Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко-женските пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mysterious, 26 јануари 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Постојат и во многу случаи се покажале како поискрени и почисти од оние со луѓе од ист пол. Оние што не` прават да не веруваме во нив се ниски и подли луѓе кои не ја ценат чистотата на пријателството туку го користат како помошно средство да се доближат некому. А има такви и мажи и жени, за жал иако никој не признава. Буквално има жени шо мислиш ќе умрат ако другар им си фати женска, а нишо не праат со него ама такви ко полиција ги проверуваат шо како зашо па се муртат.
    Еден од проблемите шо ги имав со бившиот беше и тоа и еднаш (ама стварно ја претера мислам ептен се познаваше а ја и поднапиена и похрабра така :lol: ) и и` го спуштив „Аман више ај да не се лажеме меѓу себе, ако ја сум ти пречката да го легнеш, одма ќе се тргнам, ама аман легни го, молим те, ќе се исфрустрира детево толку време не му даваш женска да фати а и ти не си му женска.“ Така раскинавме, без отворено да си кажеме, а сепак тој имаше најмалку право да ми префрли за тоа.
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Не постојат машко-женски пријателства,тоа е само глума когаш тогаш нешто ќе бидне :* може нема да трае :inlove: но нема ни од пријателството ништо :(
     
    На srcekrsacka и Yipman2 им се допаѓа ова.
  3. Femina...1

    Femina...1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    28
    Мислам дека не постои, а сакам да верувам во обратното.. Кога и да имам другар по некое време ќе почнам Се повеќе да се опуштам со него, да му кажувам Се што ми лежи на срце и ОП- ме свиѓал.. Од многу другари сум се оддалечила поради тоа.. А со овој сега последниов дефинитивно си докажав дека машко - за другар неможит да бидит!! Другаруваме веќе 3 и кусур години, и од лани летото почнавме да се муваме и да сме нонстоп заедно (како онака да не бевме ;) ) ама за тоа јас несакав никој да дознае,, и така се гледавме 5-6 месеци и бевме најзаљубени на свет ама според мене неможеше да продолжи така, па останавме само другари.. И ден денес ми е чудно нашето т.н. другарство затоа шо знае Се за мене и за мојот приватен живот а и јас исто за неговиот, и секогаш и звони и кога е поднапиен знае да се опуште и да ми каже дека ме сака и уште му значам и може и да го засакам некогаш повторно како порано.. ама за сега тоа ќе си остане вака како што е.. :!:
     
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Постојат.Но преголемата блискост и опуштеност секогаш се иницијатори за НЕ-пријателство на крајот :lol:
     
  5. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Па постојат зошто да не. Јас можам да бидам предобра пријателка со машко и да ми остане само на тоа :)
     
  6. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Постојат, но сепак не треба преголема блискост. :)
     
  7. blue.jeans

    blue.jeans Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    35
    Јас не верувам во машко-женски пријателства .... освен нешто како друга од школо или нешто така
    :?: :)
     
  8. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Постојат бе, имам и доказ за тоа..!! :D

    Убаво е кога имаш машко.. другар до тебе, да ти каже и совети од машка гледна точка..И постои! :)
     
  9. Spring17

    Spring17 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Имам 3ца најдобри другари,и сите се спротивни...... не знам ги чувствувам како браќа и се би направила за нив... а другарките што ми се немаат некои такви некои пријателства. I am soooo proud of myself :D
     
  10. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Иам слушнато дека машко-женските пријателства не успеваат? :^)
    Од каде па тоа?
    Пророци сте?
    Сведок сум дека таквите приајтелства постојат!
    Иам другар на кој целосно му верувам,накој целосно можам да му се доверам,тој знае повеќе тајни за мене отколку мојата најдобра другарка,не би го заменила ама баш за ништо,толку го сакам(напоменувам као другар :!: ) тој е едно битие кое незнам неможам ова да го опишам,едноставно незнам како :*
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Океј ама до одредена граница и нормално на дистанца. Не може да се дружат толку блиско како женските меѓусебе на пример, а да не се појават чувства, а се целовреме заедно! Глупости! Тоа само ако се знаат од мали и ептен, ама ептеееен редок случај само од дружба и никогаш ништо не се појавило меѓу нив. Се на се, не успева тоа.
     
  12. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Ке кажам едно огромно НЕ!
    90% од случаите едниот на другиот му се допаѓа, па подоцна и се заљубува, па искачаат други слични проблеми и на крај или се растураат или прераснуваат во љубов.
    Така да, според мене нема, освен ако другарот не е геј :?:
     
  13. Coco-Chanel

    Coco-Chanel Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Најискрено верувам во такво пријателство затоа што имам многу машки пријатели на кој не им се доверувам толку колку на девојките (се разбира). Сепак јас многу повеке знам за нив одколку тие за мене. Супер е да имаш машко за пријател не е на одмет некој машки совет :lol: (а и нив не им смета некое мало советче од нас) :P
     
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Успеваат ако едниот не е ваш тип. Пример, јас имам неколку другари кои не се мој тип на мажи, со кои не би заминала никогаш, па макар ни на пијано. Тоа ми се такви другари кои би ме држеле на пијано да не паднам, а не да пробаат да ме смотаат позади првото дрво. Или ако машкото ви е братучед.

    Во секоја друга ситуација постои shta bi bi, ako nas dvoje bi ...
     
    На sanjalica и Unfaithful18 им се допаѓа ова.
  15. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    ДА!
    Не гледам на тоа како нешто различно и страшно. Како што имам другарки, така и другари. Поточно еден најдобар другар кој што се издвојува од сите. Со него се знам цел мој живот и знам дека секогаш ќе биде тука покрај мене. На него можам да му ги кажам сите мои тајни и да барам совет, а тој несебично ми се посветува и дели совети од своја машка перспектива. Многу се чудат како можеме вака цел живот да бидеме толку блиски, и секој се сомнева во нешто. Но не! Ние се гушкаме, бакнуваме (да појаснам пријателски во образ) и сакаме најмногу на цел свет и на сите им кажуваме дека сме најдобри пријатели. Да! НАЈДОБРИ. И РАЗЛИЧЕН ПОЛ СМЕ,ОКЕЈ.. А никогаш не сме биле во врска, не сме се мувале, ниту пак гледале еден на друг со такви симпатии. Јас го сакам како другар и машко, а знам дека и тој ме гледа така. Сме ја отвориле оваа тема многу пати, и сме разјасниле дека ние сме само најдобри другари и ништо повеќе и секогаш се зафркаваме дека ако некогаш не најдеме свој партнер, во краен случај ќе се земеме ние и ќе го решиме и тој проблем :lol: А за тоа дека во овие пријателства едниот Мора да биде вљубениот-не се согласувам и ние сме чист пример за тоа! Па сигурно би забележала дали има нешто за сиве овие години. Или пак тој.

    А исто така, во последен период се зближив и со еден мој (наречете го) другар кој што ми е школки, но никогаш не сме биле нешто блиски. Обичен поздрав, површен муабет и толку... Но со него не е исто како со првиов другар. Очигледно ги гледам некогите намери и се трудам да се држам на дистанца, бидејќи на тоа гледам нели како на другар, и да не му давам лажна надеж. Ама тој не ме гледа на пријателски начин, а тоа го забележав по муабетиве кои ми ги прави. Инаку и е бивш на моја најдобра другарка и така всушност летово почнавме да се зближуваме со тоа што го советував да ја избегава бидејќи таа е во нова врска. Очигледно му се допаднало како советувам. :D Сега сите муабети ми ги врти на љубов, ме прашува за мислења, ми дава негови совети како да се однесувам кон машки и сл. Ако продолжи вака, тешко наше пријателство.

    Така да, вистина е дека овие пријателства се многу ретки и сомнителни за поединци.
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Машко-женски пријателства хмм... Па имав најдобар другар 12 години бевме не разделни, ама пред една година си фати женска и сите не заборави. И е толку сменат, што иако ретко се гледаме , крие од девојка му. Чудно. Сепак тој е единствениот што ми останал само другар. Сум имала и двајца 2ца други блиски другари, ама тие не останаа само на другарството, двата после одреден период ми признаа дека ме сакаат повеќе од другарка, па се потрудив да им наместам други девојчиња и се, само за да ме заборават. Сепак и тоа не успеа, па морав да се дистанцирам од двата дури не најдат нова љубов, бидејќи неќам да гледам како ги повредувам што ги гледам и сакам само како другари. Така да сметам дека постои машко-женско пријателство, ама колку повеќе растат толку повеќе има тенденција да станат повеќе од пријатели, освен ако цел живот се знаат и заедно растеле па повеќе се доживуваат еден со друг како брат и сестра, ама не велам не и тогаш има добри шанси тоа пријателство да премини во нешто повеќе или да ослаби да се растури.
     
  17. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    93.900
    Пол:
    Женски
    :inlove: моментално сум заљубена во најдобриот пријател..многу боли..не знам само дали е природно да се случи тоа или јас сум си го дозволола тој луксуз незнаејки да си разграничам некои работи во главата!ни сама не знам како се случи таква голема љубов од пријателство,како во филм ми се деси се..срамота!гуска тешка сум :@
     
  18. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Порано или подоцна ке се појават чувства кај едниот. Можеби од тоа дека сте биле многу блиски, се сте си кажувале, ви се засвиѓало неговото понашање, или размислувања па ви побудило некои чувства. Или обратно, тој за вас, а вие може и не ни размислувате дека може да се случи.
     
  19. anastasija98

    anastasija98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    јас имам најдобар другар се друзиме усте од мали и навистина успева :D
     
  20. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Успеваат !!!
    Имам 2ца најдобри другари и тие мие се веќе 13 години , здрави 13 години !!!
    Ме почитуваат и јас нив , си кажуваме се и сешто незнам зошто велат дека машко-женските пријателства не успеваат ! |(