш сама, повредена, скршена од некоја ситуација, и ти е потребно рамо за плачење во најбрзо можно време. Факт е дека машките пријателства остануваат за цел живот, а тоа е реткост кај женските. Факт е дека тие многу повеќе го ценат пријателот, и факт е дека тие се свесни колку се вредни и важни пријателите. Не го знаев ова до скоро време, навистина. Ама бившата најдобра другарка ми покажа дека ова е точно
Имам многу повеќе другари отколку другарки едноставно многу поубаво се осеќам во машко друштво. Од мала сум со братучедите и нивните другари и можеби од тогаш сум понаклонета спрема нив за другарчиња. Инаку стварно постои машко/женско пријателство имам 3 другари со кои сум ептен блиска веке со години и си ги сакам ептен многу и мислам дека знаат да бидат многу подобри пријатели од жените.
Не можев да одолеам, па си се само-цитирам. Моментално моиве граници ко да ги подзарбишав, а? Сепак уште мислам дека постојат, само доколку сакаме - баталете ја мојата ситуација, очигледно навлегов ту диип инту д френдзоун.
Не верувам, од причина што ние жените колку и да се трудиме да поставиме граници, или да дадеме дознание на дека ова е само пријателство. И да се и е така,нели само пријателство. Тој од машкиот пол, барем еднаш во животот(делот од пријателството), сигурно ќе ве погледне и на друг начин.
Верувам!! Зошто не? Јас имам повеке другари,а 1-2 од тие ми се како брака.Постојат тие пријателства,постоеле и ке постојат!!
Имам другари како браќа ми се многу поверни од другарки. Што и да кажам на другар знам дека само нему сум му кажала и дефинитивно многу поискрени ќе ти ја кажат вистината колку и да е болна за разлика од другарките кои за да се чуствуваш подобро можеби и ке излажат......
Според мене постои машко-женско пријателство, јас имам неколку блиски пријатели со кој можам да споделам љубовни проблеми и сл.
Значи на ова прашање можам да одговорам и со да и со не. Си имам еден другар уште од основно со кој бев тотално неразделива. Можев и можам да му се доверам секогаш, и никогаш нема да се сомневам во неговиот совет. Секогаш ќе ми биде драг и мил, а знам дека и јас нему. Му верувам затоа што го знам каков е, и покрај се никогаш не ме издал, нит сум чула нешто. А знам дека подобар другар можеш да бидеш со машко отколку со женско. Како и да е. Е сега во средно запознав друго машко. Последната година посебно премногу се зближивме. Бевме неразделни. Кога и да го побарам секогаш е тука за мене. Кога и да побарам друштво секогаш е тука. Буквално за се имаме правено муабет, и дури јас во неколку наврати го советував како да постапи со една девојка. Но, секогаш има некое но кое ја упропастува приказната. Пак ќе повторам, но пред некој ден ми кажа дека ме сака. Значи пред да ми го изјави ова јас знаев дека тој сака да биде поблизок со мене, но овие зборови ме убија. Го сакам како другар, и секогаш стоев настрана кога се работеше за ова. Кога ми изјави дека ме сака му реков дека не сум му дала повод за тоа. Тој ми рече дека знае но ете така спонтано се случило. Сеуште сме си само пријатели, но до каде ќе оди ова незнам. Па така од коментар испадна проблем, кој не ми е толку сериозен. Но доколку има некој совет, секако добродојден е. Патем мислам дека на оваа проблематика овде и е местото.
Моето искуство ме натерало да не верувам во ова пријателство, зошто кога тогаш ке се јави некое искриче од едната страна.Пријател машко може да се има да, пиеш кафе чат-пат ама она лабаво пријателство, али слушање секој ден по телефон нонстоп по кафиња кажување некои тајни не не.На оваа тема сме разговарале со една другарка и стално викаше кое пријателство машко -женско бе соблечи се да видиш дали ке те гледа ко другарка
И јас не можам да сватам како велат дека нема пријателство машко-женско што треба,само на вљубување да мислиме и дали и кога ке ни се пушти
Доколку се постават навистина граници,да може да постои тоа машко-женско другарство! Но често се случува,почесто машките да паднат на некоја провокација која што женското намерно или не намерно ќе го привлече машкото! Е тогаш веќе се се менува. - На мене многу пати ми се има случено, да се спријателам со некое машко, и да водиме навистина онака Light разговор, и се да биде ок,супер и на крај кога ќе ми каже дека му се свиѓам и дека има некои чуства, е тогаааш го имаш она најтапа чуство и комуникацијата со него се губи скроз на скроз!