Јас си имам најдобар другар. Уште од средно..Многу го сакам, и заедно со брат ми го сметам за човек кој е секогаш тука за мене... е сега, мајка ми е убедена дека е заљубен у мене....ама не е...едноставно ми е најдобар пријател, и срекна сум дека ми е дел од животот, дека господ ми го пратил, да ме чува...
Секако дека верувам и се гордеам со моите другари ги имам 3ца.и тоа сме само другари многу ми помагаат и секогаш се тука за мене ..најдобрите совети ми ги даваат..подобри се другари од женските и тоа далеку подобри...позабавни.Можам да си направам саглам муабет.Ги чувствувам како дел од семејството а и тие мене..за разлика од нас девојчињата само бош муабети,озборувања,завидливост (не баш сите). Се гордеам со нив што постојат во мојот живот
Машките другари се многу поискрено, кажуваат совети и од нивниот, машки аспект. Мислам дека немаат задни намери толку како женските и не оговараат, па да те прекажуваат. Во мојот живот имам само два другарки, со едниот често комуницирам, со другиот ретко, ама секогаш можам да си ги кажам маките, многу полесно комуницирам со нив. Често знаат работата да ја завртат на смешки, па поубаво се чувствувам. Со женските другарки не се чувствувам така. Многу пати ми имаат забивано нож во грб и немам доверба. Покрај сестра ми, верувам само на 1 другарка, ама ни двете не знаат се буквално за мене.
Постојат, но ретки се.. и не опстануваат многу долго.. Сепак, ако постојат, треба да се надоградуваат, и да не се дозволи да се растурат, бидејќи навистина вредат..
Не верувам во другарство меѓу мажко и женско, освен ако не се во сродство или така нешто. Сум имал другарки кои се заљувале во мене, неколку од нив. Се имам заљубувано и јас во другарки. И овие другарки што ги имам денес, колку и да сме добри другари, ќе излажам ако кажам дека не ме привлекуваат физички. Така да.... не преферирам другарство со женски.
Не верувам во овие пријателства,бидејќи или успеваат или се многу ретки.Јас имам подобар другар,не сме многу блиски,но му кажувам 85% од мојот живот и он на мене.Исто така имав и друг подобар другар,но завршивме како симпатии.
Според мене постојат машки женски пријателства ама не е тоа тоа како со девојките. Постои дружење и тоа многу ама не можеш се да му кажеш на машкото. Значи другар, ама најдобар другар не
Размислував на оваа тема последниве денови..Според мене,не можам да кажам дека не верувам помеѓу машко-женско пријателство,бидејќи имам најдобар пријател уште од мала,кои ги знае најситните детали за мене. Го гледам како брат,како човек што ме поддржува но што знае и да ме искритикува.Прилично сум сигурна дека и тој ме гледа така,бидејќи никогаш нема покажано нешто повеќе.Сметам дека онаа физичката привлечност што ја зборувате секој ја има во одредено време,на пример кога ќе те види другарот цела дотерана,преубава,не му е сеедно и обратно.Но,таа си е едноставна привлечност,и не би требало да пречи во односот меѓу двајцата.Не значи дека ако он те гледа како убава,згодна девојка одма ќе ти се пушти или проба нешто. Е сеа пример ако постои поголема привлечност и простор за развивање на емоции,тоа е друго.Пак ќе си дадам пример,дека имам другари кои ме привлекувале,но не до таа мера да пробам нешто,па си продолжуваме секој по свој пат и имаме прекрасни дружби..А сум имала и другар во кој сум се заљубила по долгодишно пријателство,па и он ми ги возврати чувствата.ПОсле таков чекор пријателството продолжува во врска,и после како завршува врската така и пријателството. Се е до начинот на кој одбираш да го гледаш другиот.Инаку машките другари се многу скапоцени и сметам дека секоја од нас треба да ги има, поради тоа што се поискрени и позабавни.
Ja veruvam i toa kako! Imam najdobar so koj se znam od gradinka i do den denes sme najdobri drugari, duri pochnavme i brat-sestra da se vikam Ima mn deca sho mislat deka se sakame ili sl. posho sme skoro celo vreme zaedno, ali edinstveno megju nas e bratsko-sestrinska ljubov
Имам вистински другар само еден се познаваме 10 год и меѓу нас нема физичка привлечност, баш сме во коректни другарски односи , се гледаме си кажуваме работи за себе, често оди кај баба му во Белград па и таму сме во контакт , се допишуваме. Знам дека на прв поглед не се за верување ваквите другарства ама ги има иако во мал број
Јас искрено не верувам во машки-женски пријателства.Колку и да тврдат тие што се во таква ситуација не им верувам баш.Мислам дека ако двајца се толку многу добри пријатели и постојано се заедно,делат се и знаат едни за други ама апсолутно се,после некое време,без разлика дали сакале или не,спонтано (само по себе),кај едниот од нив сигурно ќе се појават некакви симпатии.Јас никогаш не сум имала некој толку добар другар (за да можам да тврдам со сигурност,бидејќи секогаш има исклучоци), но сеуште стојам зад своето мислење.
Па најчесто 98% се пријателства каде што женското мисли дека е со другар ама овој само чека и се моли да добие прилика да се фатат и да ја земе за жена. Нажалост приказна која не секогаш има среќен крај ....
Јас искрено подобро се разбирам со машки, после лошото искуство со таканаречените другарки. Двата најдобри пријатели ми беа машки. ..а едниот од нив ми стана дечко. Ама исто функционираме како и претходно. Незапирливо трио сме.
Имам вистински другар само еден и вреди повеќе од 10 женски другарки. се познаваме повеќе и од 10 години и баш добро се сложуваме.
Постојат! Баш е боље да се дружиш со машко отколку со женско! Барем така е за мене, не озборуваат до толку ипоинтересни се.