Господ да ми го поживее, тој човек колку ми има помогнато во животот нема никој, да не беше тој во тешки депресии ќе паднев, ми вреди повеќе од скоро сите другарки.
Мислам дека постои. Сепак не е до толку човек на секој чекор да се испозаљубува Шала на страна. Сметам дека ваквите пријателства, гледано од мој женски аспект, се далеку поискрени и помирни, за разлика од имањето другарки. Жени ко жени, кај и да е, ќе се појави љубомора, ќе се напакости некако. Не дека маж тоа не може да го направи, со оглед на тоа какви се денес, но. Мислам дека многу важно е, за ваквото пријателство да постои и опстане, и двајцата да се доволно емоционално развиени и да имаат искуство со жени/мажи. Во моето искуство, важно е машкото да не меша култура и почит, со флертување. Тука секогаш настанува грешката. Ќе помисли дека ако му покажуваш внимание и си секогаш фина, дека мора да го симпатизираш Тоа до некаде е и добра проста логика, ама сепак не е секогаш така Двете работи всушност значително се разликуваат. Исто, важи и за женската страна.
Многуу популарен е изразот френд зоун (friend zone) често се дешава многу добри или најдобри другар и другарка, да се заљубат или едниот или двајцата. Мене тоа ми се има случено за жал беше еднострано, он се затреска во мене ама си кажавме како стојат работите ии останавме пријатели тој виде дека јас го сакам само неговото пријателство.. Верувам во пријателства меѓу мажи и жени и подобри пријатели се мажите отколку женитее се додека не си фатат женска или се женат.. јас имам доста добри машки пријатели и полесно е со нив, а жените шо вели самр стануваат љубоморни или премногу судат..
Има бе како нема. Секој со своето искуство. Во мојот случај првата симпатија што ми беше во основно ми е најдобра другарка. Една ми е таква и доволна ми е. Се си е чисто пријателски. А имав исто така уште една другарка која беше единствена што ја запознав на онлајн игра. Не ми се верува, се дружевме 2 години бевме ептен блиски. Да не бев јас немаше да му се врати на момакот нејзин, ама сега сме само на поздрав кој може и тој да се избегне .. Сешто се дешава ..
да јас верувам имам многу машки другари и не би ни текнало да се заљубам во некој од нив баш се супер, можеш многу работи да дознаеш од нивен аспект и од машката страна
Сметам дека многу се ретки иако постојат.. Зошто не би постоеле? Ако е машко треба сите женски да ги гледа на ист начин? И обратно?
Постои машко-женско пријателство ама многу се ретки истрено мене мибе боље да сум со женско друштво одколку со машко...затоа што ако некое девојче ми се свиѓа може и на другарот да му се свиѓа истата...имав една случка мене и на мој другар ни се свиѓаше едно девојче и другаров од љубомора пошо она со мене правеше моабет а него го игнорираше и вадел моабети за мене...затоа боље ми е со женскондруштво да сум одколку машко
Не не ме свати рандом девојче што сум сакал да ја запознаам а и другарот ја свиѓаше...пошто не ми успеа кај девојчето за повеќе ете ми стана добра другарка
Да, постојат. И ќе постојат машко женски пријателства.. ....сѐ додека кај некои од нив не се роди љубов
Еве јас да ви кажам до пред некое време не верував дека постои машко-женско пријателство/другарство, се додека не запознав една многу добра женска личност која е исто така членка тука во фемина и всушност од тука и ја запознав, па еве сега најдобра другарка ми стана и сега нон стоп се дружиме и си правиме секакви муабети..
Прочитавме и во другите 5 теми. Страшно, си запознал женска од фемина. Пола фемина се испоеба на тајно, ти за едно запознавање. Постојат секакви пријателства. Кога идеш со некој на пријателска дружба одма му гледаш во гаќи што има?
Зошто би имал таква причина да гледам што има во гаќи? Не гледам таква причина. Значи човек не може да си каже нешто што му лежи на душа, а вие одма го напаѓате со некои чудни и нападливи зборови, а што ми е гајле па на крај краева другите што се испоебале таму?