Да верувам во машко-женските пријателства, но обично сите завршуваат така што едниот ќе се вљуби во другиот и тоа е тоа хаха
Па скоро 90% едниот во другиот се заљубува, но сепак постои машко-женско другарство, еве на пример јас се дружам со еден другар 4 години и ништо не чувствуваме еден спрема друг (барем јас така мислам) а и си го имаме тоа кажано дека сме само другари .
Да не се повторуваме и јас го делам мислењето, со една мала додавка, ние жените знаеме да ја држиме таа дистанца, додека мажите дефинитивно не.
Јас немам ништо против од машко-женските пријателства(бидејќи јас се дружам повеќе со машки).Но секогаш тоа прераснува во љубов,бидејќи поминува повеќе време со неа/него,што повеќе го гледа повеќе и се допаѓа..Зборувам од искуство....
Верувам во машки - женски пријателства.... јас повеќето мое време го поминував со мојте другари одколку со другарките..Некако по доверливи ми се машките одколку женските.....( така беше се додека фатив дечко... потоа се тргнав нагло ) Има и случај каде што од мн дружење и доверување со машко започнува да ми се пушта , но за среќа јас брзо интервенирав и останавме другари...
Верувам во ваков вид на пријателство,бидејќи моите најблиски пријатели се припадници на посилниот пол. Во нив имам голема доверба и не ме разочарале.Со години се дружиме и односите не се промениле,без оглед на нашата љубовна состојба.Не можам да прифатам кога некој е во врска,па поради сугестии од страна на партнерот ги заборава своите пријатели и го губи контактот со нив.Емотивниот партнер навистина ни е потребен,но и за вистинските пријателите треба да има место во нашиот живот. За да успее едно вакво пријателство треба да бидете сигурни во своите пријателски чувства.
ДА! Верувам во ваквите пријателства.. Затоа што јас имам ваков најдобар другар.. Го сакам како брат и најдобар другар во исто време. Можам да му кажам се и да знам дека тоа ќе остане далеку од другите. Тој е единственото машко со кое можам во сред бел ден да излезам ии да се шетам. Или пак знае да ми ѕвони само за да идеме да играме пикадо или да се шетаме. Кога по цел ден ме нема на фб знае да ми ѕвони само за да ме прача зошто ме нема цел ден или само за да ми го слушнел гласот..
Од секогаш сум сакала машко за пријател,но некако многу тешко оди потрагата.Мислам дека сепак како и да е ќе го најдам мојот пријател.Сепак добро е и да имаш и машко за пријател работите ќе ги гледа од друга страна.
постојат до одредено време. Т.е постојат ама кога се премногу блиски цело време да се дружат само они и да си излеват да си муабетат нема шансии да останат до крај. Дефинитивно кај едниот ке се појави нешто. Дефинитивно.
Го имам, генерација сме и среќна сум поради тоа. Не ми прави лице, секогаш е искрен сомене, ми ги дава најдобрите совети и ме вади од каша секогаш. feminele.3 вели дека кај едниот ке се појави нешто и односите ке се расипат. Тоа е и со другарките, незнам колку години си ама еден ден и со другарките ке биде така, ке си испофакаат сите дечковци и ке ти ја турат клоцата, а со другарот е многу поразлично, можиш да разговараш на секакви теми и без да се замараш дали ке го смени мислењето затебе, а да не помисли на тие "теми" дека се многу табу. Зборувам за машко-женско пријателство од мали нозе, таквото секогаш останува. Може и грешка размислувам поради искуството до сега, не сум се разочарала, за ништо не го менувам.
До сега не сум имала добар другар на кој би можела да му кажам се. Сега имам. Прво ми беше онака пријателче со кое се слушавме 3 пати месечно, и тој некогаш ќе дојдеше тука кај нас и ептен онака бевме на шо праеш, шо има, како школо. Но откако најубавиот зимски распуст ми помина со него, го сметам за другар, на ден правиме по 2-3 саата муабет на телефон, останатото време правиме муабет на фејсбук. Му кажувам многу работи, и правиме секакви муабети кои со другарките н можам да ги зборам. Помислата дека сме од различни градови некако ме тера да мислам дека ќе трае уште месец-два, ама камо среќа да сум грешка. Многу си го сакам, и мислам дека постои машко-женско пријателство.
Да не се разбереме погрешно. Значи ја не викам дека нема ама во многу голем број на случаи ваквите пријателства не издржале до крај поради многу блискост. А за тоа од мали нозе се согласувам, подруго е тоа од мал ко се дружиш со некој и го гледаш како другар/брат и само како тоа. А за женските шо да кажам... значи и мене од лично искуство машките ми биле секогаш многу поголеми пријатели и послободна сум била со машки отколку со женски пријателки. Ние жените сме малцее(повеќе) комплицирани и едно нешто ако згрешиш или ако ти згреши,после цел живот ќе ти го памти...
А што кога си свесна дека не те гледаат само како пријателка? Може е малку ван тема Јас си имам машко друштво со кои се дружам од малечка и секогаш сум кажувала дека ги гледам како браќа и значи ужасно ме нервира што двајца од нив она шо би се рекло апла ми се имаат пуштано и јас онака се правам дека се тоа било заебанација а во себе свесна сум дека не е баш така... Понекогаш стварно не знам како да изреагирам што да направам и што да речам а од друга страна не сакам со некого со кого се знам од мали нозе за вакви работи да престанам да се дружам... Дали сте се нашле во ваква ситуација? Како изреагиравте или како би изреагирале?
Верувам во машки-женски пријателства,штета што неможам да имам такво. Но нормално е тоа кога учам со такви кои слепо веруваат дека ако прегрнеш машко вие сте момче и девојка. А сакам да негувам едно такво пријателство.
Во основно и не толку, ама сега во средно сме мешано друштво и во главно многу добро стојам со машките.Имам еден онака ептен другар што ми ги слуша љубовните маки и јадови , ме советува и имаме баш муабет на секоја тема. Инаку многу добро си разграничувам - само искрено пријателство, ништо повеќе од тоа.
Си имам еден другар, и еве веќе добри 10 години се дружиме. Си кажуваме се`, отворени сме еден кон друг, немаме табу теми, излегуваме заедно, и што е најважно, секогаш од него добивам најдобри совети кога се работи за некое машко, а и тој од мене, кога се работи за некоја девојка. Едноставно, ми олеснува во донесувањето на одлуки, бидејќи е искрен, а и советите што ми ги дава се гледани од машка перспектива,па тоа дополнително ми ја олеснува работата, бидејќи машкиве поинаку гледаат на работите, за разлика од девојчињата. Никогаш не сме имале недоразбирања и кавги, ниту било какви наметнувања од моја или од негова страна. Предноста во тоа да се има машки пријател е гоооолема.