Имам и јас ваков другар, еден и единствен кој не ме гледа со можност за нешто повеќе. Не се гледаме често како порано заради обврски,но сеуште се слушаме, си пишуваме на фб . Вакви пријателства постојат иако се ретки, но кај нас веднаш владееат мислења како не не е можно другарство меѓу момче и девојка
Верувам во машко-женските пријателства, сметам дека се многу поискрени од машко-машките и женско-женските, без лицемерие, љубомора и натпреварувања кои често се случуваат во истополовите , АМА мнооооооооогу се ретки оние вистинските, без љубовни искри, one in a million
И јас верувам во машко - женските пријателства, бидејќи имам неколку блиски другари кои ги сметам само за другари и ништо друго. Ми даваат совети за машки и ми олеснуваат ептен Знам дека и многу машко - женски пријателства прераснуваат во љубови подоцна, но сепак има и такви кои си остануваат само другарски
Да,сум за машко-женските пријателства.Зошто да не? Сите сме луѓе на планетава и сите сме од крв и месо Важно е другарството а не машки,женски род.. Имам еден другар шо ми е срцка и не си го оставам и си го сакам како право другарче Си се смееме и си се дружиме
Веρувам во таκви пρијателства, но κога те κледаат со неκое машκо, иаκо сте само пρијатели озбоρувачите ви вадат муабети деκа сте во вρсκа таκа да најчесто машκо- женсκите пρијателства луѓето ги тρетиρаат κаκо вρсκи, неможам да се помиρам со тоа што и во минатото и во денешно вρеме воопшто не можеш да застанеш до машκо и да имаш машκи пρијатели, веднаш те пρават Κ**ва!!!
Нешто во што најмалку верувам е другарство помеѓу машко и женско. Секогаш едниот се заљубува во другиот и тоа е факт, колку и да не сака некој да признае. Тоа е природата и не можеме против тоа. Најдобар другар може да ви биде само машко кое е геј. Најсериозно. Јас не верувам дека ако девојката се дотера, се среди, сите машки подзинуваат кога ќе ја видат, ама само другарот нејзин нема ни да ја погледне. Ахам, да. Тоа ни е природата, спротивностите се привлекуваат. Па уште кога ќе ми каже некоја: Се дружиме, како брат ми е, дури и заедно во ист кревет сме спиеле па ништо. Имав една другарка таква, па на крај во врска беше со тој истиот што викаше дека како брат и' бил, само како брат го гледала. Или: Се имаме мувано порано, ама сега најдобар другар ми е. Или (ова ми е врвот ): Он малку ме свиѓа, ми кажа еднаш, ама јас му реков дека нема шанси и сега си се дружиме и најдобри другари сме, заврши тоа. Е овие работи кога сум била помала сум ги слушнала милион пати од другарки и тогаш сум им зборела ама никој не ми веруваше. Па после сите на крај завршуваа со еден единствен заклучок дека помеѓу машко и женско нема другарство. Кога-тогаш едниот ќе почне да пројавува чувства за другиот. Се покажало и докажало и преку лични мои искуства и преку туѓи. Или се премногу наивни па ќе се разочараат на крај или па имаат некои чувства па сакаат да бидат поблиску до тој што го свиѓаат. Само некако повеќе мислам дека тинејџерите се залетуваат за овие пријателства. Постарите знаат каква е работата па си ставаат граници. Значи, не зборам за нормално во граници другарство. Сум имала такви другари еден куп, во исто друштво, нормално, сме славеле нови години, 1 мај, заедно цело друштво сме излегувале итн, ама, дистанца. Сум имала другари и од клас, исто однос на дистанца, не премногу близок. Во школо смеење, зафркавање и толку. Повеќето ми биле од маало, со кои сум израснала, сме делеле јадење на улица и ден денес секој ден се среќавам на улица со нив кога одам до продавница. Ама и со нив сум била на дистанца. Како и да е, тоа си е сосема друго, јас тука зборам за премногу близок однос. Според мене за некој да можеш да го наречеш "најдобар другар" треба многу повеќе од едно кафе во месецот.
Ако зборуваме за тинејџери каде начинот на кој работат хормоните не ги дозволува чистите погледи, може да се согласам но кај оние созреан разум и искрен пристап кон пријателството, моќта на потсвеста не дозволува ништо повеќе...
Машко-женско пријателство има, јас имам повеќе другари, ама со 2ца сум многу блиска. Од претходно имам случка со едно момче бевме другари, ептен се зближивме, најдобар другар ми стана, гс и ѓаки бевме што се вика Тој на мене ми се свиѓаше, а тој пак ме сакал. И што се случи? Па го засакав и јас него Прво заради карактерот, па потоа останатото. Ама долго време држевме дистанца И на крај по грешка тој дозна дека го сакам
Верувам бидејќи имам другар што се дружиме веќе 10 години и добро се сложуваме. Искачаме заедно, цело врме сме на фб заедно, единствено што ме нервира е тоа што кој и да засвиѓам он почува да го мрази. Не го сваќам тоа навистина. Инаку вака кога ќе не видат заеднички другари сите мислат дека има нешто повеќе од другарство... Инаку се е ок друго.
Мислиш? Абе ми има многу пати текнато на тоа , ама десет години ништо да не ми каже ? аа и глупа ми е самата помисла, како брат ми е. Оффф
Јас мислам дека постои машко-женско пријателстиво. Се дружам со многу машки и рака во оган ставам дека сите ме гледаат само како другарка и ништо повеќе од тоа.
јас мислам дека може но само а почеток после или едниот или другиот се заљубуваат меѓу себе и толку од пријателството
Повеќе ги почитувам машко-женските пријателства отколку женско-женските. Со машко можеш да се посоветуваш, да ти каже и разјасни нешто од машка перспектива, а женското само мислење ќе си кажува. А башка, со машко ќе направиш подлабок муабет од озборување.
Верувам дека може да постои такво пријателство, но многу ретко. Кога бев помала се дружев многу со најдобриот другар на братучед ми. Ептен се зближивме, за него бев сестрата што никогаш ја немал а и јас го гледав само како брат, но за жал после 2-3 години некако патиштата ни се разделија и сега сме само на поздравување. Порано имав потреба од најдобар другар, сега дечко ми ми е и најдобар другар и дечко.